Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И последно сега што прочитав и се восхитувала на Анџелина Џоли и направила пластична операција на носот и зголемување на усните за да личи на неа :nesvest: па добро од каде и пари па сега за тоа ????
![]()
Филмската ѕвезда ја изиритирале гласините според кои мајката на осморката направила неколку пластични операции за да личи на неа. Извор близок на актерката изјавил како Џоли примила неколку писма во кои Сулеман и се восхитува на Џоли.
Дури и пријателите на Надја тврдат дека таа го изменила својот изглед за да личи на Анџелина. Но таа таквите информации ги негира.
Извор близок на актерката вели:Јасно е дека на таа жена и е потребна помош од психијатар. Едно е да ја исечете сликата од вашиот омилен актер од весникот и да отидете кај фризерот да ви направи таква фризура, а сосема друго е да направите операција на носот и зголемување на усните. Тоа е навистина претерано.
Првите неверојатни фотографии на трудната мајка се објавени вчера. Сите свои деца ги зачнала со вештачко оплодување. Моментално живее на социјална помош, а преко интернет страната ги моли добрите луѓе за донации. Некои и понудиле подароци, па дури и мајчино млеко за новороденчињата. Но бебињата ќе останат на интензивна нега ќе останат уште 12 седмици.
________________________________________________________________________________________________
Психопат!!!
И вчера тоа приметив многу ми заличи на Анџелина ама си викам ај случајно тоа.
Битно цурава чува 14 деца, си прави пластични операции, средена, изфризирана, вештачки нокти и што ли уште не. А долгови до гуша.
Оваа ќе да е психопат кој лудува по Анџелина Џоли и сака да има што повеќе деца, исто како и Џоли.
Сега следен чекор да земе да донира пари во хуманитарни организации :S
Одвратно![]()
ФЕНОМЕН ОСУМ БЕБИЊА
![]()
Лекарот-„оплодувач“ под истрага
Американското друштво на лекари ќе го испитува лекарот што го водел вештачкото оплодување на мајката која минатиот месец роди осум деца. Друштвото на лекари ќе испитува дали нивниот колега се придржувал до пропишаните упатства. Имено, Американското друштво за репродуктивна медицина потврдило дека истрагата е поведена зашто 33-годишната мајка Надја Сулеман изјавила дека сите оплодувања ин витро, од кои добила 14 деца, ги извршила во клиниката во Беверли Хилс.
Сулеман за Ен-Би-Си изјавила дека во првите шест бремености, лекарот при оплодувањето секогаш внесувал по шест ембриони, што резултирало со четири поединечни породувања и едно раѓање близнаци. Според упатствата што важат во САД, кај жена на нејзина возраст смеат да се внесат најмногу три ембриони.
![]()
Новинарите дознале дека Надја Сулеман нема речиси никакви приходи, а должи околу 50.000 долари за студентски кредити. Не е јасно како ќе го плати престојот на осморката во болница, ниту породувањето, ниту како ќе се грижи за нив. Според максималните исплати што ги дава социјалната служба, месечно ќе може да добива 2.900 долари.
„Не живеам од парите на даночните обврзници“, вели мајката на 14 деца, Надја Сулеман. „Единствено ги користам боновите за храна, но тоа е привремен извор. И нив ќе престанам да ги добивам кога ќе дипломирам за една – една и пол година“, вели Надја Сулеман.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=107FC76E5D0F9242936CE8430F622673