Види, дечките се млади, можеби им треба повеќе време да се истренираат за стенд ап. Можеби некои луѓе мислат дека не се смешни и не ги бива за стенд ап. Легитимно. Тука не се мешам, бидејќи мислењето е формирано врз основа на тоа што го виделе на телевизија.
Ама не може некој да ми вели дека не ги бивало за глумци затоа што синхронизирале турски серии во ситуација кога речиси сите глумци го прават истото. И тоа е жалосно и е пораз. Пораз е што воопшто се даваат тие бљувотини на телевизија.

Не знам како е можно да се оформи мислење за нечија глума, ако човек не отишол да погледне некоја претстава со личностите за кои тврди дека не ги бивало.

Инаку „Стујардеси“ уште ја немам гледано. Кога и да отидам нема карти.

Еднаш отидов 3 недели пред претставата и картите беа распродадени.