Ух, такви случи имам колку ти душа сака.
Бев седмо одделение и не знаев ништо во врска со автобусиве.

Отидов до Центар, со другарки. Надвор 40+ степени, доаѓа еден стар државен автобус, крца, нема игла кај да се фрли внатре. И сеа доаѓа the moment of the truth... Шумеча за првпат у живот, да куцне карта у државен автобус.

Купувам карта и само ја гледам онака тужно. Кај да те турам сеа? Ај, ќе те вртам од сите страни, па кај влезеш - влезеш.

Сум го зграпчила тоа жутоно машинче - не го пуштам. Нејќе да влезе за жива глава картичето, не го прима!

Го свртев од сите можни страни, дури почнав да го превиткувам на половина и на косо го вртев, за така да го прими - од кај да знам што финта има?

Тука веќе почнав да осеќам како сите ѕверат у мене. А и колоната од надвор што сакаше да влезе у автобус знаев дека у себе цела фамилијарна лоза ми ја пцуе.

Ме чекаат сите ко Нова година у февруари, разбираш.

Цела засрамена, со сила го бутам тоа глупоно картиче - не бре, нејќе! Наната чивша...

И тука веќе можете да замислите... Станува шоферот (му се споиле жичките у глава највероватно) : Добро бе девојче, првпат ли влегуваш во автобус?

И он го куцна картичето!! Мислам, АЛЕЛУЈА, му текна!

Јас со наведната глава, пробувам да се протнам низ тоа гужвата за никад више у живот да не го видам шоферот!!! И ете го овој по мене: - Алоооо, а картава? На мене ми ја остави?

Тоа ми било најдолгото возење во автобус, in my whole life! Цел автобус зјапаше у мене, 9 е*ани глупи автобуски станици.

Идам дома и сестра ми ме просветлува, дека на картичето имало стрелка.
’Бем ти и автобуси и све.
Бев петто одделение, и имавме физичко час со осмоодделенците. Демек со големите.

И баш тој час, најдоа да не' оценуваат, за одење по греда. Мислам, брао! Имав гаден предосеќај дека ова е мојата шанса, да ги прикажам моите „вештини“.
Дека бев меѓу првите у дневник, ај да скршам мраз.

Дигам една нога, дигам другата, правам уште два чекори и - ТРАС доле!

И сеа наместо махинално да се тргнам од доле, ја со гредата меѓу нозе, се вратам од сите страни, да видам дали некој ме видел!
Среќа што сум женско... иначе мислам дека ќе имав фатални последици.
