Некој ќе рече дека жената е дискриминирана или помалку се вреднува од мажот во Христијанството, па во новиот завет според ова што го пишува тие се рамноправни(пишав нешто и во погорните постови ама некој го изобличи):
А така вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив нему се покоруваат на словото, преку поведението на своите жени да се придобијат без услови, кога ќе го видат вашиот чист богобојазлив живот.
Вашата убавина да не биде надворешна, односно во плетење на косите, китењето со злато или облекување на облеки, туку внатрешна, во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога.
Така и вие мажите, живејте со своите жени разумно, и почитувајте ги како послабо суштество, и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши.
А најпосле бидете сите еднодушни, жалостиви, братољубиви, милосрдни, дружељубиви,понизни;
.....................................................
И така мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
Зашто никој никогаш не го замразил телото свое туку го храни и стоплува;
Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се прдржи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот.
Омажената жена е поврзана со мажот, додека е тој жив, умре ли мажот таа се ослободува од Законот, кој ја сврзал со мажот.