Животот и подвизите на Александар Македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
На врвот на својата моќ на Балканот, пред убиството на Филип кога Македонија го завзема најголемиот дел на Балканскиот полуостров, нели е малку индикативно дека тој војува само со на запад т.н. Илири и тоа не могу со нив, колку што војува на југ од Тесалија па надоле со шљамов, т.е. античките сељаци т.н. Грци затоа што по се изгледа тие не се групата на овие другиве народи. Непостојат толку битки затоа што тој ја држи пола Србија, цела Бугарија, мислам и дел од Црна Гора. Таму како да нема војна. Како никој да не окупирал ништо. А ваму правел партали.

И за јазикот сите треба да сватат дека тогаш грчкиот бил како потоа латинскиот, па францускиот, па англискиот т.н. лингва франка. Па колку ли го само анатемисуваа и го прогласуваа Моцарт за еретик затоа што почнал да мрда и пишувал опери на новиот германски наместо на стариот латински. Како ли му се смееле, а сега. А писмото од Винча во србија, кое што е по многу нешта слично со нашите писма и изрази. Не е историјата егзактна наука, као што на Њутн му падна јабуката па му текна. Капиши...
 
ако МАНУ не ги објавува научните факти за ант. македонски тоа не значи дека сме глупи и дека неможеме да дојдеме до податоци .
на сертофагот на Клеопатра на старо македонски е напишано дека е македонка .
а што се однесува за данајците , јазикот им потекнува од старо македонскиот ,кој дури во 16 век бил забранет за употреба од ватикан.
историјата посочува дека Аце зборувал и пишувал на македонски , истото писмо го користеле и илирите кои со доаѓањето на цезарите почнуваат да го користат латинскиот кој исто така потекнува од старо македонскиот и некои други....(мешавина).
на Аце таткото македонец - официјален став , па од каде тој данаец ?
 
Историјата на Аргеадите - првата македонска кралска династија која владеела со македонското кралство речиси половина милениум, е книга за најстарата историја и за посебноста на античките Македонци. Тоа е периодот од создавањето на државата - на крајот на 8 век од старата ера, се до смртта на Александар Трети Македонски, Велики (323 година, стара ера).
За периодот на Аргеадите има најмалку литература, за разлика од времето на Филип Втори и Александар Трети, кои се вклучени во секоја историја на Хелените.
Сепак, благодарение, пред се, на археолошките, епиграфските и на нумизматичките изучувања, особено по откривањето на кралските гробници во Вергина (Кутлеш кај Ајга), последниве години изучувањата доживеаја своевиден процут, дискусии меѓу научниците, и тоа во прв ред за прашањето на етничката припадност.
Така прашањето за етничката припадност стана едно од најисполитизараните прашања во историската наука.
Оваа тема, како и останатите сфери околу уредувањето, религијата, институциите, културата и уметноста на Аргеадите, области кои досега беа занемарувани, се обработени во "Историјата на Агреадите" од проф. д-р Наде Проева, како прво историографско дело кај нас со детаљно и целосно прикажана историја на првата македонска кралска династија.
Проева вели дека од почетокот на изучувањата, ова прашање е погрешно поставено во методолошка смисла. Наместо да се одговара на прашањето: "Што биле античките Македонци?", било поставено прашањето: "Дали античките Македонци биле Хелени?". Овој манир на современата историја довел до тоа античките Македонци долго време да се изучуваат како дел од хеленската историја. На пример, покрај тоа што во периодот од 338-та хеленските полиси потпаднале под македонска власт, нивната историја се уште се проучува во рамките на хеленската историја.
Податоците кај античките автори велат (Плутарх, на пр.) дека Хелените до крајот ја чувствувале власта на Македонците како нешто туѓо и надворешно.
Битката кај Хајронеја била пропаст за Хелените, вели друг извор кој додава дека по смртта на Александар Трети не бил кренат ниту еден бунт во Азија, а се побуниле само Хелените кои без нивна волја биле населени во Хиндикуш.
Карактеристично е што во хеленските извори, покрај тоа што Македонците јасно се обележуваат со нивното етничко име, тие постојано се обележувани и како барбари.
Најдоследен е Демостен кој во сите напади против Филип 2 велел: "Тој не само што не е Хелен ниту, пак, има нешто хеленско туку е барбарин од земја за која не би можел нешто убаво да кажеш, еден никаков Македонец, од земја од која човек порано ни роб не би купил" (Демостен, Трета Филипика, 31).
Во врска со потеклото на македонската кралска куќа, изворите велат дека,
начелно, тие го признавале нејзиното хеленско потекло. Тоа го правеле како ќе им одговарало, за што говори и Херодот во епизодата за учеството на Александар Први Филхен на Олимписките игри:
"Кога Александар сакал да се натпреварува и кога слегол таму, оние Хелени кои требало да се натпреваруваат во трчање, не му допуштиле да учествува,
велејќи дека натпреварот не е за натпреварувачи барбари туку за Хелени. Кога Александар изјавил дека е Аргеец, му било признато дека е Хелен" (Херодот 5,22).
Оваа легенда за хеленското потекло на Аргеадите е резултат на пропагандата на Александар да го избрише проперсиското однесување во Медските, т.е. грчко-персиските војни.
Темата за името на античките Македонци во книгата на Проева започнува со
легендата за Македон.
Според легендите, Македон бил син на Зевс и Тија. Од запишаните верзии, се чини дека најверодостојна е онаа од македонскиот историчар Марсија, според која Македон бил син на Дион и Ајтрија. Ова покажува дека е направена така наречена хеленска интерпретација на македонската легенда, во која имињата на македонската брачна двојка (Дион и Ајтрија) се приспособени на хеленскиот јазик и митологија. Особено е впечатливо името на женското божество Ајтрија; што е, всушност, македонска глоса (збор) што значела "светло, јасно небо", та според тоа е јасно дека во случајов имаме небесен божески пар, со женска варијанта на врховното небесно божество.
Постојат повеќе легенди кои се приближуваат на хеленската митологија, па така преку легендите Македон бил вклучен во хеленската митологија, а Македонците во хеленската етничка група.
Ваквите легенди Проева ги објаснува со фактот дека Хелените со ова сакале да ја оправдаат и да и дадат легитимитет на колонизацијата врз другите народи.
Покрај тоа што и во античките извори е јасно посведочено дека македонскиот јазик значително се разликувал од хеленскиот, историчарите тешко можат да го докажат тоа.
Причината е во тоа што досега не е најдена ниту една единствена реченица на македонски јазик; сиот зборовен материјал со кој располагаме се состои од т.н. македонски глоси, односно македонски зборови кои биле запишани во делата на античките и византиските лексикографи, и тоа поради нивната занимливост и несекојдневност.
Античките извори даваат многу примери за различноста во македонскиот и хеленскиот јазик. Еден од нив е од Херодот кој жителите на Крестонија ги нарекува Пелгази, а нивниот јазик барбарски кој "се разликува од сите останати".
Друг пример од подоцнежниот период е од судењето на Филота во 330 година ст.е., кога тој решил да зборува на хеленски, за да го разберат оние што не се Македонци.
Сепак, се јавуваат и различни аргументи кои говорат во прилог на колебливоста во тезата за различноста на хеленскиот и македонскиот јазик. Некои историчари го цитираат фактот што Александар Трети, по освојувањата на Истокот, го прифатил заедничкото хеленско наречје за службен јазик во неговата држава. Но ова воопшто не треба да не изненади. Хеленскиот бил меѓународен јазик, прифатен и на Истокот и на Западот - јазик на дипломатијата, на кој со векови пред Александар Истокот комуницирал со Европа.
Значи, користењето на хеленскиот јазик било елемент на акултурација на барбарските народи (како што заклучува францускиот историчар П.Кабан), но никако не значело и губење на сопствените особености.
Меѓу сите специфики за кои досега не е доволно истражувано е и темата на религијата. Овде ќе споменеме само дека и во оваа област преовладува т.н. хеленско толкување. За македонската религија најчесто се говори на хеленски јазик и од хеленски автори. Тие често ги опишувале обичаите на народите во земјите надвор од хеленскиот круг, но не се обидувале да ги запишат изворните имиња на боговите, обичаите, народите, институциите. Наместо тоа, тие ги нарекувале со за нив соодветни имиња. Токму затоа и македонската религија е облечена во хеленско руво.
Но, сепак, професорката Проева ни ги посочува најкарактеристичните примери кои говорат за разликите и во оваа област.
Божицата Ма е позната како кападокиска божица. Таа има војнички и соларен карактер. Освен во Кападокија и на Понт, култот на оваа божица е посведочен и во Македонија: во светилиштето во Едеса со повеќе од триесет написи, а една од трите досега пронајдени вотивни плочки е пронајдена во с. Претор кај Ресен.
Треба да се подвлече дека божицата Ма дефинитивно не е посведочена во Хелада, иако археолошките истражувања на почвата на денешна Грција траат повеќе од век и половина.
Беди е уште едно божество непосведочено кај Хелените. Тоа е божество на воздухот. Клемент од Александрија запишал дека беди е фригиски збор за вода, па оттаму се објаснува и топонимот Едеса во Македонија, преку словенскиот превод на името на градот Воден.
Дарон е македонско божество на кое му се молеле за болните. Кај Пела е пронајдена посвета на ова божество.
Од култовите поврзани со обожавањето на природните сили, најраширен и најважен кај Македонците бил култот на Сонцето. Соларната симболика не им била блиска на Хелените. За разлика од нив, кај Македонците сончевата розета е еден од најчестите симболи. Таа најчесто е претставена на македонскиот штит како и на монетите.
Најстариот пишан податок за овој култ го среќаваме кај Херодот кој ја раскажува легендата за потеклото на македонската кралска куќа на Аргеадите.
Раскажувајќи како од Аргос кај Илирите избегале тројца браќа - Гаван, Аероп и Пердика, па еднаш барале плата кај кралот, тој им рекол дека им ја дава нивната плата, покажувајќи на подот каде што паѓал сончевиот зрак од отворот на покривот. Најмладиот брат рекол: "Го примаме, кралу, тоа што ни го даваш", притоа обележувајќи го местотона подот, заградувајќи ги зраците. "Три пати зацрпил од нив ставајќи ги во пазувите, а потоа тој и неговите браќа заминале" ( Херодот 8,137).
Со овој гест симболично се покажува боженското потекло на кралската власт, добиена од богот Сонце. Оттаму и Сонцето е симбол на кралската власт.
 
Проф. д-р Љубинка Басотова е класичен филолог, долгогодишен редовен професор на Филозофскиот факултет по предметот латински јазик, сега во пензија. Моментно е претседател на извршниот одбор на Македонски духовни конаци. На македонски има преведено над дваесетина книги од латински и хеленски јазик, меѓу кои и капиталните дела на Кикерон, Еразмо Ротердамски, Свети Августин, Вергилиј, Кајсар, Лукретиј, Хоратиј... Добитник е на државната награда "11 Октомври" за преведувачка дејност, на високото признание за целокупен опус "Кирил Пејчиновиќ", како и наградите "Григор Прличев", "Ванѓа Чашуле". Во научните кругови, Басотова е позната и како иницијатор на преводите на петте антички извори за Македонија, од кои два преведе самата.

Вашата етимолошка линија вели дека Александар Велики е Македонец. На кои автори се повикувате?
- Зошто Демостен, хеленската гордост и слава, за таткото на Александар Македонски жестоко ќе извикува на атинската агора дека Филип: "... не само што не е Хелен, не само што не им е близок ни роднина на Хелените, туку тој не е ниту од барбарска земја, за која би се кажало нешто убаво, но е Македонец - гибел и Македонец - злодеец" (Демост. Трет говор против Филипа, гл. 31)

- Зошто кај Плутарх читаме како Александар извикува дека "Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови", правејќи притоа (и не само таму) јасна дистинкција меѓу овие два етноса?(Плутарх, Споредбени животописи: Александар)

- Нашите соседи ставаат знак на равенство меѓу Хелените и Македонците. Ние прашуваме: ако Македонците биле Хелени, и историјата на Македонија е историја на Хелада, зошто предокот на Александар III Македонски (кој во антиката токму така е нарекуван, а прекарот Велики го добил многу подоцна) Александар I (480 г.пр.Хр.) бил наречен Филхелен ("оној што е пријател со Хелените, што ги љуби Хелените")? Зошто би бил Филхелен, ако бил Хелен?

Тврдите дека Хелените не го разбирале јазикот на Македонците. Станува ли збор за два различни јазика, за дијалекти, или...?
Ако Македонците биле Хелени, тогаш тие би зборувале ист јазик (или барем некој хеленски дијалект). Но изворите експлицитно ни укажуваат дека Хелените не го разбирале јазикот на Македонците. Кај Плутарх читаме (кавгата меѓу Александар и Клит), како Александар им се обраќа и ги повикува своите штитоносци "на македонски, што било знак за голема вознемиреност".

Дека Хелените не го разбирале македонскиот јазик ни сведочи и Куртиј Руф (Историја на Александар Македонски, кн.VI, гл.9); пишувајќи за судењето на Филота, Александар го прекорува Филота што нема да се брани на мајчиниот (македонски) јазик, зашто овој претходно изјавил дека ќе се брани на јазикот, на кој и тој (Александар) зборувал секогаш кога сакал сите да го разберат; од ова јасно произлегува дека не сите присутни го разбирале неговиот мајчин, т.е. македонскиот јазик.

Вашата размисла за грчкиот став на ексклузивно право врз името Македонија, со што историјата на оваа земја всушност е нивна, хеленска?
Наводно, тие имале ексклузивно право на името Македонија, зашто историјата на оваа земја била нивна, хеленска историја. Е, ајде да видиме дали е баш така и кој е тој што присвојува туѓа историја. Како прво, ги прашуваме нашите соседи, кога тоа државата Македонија била исто што и Хелада, односно, нивните полиси, зашто во антиката нивните предци, Хелените и не биле баш некој државотворен народ, за разлика од Македонците, кои имале не полиси, туку држава.

Или, ако е јасно дека Филип, откако ги покорил Хелените, се обидел да ги обедини преку Коринтскиот сојуз, дека тој се прогласил за хегемон (вожд) на тој сојуз и со тоа ја наметнал македонската доминација врз Хелените, дека по неговата смрт тоа место го зазел неговиот син, Македонецот Александар, ако е јасно дека историјата на државата Македон не е историја на Хелада, иако во воените походи на македонските владетели учествувале и Хелени (а учествувале и други етноси), тогаш, кој е тој, што присвојува туѓа историја?

За посебноста на стариот македонски етнос?
И други антички извори укажуваат на посебноста на македонскиот етнос и држава (Ливиј, Страбон, Диодор Сикулски), која по смртта на Александар опстојува се до освојувањето на Македонија од страна на Римјаните до средината на вториот век (146 г.) пред Христа, кога станува римска провинција Македонија. Римското владеење на овие простори, (подоцна како Источно римско царство, чии поданици во историските извори се нарекувани Ромеи, т.е Римјани,) трае се до паѓањето на Константинопол (1453 г.) и освојувањето од Османлиите, кога териториите од Ромејското царство и народите што го населувале (а ги имало преку 40) стануваат поданици на Отоманската империја, вклучително и Македонија. Hoc dicendum et demonstradum est (Ова треба да се каже и да се покаже).

На што работите сега?
Сега го подготвуваме вонредниот број на списанието "Портал", во кој ќе бидат презентирани делови од студии за Античка Македонија од најголемите познавачи на историјата од ова време. Ќе има народни преданија, Александридите, 33 песни посветени на Александар Македонски (колку што имал години кога починал)...
 
ИСХРАНА НА МАКЕДОНСКАТА ВОЈСКА

Војниците од секогаш биле посебна врста кај секој народ.
Тоа е издржлив, трениран човек, способен во секоја средина.
Co голема љубов мајката му го дава оружјето на Патрокло, на Ахил и на многу познати борци вклучувајќи ги и амазонките. Оружјето за војникот е како накитот на девојка стокмена за свадба.
И за војникот се употребува ист збор -накитен со оружје.....

Сиромаштијата не е никаква тајна, ги стега, ги плаши, ги загрозува животите на сите Македонци со глад.

Поимот за војска во светот е македонската фаланга.
Воин што го облагороди светот беше Александар, се роди, живееше и се бореше за Македонија.
Поим и мит за космополит.
Се грижеше и одлучуваше за секој војник. Торбата на Македонецот во долгите походи беше полна со храна. Секој војник носеше брашно, вода, суво овошје, семки, суво месо, риба и зачини.

Поголемата резерва со храна се движеше во колите на крајот на фалангата и се подготвуваше храна за сите по залогорувањето.
Кога Македонците започнаа да ги освојуваат персиските територии, генералите го советуваа Дариј да ги запали житата, да ја уништи храната за да умрат Македонците гладни на нивна територија.
И да им успееше тој план, пак ќе беа победени, со тоа, персиското население ќе изумреше гладно.

Палење на храната и бегањето на населението е познато и често применувано.
Така Наполен во 1812 година влезе во празната Москва. Гладна и измрзната француската војка не се врати дома. Наполеон не му беше дораснат на македонскиот ген иако го имитираше Александра.
Гладот и белата смрт ги покоси Французите на руска земја со сибирски студ.

Фалангата на Александар ги издржа Хималајските студови со резервната храна од војничките торби.
Древните Македонци биле издржливи, имале и знаења и среќа за успех.
Французите не знаеле да се справат со рускиот студ. Навечер заспивале илјадници се разбудувале само стотина од нив.

Руската земја и клима му се освети и на Хитлер. Французите и Германците не се Македонци за да владеат со огромни простори со голем научен потенцијал и искуство. Македонската енергија на војската се должеше на тренинг, исхрана и силна психофизичка конституција. Лекарите, филозофите, глумците беа задолжени да го сочуваат здравјето и духот на војската.

Самиот Александар од детството имаше советници за храна и своето искуство и резултати ги применуваше на војската.
Покрај толку генерали, принцови и специјалисти за секоја струка Александар сам одлучуваше кога и што треба да јадат и пијат војниците.

Секое утро поседната војска го чекаше својот поспан цар да се разбуди за да појадуваат заедно. Тоа е запишано од сите анали, како Александар го контролирал закрепнувањето од долгите маршеви или битки.
Познато е како Александар ги храбрел, како ги лечел, како наздравувал со војниците и како ги советувал да ја одржуваат енергијата.
Алоето и смиљот бил оброк за имунитет и брзо заздравување на рани.
Слаткото македонско дрвце ја спречувала жедта и до осум дена низ пустините.

Патувајќи со недели војниците во уста држеле јатка од овошје или корка леб за да се лачат сокови, ја ублажувале жедта додека не се испита водата и храната од непознато потекло.
Така не се губи течноста од организмот туку плунката се голта и температурата на телото била иста и во топло и во ладно време.
После секој оброк џвакале листови од нане, магдонос и босилек за чистење на забите и здивот.
Александар го делел и последниот залак и последната капка вода со војниците.

Повеќе автори и биографи пишуваат за случка во пустината како на Александар му подале вода и тој ја истурил во песокта не сакајќи да пие пред жедните војници.
Тоа што може да го поднесе и издржи царот можат сите македонски војници.......



Ishranata na drevnite Makedonci (2006)
Angelina Markus

 
Razgovarav vchera so eden poznat nakratko koj mi kazha interesen podatok. Veli izgleda imalo alternativno ime za Aleksandar Makedonski kaj Persijcite, a koj toj go sretnal toa ime koj znae vo koe more od istoriski spisi...ne se sekjava kade.

Imeno Aleksandar na persiski e poznat kako Iskander el-Makduni. A vo religijarta zorastrianizam, koja bilarasprostraneta pred Islamot, kako Arda Viraz Namag. No prijatelov, koj e seriozen chovek i istrazhuvach, veli isto taka bil narechen i "Secundo Beg".

Nikako ne mi odi ni Secundo ni beg vo bilo koja kombinacija. Pa se zainteresirav dodatno i se obidov da go proveram imeto, a toa se spomnuva samo vo edna kniga za Budizam od Pankaj Mishra ("The End of Suffering"), koja vednash ja kupiv. I navistina go spomnuva Aleksandar pod toa ime, odnosno spomnuva deka ima i takva verzija na imeto. Eve go sinopsisot na knigata:

http://www.howardwfrench.com/archives/2005/04/21/the_buddhas_cure/

Nemam nikakvo objasnuvanje za toa ime, dokolku e verodostojno. Nekako ne mi se veruva, no rekov da ve informiram. Mozhebi i kje ima nekoe objasnuvanje, razmisla ili komentar.

cleardot.gif
cleardot.gif
 
па и на парите на Александар не пишува Αλέξανδρος..
туку..
alexanderdb.jpg

што не е ХЕЛЕНСКО ИМЕ..
инаку..името Александар било присутно и кај други народи...за тоа има истражувано и пишувано Н. Проева...
но Хеленизам и се е можно..
 
инаку,за името Александар во Индија..
сосем е разбирливо да се споменува,затоа што најпознатите индиски цареви-кралеви биле со Македонска Крв...
тие се потомци на Селевк Никатор,кој ја дал ќерката си за жена на Индискиот цар Чандрагупта,а кого го наследиле неговите деца и.т.н.меѓу кои наследници е и Ас(ш)ока,на кој баба му била ќерката на Селевк..
во записите на Ашока,кои се испишани на Столбови,тој ги спомнува и тогашните владетели Птоломеите,Селевкидите и Македонците...

за што пишувал?...
сакал да ни протне Будизам..
ете тоа..
("The Edic ts of King Ashoka", an English rendering by Ven. S. Dhammika The Wheel Publication No. 386/387 ISBN 955-24-0104-6; Published in 1993 Buddhist Publication Society, Sri Lanka).

инаку,за Столбовите,истражувањата покажуваат дека всушност биле Олтари,изградени од Александар 3 Македонски...

инаку,многу од записите на Ашока,се исти со оние на Александар кога го спомнуваме за ширење братство....

п.с..инаку,Асока имал и второ име..Вардана..Asoka Vardhana..
за кои индиските учени (Ranajit Pal кој е познавач на балканските култури) велат има..
Балканско потекло...

п.с..пишувал и..
(Wheeler: “Early India and Pakistan”, Thames and Hudson, 1968, p. 170).

http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1534684
 
Bidejki neznam Grcki i tesko da napravam nekoja razlika vrz konkretni raboti,za da ne bide amaterska pretpostavka,pa moze li nekoj da go napise izgovorot na imeto od parata na anaveno pogore?

Mislam deka Klarki znae nesto Grcki!?

I koja bukva kako se izgovara posebno poslednite dve bukvi!?

ALEXANDBG b g

http://www.ibiblio.org/koine/greek/lessons/alphabet.html

.
 
Се изговара како АЛЕКСАНДРОИ.

Но сега сум на Опера бровсер,и ми ги врти самиот грчките букви...
 
Мислам дека добро ги напишав(препишав) буквите од парата,
последните 2 букви се Бета и Гама - Не сум сигурен но дали се читаат како наше Б и Г?
 
се изговара како АЛЕКСАНДРОИ.
Но сега сум на Опера бровсер,и ми ги врти самиот грчките букви...



100% ли си сигурен дека така се изговараат последните 2 букви?
Особено дека не завршува на -ОС?

Инаку еве дефиниција за КОИНЕ:

Definition of koine
n. - A common language used by speakers of different languages

Извор: http://www.morewords.com/word/koine/

A source of 3 is a definition from WordNet 2.0, a more modern US English dictionary. they require the following copyright notice and disclaimer: WordNet 2.0 Copyright © 2003 by Princeton University. All rights reserved.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom