Абе, не дека е нешто посебно убав, ама би било неблагодарно од моја страна да се пожалам.
Имам семејство кај кое секогаш можам да се обратам, дом во кој секогаш можам да се вратам, пријатели на кои секогаш можам да се потпрам, љубов што секогаш можам да ја заменам со нова.
Секој ден имам храна, вода, покрив над глава, социјалниот живот ми е секогаш повеќе или помалку исполнет, со здравјето сум океј, со образованието- полека се надоградувам, со психофизички развиток- нормално растам и созревам. Имав убаво детство, не ме гонат никакви психички трауми, умствено се сметам за стабилна. Финансиската состојба никогаш не ми била завидна, ама секогаш била доволна, колку што ми требало.
Од што да се пожалам?
Сепак, колку што изгледа дека имам се`, животот не е убав секој ден. Некогаш морам да се соочувам со падови, некогаш со подеми, некогаш статус кво. Грди моменти, убави моменти, просечни моменти. Ама тоа е тоа, така идат нештата.
Севкупно, не можам да се пожалам.
Дури и кога не е убав животов... Секогаш е барем поднослив.