Монети од Алексндар и Филип во Пиринска Македонија
"Македонија е меѓу првите земји во светот која вовела своја монета како платежно средство, повеке од три века пред Христа. Во Пиринска Македонија се познати најмалку 100 антички градови и други антички населби и објекти кои постоеле многу векови пред Христа. Пронајдените монети во Пиринска Македонија, што се ковани од Александар и татко му Филип, ја потврдуваат силата и моќта, како и тоа дека Македонија била лулка на цивилизацијата.
На древните монети се гледа како на вистински и многу ценети споменици на културата. Со претставените личности и симболи од двете страни, тие се вистински примероци на уметноста, зашто преку нив е одразен степенот на развиеноста на културата и економијата низ вековите. Одамна лугето ја почувствувале потребата да обезбедат средства кои ке им служат во трговијата. До појавувањето на првите монети, како средство за плаќање се користеле домашните животни - коњи (ХА), говеда, овци, а покрај нив и земјоделски алатки и парциња од метал.
Македонија е меѓу првите земји во светот која вовела своја монета како платежно средство, повеке од три века пред Христа. Тоа се потврдува со многу монети ковани од македонските цареви кои се наоѓаат не само во денешните граници на Македонија, туку и во земјите каде се простирала старата дрзава, како и во соседните држави. Во тоа не е исклучок и Пиринска Македонија.
Во Пиринска Македонија се познати најмалку 100 антички градови и други антички населби и објекти кои постоеле многу векови пред Христа. Да си припомнеме дека во долината на реката Стримон (Струма) бил основан и првиот град на Александар III Македонски - Александрија. Тука биле и познатите градови Петра кај Петрич, Десудавма кај Сандански, Неине кај село Долна Градешница, Крупа кај село Крупник, Скаптопара кај Благоевград, Никопорис ад Нестум во долината на реката Нестос (Струма) и други.
Во Пиринска Македонија биле уште Јамфорина, Бине, Гареск, Калиполис, Ортополис, а антички населби со неидентификувани имиња имало кај Катунци, Дзигурово, Кулата, Петрово, Палат, Илинденци, Цапарево, Разлог, Грмен и уште кај многу, многу други населби.
Во нивните урнатини и денес често може да се најдат монети изработени од бронза или благороден метал, ковани од македонски цареви, кои биле користени како платежно средство во целата македонска држава.
Меѓу царевите во Македонија, кои ковале монети што се користеле во Пиринска Македонија се Филип II и неговиот син Александар III Македонски.
Интересно е да се забележи дека тие ковани монети биле платежно средство на целиот Балкански Полуостров. Златните монети на Филип II (статери) на предната страна ја имале главата на Аполон со ловоров венец, а на задната страна момче во двоколка што галопира. На сребрените тетрадрахми, пак, е претставена главата на богот Зевс, а на задната страна е самиот Филип II на коњ како победник. На други монети е претставено голо момче на коњ во од надесно. И двата вида монети се однесуваат на победата на царот на коњските трки во Олимпија.
Од злато, сребро и бронза ги ковал монетите и Александар. Трите видови монети се користени на речиси целиот Балканскиот Полуостров. На предната страна од златните монети е претставена божицата Атина, а на задната страна бозицата Нике. На тетрадрахмите ја има главата на херојот Херакле, а на задната страна е богот Зевс. Монетите на Филип и Александар се моделирани со големо мајсторство. Особено впечатлив е ликот на Филип. Неговото лице е со кратко потстрижена брада и мустаки, како што било вообичаено за Македонците во тоа време.
На илустрациите се претставени некои од монетите на Филип. Едната е златен статер, кој од предната страна ја има главата на Аполон со ловоров венец, надесно. На задната страна има момче во двоколка што галопира надесно.
На тетрадрахмата, пак, е изгравирана главата на Зевс со ловоров венец, надесно. Тука има и круг од зрнца. На задната страна е самиот Филип на коњ со од налево. На грбот му се спушта наметка. Десната рака е дигната во заповедувачки гест. Под стомакот на коњот е изгравирано сонце со 9 зраци.
Пронајдена е и тетрадрахма на Филип која на предната страна ја има главата на Зевс, а на задната момче на коњ кое во десната рака држи палмово гранче, а под стомакот на коњот има завиткана змија и беотијски штит под дигнатата предна нога. Пронајдени се тетрадрахми и со варваризиран лик на Зевс на предната страна и со ликот на Филип на задната.
Мошне се интересни и монетите на Александар. На тетрадрахмите задната страна е со главата на Атина со коринтски шлем украсен со змија, а на предната е изгравирана главата на Александар со тенија и рог на овен, надесно. На друга тетрадрахма на предната страна стои главата на Херакле покриена со кожа од глава на лав. На задната страна е Зевс на престол со поглед налево. Во десната рака држи орел, а со левата се потпира на жезол. На десната страна стои натписот АЛЕКСАНДАР.
Покрај Филип II и неговиот син Александар, монети ковале и македонските цареви Филип III, Деметриј, Филип В, Персеј и други. Имитација на александровите монети ковал и келтскиот цар Ковар кој имал држава во Тракија чија престолнина бил градот Тиле. Пронајдените монети, ковани од Филип II и Александар III, како и од другите македонски цареви, се потврда за високо развиената култура на Македонија. А, како почит кон големите дела на Александар Македонски монети од злато, сребро и бронза ковал и Лизимах (323-281 година пред Христа). Досега пронајдените тетрадрахми и статери на Лизимах се од ист вид. На предната страна е претставена главата на Александар со рог од овен. На тој начин царот е претставен и како египетскиот бог Амон. На тетрадрахмите главата на царот е претставена со поглед нагоре, а цртите на лицето се прикажани реалистично. На задната страна е моделирана божицата Атина со длабок релјеф.
Пронајдените монети во Пиринска Македонија, што се ковани од Александар и татко му Филип, како и од другите македонски цареви, сега претставуваат историски споменици. Тие ја потврдуваат силата и моќта, како и тоа дека Македонија била лулка на цивилизацијата во тоа време за сите познати држави и народи.