Животот е убав

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Jas bi rekol zivotot e kratok,живеј го секој ден како да ти е последен:)
 
Jas bi rekol zivotot e kratok,живеј го секој ден како да ти е последен:)

Премногу краток, затоа треба да се радуваме на секој момент и да сме исполнети со љубов, да го прифатиме лошото и со раширени раце да го пречекаме доброто.
 
Животот може да ти биде убав ко ке си го постелиш, и ко ке си најдеш добри пријатели, добра девојка/дечко, и ко ке си учиш у школо и ко ке најдеш време за многу др работи у животот шо те праат среќен и да успееш во повекето од нив..ако не, јебига, ништо од тебе, шетај по улиците и прашувај се зошо си се родил или зошо баш тебе нешто ти се случило..се зависи од вас..
 
животот е убав ако сам го живееш
пс. да не ти се меша никој во твојот живот
 
На моменти е убав ама на моменти е... одвратен :toe:
 
Животот е убав за оној кој знае да си го живее и кој знае да ужива во секој момент. Можеби не е секогаш розев и има големи падови и разочарувања али во тие моменти треба да знаеме како да продолжиме и да ги оставиме лошите работи позади, зашто животот е прекраток. Животот тече и не не чека нас!
 
Абе, не дека е нешто посебно убав, ама би било неблагодарно од моја страна да се пожалам. :toe:

Имам семејство кај кое секогаш можам да се обратам, дом во кој секогаш можам да се вратам, пријатели на кои секогаш можам да се потпрам, љубов што секогаш можам да ја заменам со нова. :icon_lol: Секој ден имам храна, вода, покрив над глава, социјалниот живот ми е секогаш повеќе или помалку исполнет, со здравјето сум океј, со образованието- полека се надоградувам, со психофизички развиток- нормално растам и созревам. Имав убаво детство, не ме гонат никакви психички трауми, умствено се сметам за стабилна. Финансиската состојба никогаш не ми била завидна, ама секогаш била доволна, колку што ми требало.

Од што да се пожалам?

Сепак, колку што изгледа дека имам се`, животот не е убав секој ден. Некогаш морам да се соочувам со падови, некогаш со подеми, некогаш статус кво. Грди моменти, убави моменти, просечни моменти. Ама тоа е тоа, така идат нештата.
Севкупно, не можам да се пожалам.

Дури и кога не е убав животов... Секогаш е барем поднослив.
 
Али некогаш проклето несфатлив...
сепак е убав:pipi:
 
Сите викаат дека животот е убав таков каков што е , со сите проблеми и препреки кој треба да ги решаваме ... ама искрено ова сеа што ми се случува многу често ме доведува до истото прашање. вреди да се живее?
 
Сите викаат дека животот е убав таков каков што е , со сите проблеми и препреки кој треба да ги решаваме ... ама искрено ова сеа што ми се случува многу често ме доведува до истото прашање. вреди да се живее?

Секогаш вреди да се живее, само треба да пронајдеш како што зошто. Не се предавај, кога најмалку се надеваш тогаш ќе сфатиш за што вреди да живеееш, верувај лесно ќе го најдеш.:helou::helou:
 
Во моментите кога сум вон моите неубави моменти, сваќам дека убав е
 
денес ми е најубав, зошто завршив со колоквиуми, лисјата паѓаат, ми е топло околу срцето, ама не од љубов, туку од чувството на слобода, среќа и радост што сум жива и имам црвени образи...
 
животот е прекрасен.јас се будам секое утро со таа мисла во главата.се што се случува е неповратлив момент од нашиот живот.многу често брзајки низ животот забораваме да ги погледнеме цвекињата како растат и сонцето како прекрасно изгрева.забораваме да се насмееме на минувачите и брзаме некаде.ако застанеме за миг,ке ја познаеме убавината на животот.
мислев дека сум несрекен бидејки немав пари да си купам чевли,но тогаш сретнав човек без нозе кој беше насмеан и срекен,и сватив......
така некако беше не ми замерувајте ако не е напишано правилно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom