Значи каква мизерија сме, се ФИРОМизиравме на свој терен!

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Тешко дека ќе бидеме повторно Фиром мислам дека и на форумов има доста попознати личности кои го читаат ова исто така и од партиите :)

Во Европската Ракомента Организација ако сме примени како FYROM тогаш нормално дека и на ова ЕП доделено од истата ке бидеме запишани со таа '' привремена '' референца.
И Евровизија утре да организираме, пак ке бидеме напишани како FYROM, проблемот е што не се изврши некој одреден притисок до EHF, најверојатно уплашени од оноа,'' кај ви дозволивме да организирате, уште и ке условувате '', а можевме, и онака Грција не учествува . :toe:
 
да не го заборавиме таткото на фиром :drk:

Во право си, али кога ке ми текне на нивната алтернатива тој период, човекот кој моментално живее во Бугарија и кој кај В.Е. во '' Центар '' пред пола година се смееше на македончето и се чудеше како тоа ние не можеме да прифатиме име како Северна Македонија или Горна Македонија, споредувајки не со Северна Ирска . Ние сме осудени од двете да не го одбереме полошото, глупо е зборот '' добро '' да го ставаш за било која страна . :toe:
 
Еј сеа, на кого да бидеме благодарни што таму пишуе Macedonia? На покровителот или.... ?
 
Еј сеа, на кого да бидеме благодарни што таму пишуе Macedonia? На покровителот или.... ?

На мене, што ја напишав темава, па некој од EHF ја видел и ја поправил
и напишал Macedonia.:tv:
П.С Ајде и јас да видам како е да сум популист...веднаш видов дека не е убаво.
 
Ракометарките се сместени во „коњски штали“

Макфакс
prazno.gif
prazno.gif
04.12.2008
rakomet-srbija-ep08.jpg
Српските ракометарки незадоволни од сместувањето
Сериозни забелешки за организацијата на Европското првенство во ракомет за жени во Македонија упати Српската ракометна федерација, посочувајќи дека замерки на организацијата има и Европската федерација.
„Не е лесно да се организира Европско првенство, особено кога во прашање е инфраструктурата... кога објектите и искуството на луѓето кои го работат тоа, не е доволно. Значи, домаќинот се потрудил да направи се, но, разговарав со некои луѓе од ЕХФ, кои изнесоа низа забелешки на сметка на организаторите“, изјави генералниот секретар на Ракометната федерација на Србија Божидар Ѓурковиќ.
Тој наведе дека српската репрезентација имала проблеми со транспортот и не била задоволна од квалитетот на сместувањето.
„Првиот ден на секое првенство секогаш е тежок. Тоа подоцна ќе функционира подобро. Мислам дека до крајот не би требало да има проблеми’, изјави Ѓурковиќ.
Потпретседателката на РФС Милена Дечиќ наведе дека во хотелот „Континентал“ каде се сместени сите репрезентации, кои натпревари играат во Скопје, немаат сите ист третман.

„Во прашање доведен мечот Србија и Хрватска“
„Само два ката од хотелот се реновирани и таму се сместени Данска и Норвешка, и тоа, наводно, затоа што најрано извршиле резервација“, изјави Делиќ.
Таа додаде дека генералниот секретар на ЕХФ Михаел Видерер изнел многу забелешки на сметка на организаторите.
„Забелешките се од тоа дека во Охрид нема интернет до слабата посетеност на натпреварите. Видерер е разочаран од организацијата, бидејќи европските првенства досега секогаш „оделе напред“ во секој поглед, а дека тоа со Македонија не е случај“, изјави Делиќ.
Сериозни критики за организацијата изнесе и директорот на српската репрезентација Радосав Шљиванчанин, кој изјави дека во прашање било доведено и одигрувањето на премиерниот меч на Европското првенство меѓу Србија и Хрватска.
„За нашиот прв натпревар, организаторите сакаа да го променат распоредот. Требаше да излеземе на загревање, па да направиме пауза од 15 минути поради церемонијата на отворањето, а потоа ракометарките да продолжат со загревање. Се договоривме со хрватската делегација во таков случај да не играме. Тогаш интервенираше ЕХФ и го смени терминот на церемонијата“, изјави Шљиванчанин.



Според него, сликата во Скопје е дека ракометот се игра само поради луѓето од ЕХФ кои се сместени во луксузни хотели, во близина на салите каде се играат натпреварите, додека ракометарките се сместени во „коњски штали“.
„Ова е на најниско ниво. Тоа се гледа и по ходниците во салата. На последното Европско првенство во Шведска се се знаеше - каде може екипите, каде можат новинарите, каде другите. Овде влегуваат келнери, столари, сите шетаат каде што сакаат“, изјави Шљиванчанин.
http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=101112

Комшиите се жалат.Месаја беше ли да ги храбриш?
 
На мене, што ја напишав темава, па некој од EHF ја видел и ја поправил
и напишал Macedonia.:tv:
П.С Ајде и јас да видам како е да сум популист...веднаш видов дека не е убаво.

Ја сум сигурен у тоа. Како и да е секоја чест, се глеа дека си се потрудил :smir:
 
На мене, што ја напишав темава, па некој од EHF ја видел и ја поправил
и напишал Macedonia.:tv:
П.С Ајде и јас да видам како е да сум популист...веднаш видов дека не е убаво.

Поткрепено со слика, браво за тебе ако ништо друго знај дека имаш некаков удел во исправањето на грешката (срамот) што ни го направија
 

Attachments

  • makedonija.jpg
    makedonija.jpg
    43,8 KB · Прегледи: 6
На мене, што ја напишав темава, па некој од EHF ја видел и ја поправил
и напишал Macedonia.:tv:
П.С Ајде и јас да видам како е да сум популист...веднаш видов дека не е убаво.

секоја чест.
Вакви луѓе ни требат нас на Македонците.
Алал да ти е.
 
Тешко дека ќе бидеме повторно Фиром мислам дека и на форумов има доста попознати личности кои го читаат ова исто така и од партиите :)

Како сега можеа да не пишат како што треба Macedonia гледате дека сепак некој гледа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom