Зини земјо, голтни ме!

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Колку пати ми се има случено ова...

Еднаш кога бев мал шетав во град со мајка ми и тетка ми.И шетавме и тетка ми ми вика ај ќе те честам сладолед.Мајка ми замина понапред купуваше некоја книга, а јас и тетка ми бевме назад.И одам напред и забележав една жена слична на мајка ми и онака трчање и и се обесив и викам мамо ајде да одиме тета ќе чести сладолед.Кога видов не беше жената...срам, бруки, после ме зафркаваа, пак се сретнавме со таа жена, а јас се криев.Зини земјо голтни ме.

И во 8мо одделение на физичко игравме фудбал и топката беше кај мене и ми викаат ајде влечи.Тргнувам јас и следен чекор и се сопнав и на земја цел лом се направив.И ден денес ме зафркаваат за тоа.Играме фудбал и секогаш ми викаат ајде тргај, само не влечи мака имаш од тоа ти:pos:
 
Гарант сум имал такви доживувања... Со тоа што еден период секој ден ми беше таков, па не помнам сега некој конкретен настан...
 
Maл милион пати... Магнет сум за вакви глупости. :icon_lol:

Еднаш, при брканица по спратот со другарче, пошто он имаше мокар сунѓер во раце, како што бев залетана, и таман да ја одбегнам професорката, некако безвезно закочив, се акнав во вратата, од позади неа некој друг ја бутна, значи и мене сосе неа, внатре лудаците пробувале да видат колку души можат еден врз друг да легнат, во меѓувреме другарчето со сунѓерот завршил врз нив, и на крај и мене ме бутнаа одозгора, али така моронски што раката ми заврши на незгодно место кај истиот ми другар, во пределот на нечии нозе, т.е. меѓу нив. :pos:

После... Прииии одговарање биологија доживеав еден резил, aма ова беше јавно, и на табла, и орга(ни)зам беше целата финта, само што ми кажаа отпосле, не сфатив сама што трескам. :pos: Ништо де, нареден час и` се извинив. :) Ама уште ми е смешно кога ќе ми текне. Па се убија смеење и еден не најде за сходно да ми каже на лице место бе! Педери. :pos::pos::pos: Ваљда бев у тој фазон тогаш, што знам. Превише сум се едуцирала. :pos:

Mногу имам бе... Од џиткање кондом назачки (низ прозор сакав, не планирав врз некој) + "чоколатце беше, проф." изјава (и наредна секунда ми се газат од смеење сите присутни), до изигравање газда на клупа во момент кога влегува директор(ка)., до грешење клас/кола/канцеларија, до шетање со откопчана кошула, за да влезам во продавница и таму да ми кажат, до паѓање од на ушка, до... Ќе се заборавам. :icon_lol:

И ми стојат црвени образи бе. :icon_cool :icon_lol:
 
па од цело дружтво јас највеќе се брукам,не дека мн ми е гајле ама пак..
:kesa:
еднаш спиеме кај една другарка(она сама дома па џумбус се праи) и јас случајно(добро де ме наместија) со еден другар се паднав да спијам и се беше ок,ама сабајлето сите станување и доаѓаат во собата кај што спиевме и детево уз муабет ми вика абе да не хрчев синоќа?ама кај можам јас да дочекам да ја доврши реченицата и му викам
не бе...(збунетост...молк...)многу беше добар..:kesa:
сите се прснаа од смеење,ама ок и јас си праев заебанции.
најмногу се брукам кога има повеќе алкохол у мене,еее тогаш си кажувам буквално се...и шо мислам и шо не мислам...не бирам зборови и највеќе криви дрини исправувам...сеуште не ми кажале се детално шо се деси последниов пат,ама доволно беше и делумното да пропаднам
 
:helou:На час по македонски ,учевме граматика и наставничката прочита ,Брод је био дупке пун, што вели писателот ?а јас како од пушка бродот бил полн со дупки , и ден денес ми е срам кога ќе се сетам на таа епизода .:smir:
 
Една вечер седевме кај еден другар стана збор за едно дете, и јас додека да окопчам за кого се прави муабет така гласно реков: Кое бе, она со кривата глава? а заборавив дека oд пред неколку дена оди со девојката што седеше до мене.
Бруки! Ама не ми е гајле, не лажев ништо. :)
 
Ова најтазе беше... Се враќам од на плажа и едно дете ми се виде ко еден шо го знам.
И ваква целата се навалив накај него и се џарам во него се џарам... А тој ме гледат и се збуна. И ко се приближи глеам не бил тој.
И му прам на братов демек - Извини, се препознав. Ко ми удри едно смеење не знаев кај да се свртам. :helou:
 
Мене ми се има десено од многу пиво да ми се примоча и земав на кола да мочам а другариве се смеат и си се закопчуем ја најнормално и идам накај нив со фаца “шо ви е бе будали?“ а они ми покажуваат внатре една типка околу дваесетина години седи у колата и онаква цела УАТ Д ФАК! А баш на таа врата мочав ја кај шо седеше она... као ли не ја видов... ама ме боли кур они ми зборат и ја онаков.. е добро де шо? И овие па и се измоча на врата... И? :) Коа ќе се обрукам јадам гомна и за себе, коа некој ќе се обрука му го вадам низ нос.. :)
 
Ред Девил напиша:
Ехх... сега ми дојде на памет една случка...
Правев муабет со едно девојче и почнав да кажам вицови за полицајци. И кажувам, кажувам, кажувам, гледам таа не се смее. После некоја минута ми кажа дека татко и бил полицаец. Колку само се посрамив и пропаднав во земја, не можам ни да објаснам.
:pos2::pos2::pos2::pos2:
имало и ја некогаш кога сум си помислил зини семјо голтниме ама сеа не ми текнува
 
Леле, каоко ми се нема случено бре!
За оговарање си се пазам, рака на срце а и љубам да трачарам само со уште две-три другарко мили ем драги и тоа во опуштена , безбедна атмосфера! Ама затоа запаѓам во многу незгодни ситуации од кои ми се зарумениле обравчињата...
Лани, недела чинам беше! Не само што беше ден пред испит ами и ден кога студентите од провинција располагаат со најмногу кеш, зашто само што ги домкнале торбиците полни ајвар од дома! Нејсе, така и јас! Распакував теглите и кифличките и да ме нема на шлаење низ град со цимерката! Се шибнавме во Рамстор и горе, е сега да се убијам не ми текнува како се викаше бутикот на 2ри спрат до Милениум што е, дем ит, си видов една маичка, ама ептен меракот ми го напраи! Си влегов фино лепо, поглед на лево поглед на десно, додека да најдам М, S, та де црна де маслинеста дојде време да затворат! Се пикнав набрзина да ја пробам, ама таа пустата многу дупки имаше! Една огромна на грб, и местото каде што треба рацете да бидат беа две големи дупки! Сеху маичка, нема збор, но работата беше шо под тоа дупките имаше уште една прикачена за оваа со дупките со тоа безбедносниот уред! Јас врти се, туфкај се во тоа клаустрофобичното гардеробиче, кога се испозаглавив во тоа дупките, еден ракав на грб, друг ми виснал, главата во дупката за грбот, ни облечи ни слечи работава! И шо ќе праам неможам таква да се појавам и титкам на Ивана да дојде да ме соблече! Дојде милата се средив ама добив две предупредувања од накурчената продавачка дека веќе е време да фаќам патот!
Излегувам, затрчана да платам! На каса ако памтите вие понежните имаше еден батко црнец! Јас вадам пари малиов очи не трга од градниот ми кош! Си викам аман, знам дека зелената маичка со точки ми беше прилично одгрлена ама јас не сум некоја екстра дојчиновска мајку му, за во истиот момент да погледнам надоле и сватам дека едната дојка ми се подала и тукуречи излегла не само од маичката ами и од градникот:vozbud:Холи шит, си викам! Џизс Крајст...
Па уште се праам дрска и мртва ладна го погледнувам и ја враќам кај шо и е местото, во удобното лежиште! Плаќам и цело време во очи го гледам батково, демек него да му стане незгодно шо зјапал толку приметливо а уствари ми се иде како Том(и Џери)да се стопам од касата!:pos:

Има уште неколку вакви незгодни случки по скопските бутици, ама мислам дека многу нашироко објаснувам, па ќе ги споделам сам адер тајм!:salut:
 
Мене лично неможе да ми текне....ама еве една случка на вујна ми

Имала некој другар албанец со кој многу добро стоела и воедно бил фризер....И така она еднаш отишла да се шиша и седнала на стол ја спремиле и оваа рекла...леле Цуки шишај ме побрзо глеј ме каква сум како була....и после тоа се сетила дека он е албанец и не тоишла веке кај него...:kesa::pos2:
 
Е, и ја сум тежок киксер и невиден баксуз. Пред 2-3 години, еден другар стави сателитска. И еден ден, јас, сателитска другарот, уште еден другар и двајца школски ќе идеме да видеме шо сателитска е. (уствари, да видеме шо порно канали се:)) И пуштиме на една и пред да почнат, ебачот што е ми се виде нешто смешно облечен, и им викам: - Е, видете го типо! А многу јасно, овие сал тоа чекаа и одма: - У типо ли гледаш, бе, и т н. А јас пошто сам си се заебав, само си ќутев, оти неам аргументи а се бранам. Лошото е, шо и ден - денес ме дупчат за тоа.
 
Кога во животот највеќе сте се засрамиле? Во која ситуација сте се чувствувале најзасрамен/а
 
Кога во животот највеќе сте се засрамиле? Во која ситуација сте се чувствувале најзасрамен/а
Видиш земљак,на Кајганава имаме една традиција,а таа е постирачот прв да пише искуство :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom