Живот без емоции

Емоциите веќе се губат и изгледа дека е тоа процес кој веќе не може да се запре. Причини има повеќе но фактите се тие. Кој ги студирал старите изумрени јазици може да примети дека има форми за изразување чувства кои денес веќе не постојат, нема потреба од нив.

Луѓето од мали се учат да ги кријат емоциите, машките нормално повеќе од женските.

Верувам дека еден ден ќе живееме во крајно роботизирано општество каде ќе се јаде, спие, работи и ништо креативно нема да се случува. Дури и оплодувањето на природен начин еден ден ќе го направат непотребно.

Лоши времиња доаѓаат...
 
Би рекол Имун на Емоции-поточно способен некои да ги контролира.
 
Се согласувам човек неможе да постои без емоции-тоа не одвојува од дивите животни., незборувам за куќните љубимци кој знаат да покажат невидена љубов.

Jas mislam toa ne e vozmozno:nesum:...znaci ke prestanes covek da bides :tapp:
 
Емоциите се дел од нас. Тоа е она што не прави луѓе. Тоа е она што не разликува од машините. Без емоции ние не сме ништо. Без емоции ние би биле само едни празни лушпи...суштества кои го живеат животот без да уживаат во него. Јас искрено сметам дека секој човек треба да има емоции, бидејќи човечки е да се чувствува. Меѓутоа, секогаш треба да се размислува со ладна глава и да владее разумот.
 
Паа човек без емоции некако не ми оди. Мислам емоциите всушност не прават нас луѓе во вистинска смисла на зборот така да живот без емоции не е живот. :smir:
 
Замислете едно утро да се разбудите без емоции,едноставно да ги немате.Да не чувствувате ништо....ни бес,ни љубов,ни тага,ни среќа....

Дали таков човек би бил способен да преживее?
Има ли таквиот живот смисол?
Колку и како би се променил начинот на размислување?

Лоботомизирани. :)
Од една страна гледано и тоа е подобро од овој хаос што владее меѓу нас заспаните луѓе а што се сметаме и за многу свесни. Ма не, туку зборот ми е.
Потребна ни е само максимална стабилност и контрола на емоциите бидејќи од нив почнуваат сите зла. Почнувајќи од оние кога лошо приоѓаме на личности што ни се свиѓаат :) и до многу поголеми зла кога ќе чуеме дека некој направил нешто страшно некому и ние веднаш реагираме жестоко без преиспитување колку е вистина сето тоа итн.
 
па, вака. секогаш кога имам некој проблем, мислам дека некој друг да ја согледа ситуацијата од негова гледна точка, може полесно да дојде до решение зашто нема емоции во врска со тоа. и тоа е точно.
ама, ако јас сум тој што нема емоции, од една страна ќе можам да си ги решавам полесно проблемите зашто нема да ми е гајле и нема да се замарам. ама, од друга страна, ако немам емоции, па нема ни да имам проблеми. односно старите проблеми нема да ми се важни. и ќе бидам само предмет, кога ништо нема да ми е важно. би сакала да се убијам да не можам да чувстувам. од тој поглед, и тагата е убава, тогаш би сфатила колку е убаво да си тажен. хаха
всушност, нас емоциите не прават да се чувствуваме живи и да реагираме и да превземаме акции и иницијативи. и се што правиме е поради емоциите. сега, вака кога размислувам, сфаќам колку е убаво да имаш емоции, да не си предмет.
убава тема.
 
Емоциите го прават човекот...без нив тој не е човек,тој збор веќе не може да се примени врз него.
 
Умеам да ги контролирам а не тие мене:pipi:
Многу ретко се има случувано да бидам емотивна.
 
Нема шанси некој да контролира емоции. Коа би се зезал би рекол само Чак Норис, а коа би бил озбилен....ниту тој. Уосталом кога за некого се кажува дека е "неемотивна личност" (наводници пошто таква не постои на светов, освен со оперативен третман)...некако не е у позитивна конотација.
 
Нема шанси некој да контролира емоции. Коа би се зезал би рекол само Чак Норис, а коа би бил озбилен....ниту тој. Уосталом кога за некого се кажува дека е "неемотивна личност" (наводници пошто таква не постои на светов, освен со оперативен третман)...некако не е у позитивна конотација.
Ima shansi.
Probaj so meditacija pa kazi mi.
Jas znam so sigurnost deka moze , sum probal.:)
 
Се сложувам Игор, само овде малку се мешаат поимите емоција и чувство. Ако сите или многу плачат поради нешто или некој, а некој не плаче, може да речат дека е нечувствителен што не е точно, може е само неемотивен, преживеал се и сешто и веќе многу работи не го погодуваат, но тоа не значи дека нема осет за ситуацијата. Чувствувањето е ко состојба на духот, а емоциите се некогаш толку нереални што повеќе имаат врска со нас самите отколку со нешто од страна што се случило.
 
Тогаш не би биле луѓе, само најрпостите форми на живот се лишени од емоции и затоа се тоа што се. Ваков сличен концепт имаше во филмот еквалибриум, но таму се работеше за не покажување на емоции и нивно апсолутно негирање што и во филмот се покаќа како глупост.
Ма невозможно е да бидеш свесен и да не чуствуваш нешто...и сериски убици и најгнасните суштесва на оваа планета чуствуваат нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom