Живот без емоции

Инаку, да, парите ќе ги имаш и по 2 недели, ама ќе ти биде рамно дали ги имаш или немаш леб да купиш.
И да, парите немаат значење ако немаш внесено емоција во нив.
-Задоволство-кога ги трошиш и кога добиваш нешто што си сакал.
Алчност-кога сака повеќе(можеби звучи како лоша емоција, но нема лоши емоции)
Среќа-кога гледаш дека можеш се да им удоволиш на децата итн...

Значи, има емоција како и да е.
А ако не се помочаш од среќа коа ќе добиеш толкава сума-тогаш што е поентата!?

Sophie, please.

-Kaко еден филозофер, Џагер, рекол.. „Не го добиваме секогаш тоа што го сакаме“ :icon_lol: Oстај тоа, неколку желби би жртувал, парите се тука, можам да преживеам. Среќата пружена од купено ферари радо би ја жртувал да не чуствувам, тага на пример.


Поентата е, ги имам парите, си имам обезбедено средства, би преживеал.
Шо е толку битна споредната среќа во ситуацијата.
Адреналинот? Кој може да биде фатален? :))))
 
Sophie, please.

-Kaко еден филозофер, Џагер, рекол.. „Не го добиваме секогаш тоа што го сакаме“ :icon_lol: Oстај тоа, неколку желби би жртувал, парите се тука, можам да преживеам. Среќата пружена од купено ферари радо би ја жртувал да не чуствувам, тага на пример.


Поентата е, ги имам парите, си имам обезбедено средства, би преживеал.
Шо е толку битна споредната среќа во ситуацијата.
Адреналинот? Кој може да биде фатален? :))))
Имаш ти ферари, и куќа на 6 спрата и 10 ниви и 18 дуќани и рамстор е твој, ти си го прчиш само.
Ама се ти е џабе кога немаш способност да доживееш задоволство.
Не мора да биде среќа, ете може некој не се радува на матерјални работи..
Ама сепак, лишен си од било која емоција.

До тебе седи Хајди Клум а тебе ама баааш ти е сеедно..
рили сакаш нешо такво?умм:
 
воден сум од логика,настојувам емоциите да ги минимизирам господ да го благослови лудвиг фон витгенштајн(логичко филозофски трактат) и рене декарт.

иако сум воден од логика многумина ми се чудат су бил преварен за ДВД(ми го продадоа а го позајмив и друг пат кога помагам)но не знаат дека егоизмот е регресивен и е присвојуванје за сметка на други затоа рационализмот ме донесе до заклучок дека да бидеш добар човек не треба да глумиш туку со дела да докажеш,

за жал денес има луге кои не се водени од емоциите но за разлика од мене се водени од желбата за моќ,пари жално па и да имам 200000илјади евра не би купил бентли ко тој од велес туку тие пари би ги употребил за општо добро или пак би ги вложил во банка а каматата би одела во црвен крст...стварно чудна ми е елитата богаташи навистина:toe:
 
како прво живот без емоции не е можен како што не е можно сонцето да е сонце без да свети
емоциите не можат да се потиснат сосема, тоа е како да бираме кому да светиме а кому не и ете нервози и болести
но можеме да ги ослободиме и среќно да светиме наоколу хахахаха

а инаку што знам, би биле еден вид лоботомизирани души, иако и тие имаат потиснати емоции
 
како прво живот без емоции не е можен како што не е можно сонцето да е сонце без да свети
Сега да, како и сонцето што сеуште свети. Но сонцето ќе згасне еден ден, можда така ќе е и со емоциите...еволуираме, да не заборавиме, постојано, во секоја генерација се вршат модификации и без да забележиме...како физички така и...
можда еден ден редот ќе му дојде и на овие т.н. емоции.
 
Сега да, како и сонцето што сеуште свети. Но сонцето ќе згасне еден ден, можда така ќе е и со емоциите...еовлуираме, да не заборавиме, постојано, во секоја генерација се вршат модификации и без да забележиме...како физички така и...
можда еден ден редот ќе му дојде и на овие т.н. емоции.

тогаш ќе остане чиста свест, најголемо блаженство а?
 
Не е можно! Живот без емоции е хибернирање! Волшебноста на умот во целата негова импозантност се примесите на чувствата. Спектарот на бои не се заменува со бело!

Се тежнее кон поголема ентропија, мутирањата носат нови форми и содржини но не значи дека треба да изумираат постоечките.

Јас сакам моите очи секогаш да гледаат кроз мистичната призма која не знае да оддели разум од чувства. Колку и да се последиците покомплексни.
 
тогаш ќе остане чиста свест, најголемо блаженство а?
Што е тоа најголемо блаженство не знам.

Ќе останеме можеби празни школки...

Сонцето наше ќе свети до крајот на постоење на вселената? Што кога ќе згасне, ќе остане чиста свест од него? Само Господ знае што потоа.

Бај д веј, еве малку од друга тема...сексбади, факбади...како ли ѓавол го викаат
Абе веќе е толку вообичаена пракса ова fuck buddy-во што не е ништо ново. Во денешно време многу ретко и мажите и жените сакаат да имаат обврска спрема некого...
...значи секс без емоции, робот, да ги наполни батериите, т.е. да ги испразни тестисите ако веќе идеме во детали.

Според некои членови тој постои и тоа се позачестено...напредно општество? Значи емоциите се потиснуваат, замисли како било порано, како сега...према таа тема и види дали емоциите стојат како одредено количество во нас, непроменливо.

Уф, заборавив, еве емоции, комбинации, психоделика :vozbud::vozbud::pos2::pos2::kesa::kesa::pusk:
 
Што ти е тоа најголемо блаженство, објасни.

Ќе останеме можеби празни школки...

Инаку ти што мислиш сонцето наше ќе свети до крајот на постоење на вселената? Што кога ќе згасне, ќе остане чиста свест од него? Само Господ знае што потоа.

е, да можеше тоа да се објасни и сфати со зборови
силна свест, надсвест! кога овие таканаречени мисли што ги имаме ќе се изгубат како сон.

празни школки само ако ги потиснуваш. но празното или ништото во будистичка филозофија е целта што се бара, надсвеста. емоции може да има но за надсвесникот исто како да ги нема.

сонцето ми беше само пример онака, а ние имаме свест
 
е, да можеше тоа да се објасни и сфати со зборови
силна свест, надсвест! кога овие таканаречени мисли што ги имаме ќе се изгубат како сон.

празни школки само ако ги потиснуваш. но празното или ништото во будистичка филозофија е целта што се бара, надсвеста. емоции може да има но за надсвесникот исто како да ги нема.

сонцето ми беше само пример онака, а ние имаме свест
Ние, ова го зборам не за ден, година, век...човекот постои многу илјадници години, досега има доста еволуирано, како на микрониво, така и во умот, физиката...не е битно дали на подобро или полошо, тоа никој не го знае-никој не знае однапред кои особини се позитивни кои негативни. А чувство, емоција...како дел од човекот исто може да се смени со време-за некоја илјада години-зависно од техниката и технологијата, нешто како размислување во смисол што би...дека се е можно :smir: како што е можно и веројатно дека и човекот ќе го снема од земјата...ние сме минливи нешта, така и нашите чувства. Реално чувството е шмерц во мозокот, импулс на одредено место во одредено време во мозочната маса. Со наше снемување, ќе го снема и тоа. Како мозокот се развива, се развиваат одредени центри, други закржлавуваат. Ништо не гарантира дека околината ќе влијае тие центри да закржлават, заради потреба од позитивна еволуција, односно позитивна модификација која води кон позитивна еволуција...опстанок и развој, прилагодба...
Би сакал да не е така, да е стварно нешто возвишено ама...:toe:

Ај забегав и јас во други води :) биологија за осмо одделение :)
 
не сум сигурен дека те сфаќам но можно е еволуцијата на свеста да оди во правец на чиста интуиција без никакви свесни мисли
кога сите луѓе ќе станат како еден
јебига ако не се разбравме
 
не сум сигурен дека те сфаќам но можно е еволуцијата на свеста да оди во правец на чиста интуиција без никакви свесни мисли
кога сите луѓе ќе станат како еден
јебига ако не се разбравме
Па ништо страшно и ако не се разбравме :wink: ако секој со секого се разбира тогаш светот би бил одлично место за живеење :smir:
Уживај, честам, пошто више не ми функционира малиот мозок :) еве кафе
:kafe:
 
Најголемата емоција е ЉУБОВТА ,може ли да се живее без неа ? Велам не ,тоа не е возможно .но сепак треба да ја разликуваме од посесивноста ,големото приврзување и преголемата одбивност .Тука мора да бараме равнотежа и да го прифаќаме тоа кое не можеме да го промениме да собереме сили да го менуваме то кое можеме , а најважно да знаеме да го препознаеме тоа(ацкетите) тогаш емоцијата по мене ќе биде правилно насочена и ќе ни помогне да постигнеме хармонија во животот.
 
Консумеризмот како опшествено социјална појава доведе до тоа луѓето да го живеат животот без емоции, само да консумираат. Решение е да се одвикнеме од консумирање исто како што Настрадин оџа го одвикнал магарето од консумирање на храна и таман да ја објави добрата вест тоа умрело.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom