Животот е убав

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Животот е заебан.
Убав им е на оние кои научиле како да се сносат со секојдневието, оние кои научиле како да го живеат.
Баш напротив. Кога ќе го научиш животот сфаќаш колку е заебан. Не за џабе како дете си безгрижна и среќна. Се’ уште ги немаш согледано проблемите на секојдневието:)
 
Животот е убав пошо има емоции...без нив немаше да биде убав...сите ко роботи ќе бевме...што и понекогаш сме (повеќето од луџето на планетава) :)
 
Животот е како сапун, целата и смислата му е да се потроши!(изживее)
 
Животот е убав и прекрасен бидејќи таков го гледаме.
Истотака е одвратен и бесмислен од иста причина, ако таков го гледаме.
 
Животот е нешто најубаво,прекрасно,свето...на кој не му е убав,не знае да го живеее...:smir:
 
Животот е убав затоа што ни се случуваат убави работи.Имаме луѓе кој не сакаат,луѓе кој ги сакаме,што не почитуваат...
 
Животот е убав пошо има емоции...без нив немаше да биде убав...сите ко роботи ќе бевме...што и понекогаш сме (повеќето од луџето на планетава) :)

Емоциите јес да го прават животот убав, ама понекогаш и го прават не толку убав... Емоциите се меч со две острици.
 
Животот е убав токму затоа што секојдневно ја чуствуваме неговата горчина.
 
Колку помала возраст, толку поубав безгрижен живот, како растиш, како созреваш ја осеќаш суровата страна на животот. Точно е дека животот е убав, но колку што е убав толку е и одвратен, како знакот за доброто и злото, во секој заебан момент можеш да извлечиш нешто позитивно, но секогаш има и некој што најдобриот момент знае да ти го руши...
Факад и секој ден да е темен и на тоа сум спремен, животот е борба, а ние сме главните ликови во него, од нас зависи дали ќе биде убав или тоа другото, ние во мозокот си го зацртуваме животот, мисли позитивно - животот ќе ти биде идеален...
 
Животот е убав се додека не се најде некоја будала и ти го уништи:tapp:
 
И да се најде будала која што ќе го уништи за некое време пак ќе мора да се застане на нозе и да се иде понатаму.И пречките имаат некој поучни работи.
 
животот е убав затоа што е краток.живеј го што подобро и што поквалитетно
 
живото е стварно убав и краток и затоа треба да се искористи секоја шанса да се помине во забава, а не кога ќе видам негативни луѓе искрено ми се повраќа :jaj:
 
живото е стварно убав и краток и затоа треба да се искористи секоја шанса да се помине во забава, а не кога ќе видам негативни луѓе искрено ми се повраќа :jaj:



На 16 години и мене ми беше убав, ама сеа ми се иде света да фанам!:star:
 
На 16 години и мене ми беше убав, ама сеа ми се иде света да фанам!:star:

Добредојде во клубот:)

Да надополнам:Како ке си го подредиш животот и ке си го смислиш таков и ке ти биде...ако си позитивно размислуваш ке ти се случуваат работи а ако си негативен ке ти се случуват негативни работи(од искуство)штета кај мене е така...песимист во коски:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom