Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
4bb5018ccc.jpg

Французинот Џејсон Леми Шапуи го освои златото во нордиска комбинација, во дисциплина која се состои од еден скок од 95 метарска скокалница, и 10 километри скијачко трчање. Американецот Џони Спилани го освои среброто, а италијанецот Алесандро Питин бронзата.

012d11e930.jpg

Чешката натпреварувачка Мартина Сабликова го освои златниот медал во брзо лизгање на 3000 метри. Среброто и припадна на германската натпреварувачка Стефани Бекерт, а бронзата на домашната натпреварувачка, Кристин Грувс.

4ea315dcd4.jpg

Германскиот санкач, Феликс Лох го освои златниот медал, и стана најмладиот олимписки првак во санкање. Сребрениот медал му припадна на неговиот сонародник и двоен победник, Давид Милер, додека бронзата отиде кај италијанецот Армин Зоглер.

2819d27fa6.jpg

Александар Билодо им го донесе првиот златен медал на канаѓаните, во дисциплината слободно скијање. Сребрениот медал го освои бранителот на титулата, австралијанецот Дел-Бег Смит, а бронзата кај американецот Брајан Вилсон.

Одложениот спуст во машка конкуренција кој требаше да биде на програмата во сабота, ќе се одржи денеска во 19:30 часот.
 
Денеска очекувам интересен спуст во 19.30.Како најискусен иако во Светскот куп не покажува дека е,најголем фаворит го сметам Боде Милер.Валховер е прв во Ск на 2 трки до крајот.Но има уште многумина кои можат да изнендадат меѓу кои е и Канаѓанецот Мануел Озборн Парадис.
 
Овие од МТВ да ги запали човек, што ако се покасно Игрите, не значи дека сите спијат. :tapp:
 
Пуштете Еуроспорт бе, господ да ве види. 24 часа пренесуваат олимпијада, од 5,6 поручек, па се до сабајле даваат се во живо, а еве сега гледам реприза даваат од спринтот на 10 километри, хрватите кога го освоија првиот медал на олимпијадата.

Овие МТВ колку што гледам најчесто пренесуваат скијачки дисциплини, а тоа ни е нам веќе познато, затоа што пред да почне олимпијадава телевизиите беа преплавени од такви настани. Нека даваат нешто што не е толку атрактивно во нашава земја, санкање на пример, такви работи, да види народов нешто друго, не само скијање па скијање. :tapp:
 
За тоа се стручни само коментаторите, скијање и ски скокови, зошто колку толку познат е спортот, ако знаат еден од тие што се натпреваруваат во скелетон, брзо лизгање, биатлон глава сечам. Се поребацив и јас да гледам на Еуроспорт, ама ако веќе толку се издигнуваат дека ќе пренесуваат Игри, барем нека го прават тоа како што треба. Слушнав од некаде дека и отворањето за малку немале да го пренесуваат поради проблеми, нестручност до немај каде :tapp:
 
Спустот ќе биде интересен денес, се надевам дека Валхофер ќе тепа.:icon_lol:

Туку имате табела како се медалите досега, која нација колку има?:ger:
 
Боби[Мкд];3314797 напиша:
Спустот ќе биде интересен денес, се надевам дека Валхофер ќе тепа.:icon_lol:

Туку имате табела како се медалите досега, која нација колку има?:ger:

33049pk.jpg
 
Во колку е спустот ?

А за муабетот со МТВ незнам зошто воопшто гледате на тој канал. Еднаш пробав да гледам и по 15 мин се откажав. Ај тоа што селектвино ја пренесват олимпијадата, туку од нивната "стручност" ми се повраќа. Адам Малиш во лоша форма бил, а Симон Аман имал среќен скок ;/ Каков е тој среќен скок уште не ми е јасно:tapp:
 
Спустот во 19:30, и хрт2 ги пренесува сите наптреварувања во живо освен хокеј.:)
 
Македонската натпреварувачка Росана Кироска вечерва во 19 часот ќе стартува во трката 10 километри слободно. Во 21:30 часот ќе стартува и македонскиот нордиец Дарко Дамјановски во трката 15 километри слободно.
 
Знае некој уметничкото лизгање поединци, мажи и жени коа почнува.

Сношка гледав двојки, нешо Кинезите се занешаваат... Ајмо РУСИИИ...

Башка ја има некој агендата, што кога ќе се случува/одржува?
 
Знае некој уметничкото лизгање поединци, мажи и жени коа почнува.

Сношка гледав двојки, нешо Кинезите се занешаваат... Ајмо РУСИИИ...

Башка ја има некој агендата, што кога ќе се случува/одржува?

http://www.vancouver2010.com/olympic-schedule-results/

Часовите се по локално време во Ванкувер, сеа рачунај ти ние сме 8 часа понапред.:wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom