Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Приметете во Русија, таму сите жени што идат у црква се покриваат. Кај нас не се практикува баш, не знам зашто.
Што се однесува до првиот пост на темава, ТОТАЛНО извадено од контекст. Тие што се верници нека си ја читаат библијата и нека не се замараат со вакви тенденциозни извадоци. Radost имаше еден добар пост кај што ги разјаснува работите.
Зошто ли баш сега, се разгореа провокациите (на тема: жена во Христијанство, жена - поп итн.) на нашите локални форумски АлЗавахирчиња и БинЛаденчиња?
Одговорот е очигледен - им боде очи празникот на кој го славиме Успението на Мајката Божја.
Но нејсе, иако е така, сметам дека било кој кој се смета себеси за Христијанин не треба вака да ги провоцира нашите муслимански браќа, за време на нивните празници, затоа што веднаш ќе се изедначи со нив (мислам на овие што ќе ве каменуваат на плоштад, а ако тоа не им биде дозволено ќе се замотаат со ТНТ и ќе се дигнат во воздух, мислејќи дека со тоа ќе се здобијат со ултимативна духовна придобивка).
1.Не пишувај погрешно,односно работи што не се кажани така.
Не се вели: „Жената не е слава на Бога“,туку се вели:„ МАЖОТ НЕ ТРЕБА ДА ЈА ПОКРИВА ГЛАВАТА СВОЈА,ЗАШТО Е ОБРАЗ И СЛАВА БОЖЈА,А ЖЕНАТА Е СЛАВА НА МАЖОТ“
2.Не е:„Жената без шамија подобро да биде истрижена“,туку е :„И СЕКОЈА ЖЕНА,КОЈА СЕ МОЛИ ИЛИ ПРОРОКУВА ГОЛОГЛАВА,ЈА СРАМОТИ ГЛАВАТА СВОЈА,ЗАШТО СЕЕДНО Е-КАКО ДА Е ИСТРИЖЕНА.АКО ЖЕНАТА НЕ САКА ДА СЕ ПОКРИВА,ТОГАШ НЕКА СЕ СТРИЖЕ;АКО,ПАК,Е СРАМНО ЖЕНА ДА СЕ СТРИЖЕ ИЛИ БРИЧИ,ТОГАШ НЕКА СЕ ПОКРИВА....“
Кога пишуваш нешто што не е твое,ќе го напишеш од збор до збор,како што е напишано,а не според свое толкување,бидејќи ако се говори за релевантност и автентичност,ти требаат цитати,а не од напишаното твои скратеници,па макар било и со иста смисла.И она што е во стариот завет,било и поминало,завршило,и тоа веќе не се однесува на нас,што не значи дека не треба да се чита.За нас стриктно е наменет Новиот Завет,и заповедите од него.Старото е завршено,односно,тогаш сеуште Ева го носела првородниот грев во себе,а веќе во новиот завет,жената се избавува од тој првороден грев,и за самата жена,и во денешно време,се јавуваат други заповеди(што значи,оние погоре напишани од Стариот Завет,не се однесуваат на денешната жена),сосем различни од оние во Стариот Завет..Така да,за жената се однесува она од Новиот Завет.А тоа што е од истиот,погоре целосно го цитирав.
Сигурен си?
Ајде на соодветна тема да ги прочитам тие контрадикторности.
Мислам дека има друга тема за жената во Кур,анот,ако нема можеме да отвориме и таква тема.
И верувај Syn дека најмалку целта мие да провоцирам и да пласирам непроверени работи ( како што тоа некои го прават кога станува збор за Исламот).Ова е религиски подфорум и како таков заслужува отварање на вакви и слични теми,ама не со цел за разгорување на непријателство ,туку со цел за разменување информации и меѓусебно поблиско запознавање,зошто сакале ние или не,сепак во животот сме изложени едни на други,па во тој правец,дајте малце и подобро да се запознаеме.
Овие се од стариот завет и не важат сеуште а тоа дека жена треба да биде покриена а не како што напиша шамија ако не е покриена да се постриже точно е