Жена бремена со осморка и со најголемиот стомак поради тоа!

  • Креатор на темата Креатор на темата Alley
  • Време на започнување Време на започнување
ФЕНОМЕН ОСУМ БЕБИЊА
E6126F307271B34A9087899F16420FDD.jpg



Лекарот-„оплодувач“ под истрага



Американското друштво на лекари ќе го испитува лекарот што го водел вештачкото оплодување на мајката која минатиот месец роди осум деца. Друштвото на лекари ќе испитува дали нивниот колега се придржувал до пропишаните упатства. Имено, Американското друштво за репродуктивна медицина потврдило дека истрагата е поведена зашто 33-годишната мајка Надја Сулеман изјавила дека сите оплодувања ин витро, од кои добила 14 деца, ги извршила во клиниката во Беверли Хилс.

Сулеман за Ен-Би-Си изјавила дека во првите шест бремености, лекарот при оплодувањето секогаш внесувал по шест ембриони, што резултирало со четири поединечни породувања и едно раѓање близнаци. Според упатствата што важат во САД, кај жена на нејзина возраст смеат да се внесат најмногу три ембриони.

402D05BFB3B9AF4F9253B332DC10B9B7.jpg

Новинарите дознале дека Надја Сулеман нема речиси никакви приходи, а должи околу 50.000 долари за студентски кредити. Не е јасно како ќе го плати престојот на осморката во болница, ниту породувањето, ниту како ќе се грижи за нив. Според максималните исплати што ги дава социјалната служба, месечно ќе може да добива 2.900 долари.

„Не живеам од парите на даночните обврзници“, вели мајката на 14 деца, Надја Сулеман. „Единствено ги користам боновите за храна, но тоа е привремен извор. И нив ќе престанам да ги добивам кога ќе дипломирам за една – една и пол година“, вели Надја Сулеман.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=107FC76E5D0F9242936CE8430F622673
 
gosselin_mom_sm.jpg


Добар стомак имаше и Кејт Госелин, мајка на најпознатата шесторка на светот, Госелин. Родени се во 2004 година.
Имаат реално шоу, кај нас го има на travel&living, Jon and Kate+8 Многу се слатки

kateplu8_0-400x340.jpg

gosselingang550_550.jpg
 
Јас се чудам игла да боцне што ќе стане :)

Богами заебано, изгледа ќе ги чекаат на готовс малечките :)

А како тоа ќе ги чекаат кога пред неполн месец се родија?
 
Се извинувам што не сум информиран дека веќе се породила :toe: - одговара?
 
Се извинувам што не сум информиран дека веќе се породила :toe: - одговара?


Не е дали ми одговара, ниту пак имав потреба од извинување, само ме зачуди дека три поста погоре беше напишано па дури и слики од 8-те бебиња има.
 
Отидов дирекно на последен пост а тоа беше во нов таб, во меѓувреме работев друго и кога отворив го имаше само тоа :)

бакнежи и извинување за сликите на 8те бебенца :back:
 
gosselin_mom_sm.jpg


Добар стомак имаше и Кејт Госелин, мајка на најпознатата шесторка на светот, Госелин. Родени се во 2004 година.
Имаат реално шоу, кај нас го има на travel&living, Jon and Kate+8 Многу се слатки

kateplu8_0-400x340.jpg

gosselingang550_550.jpg



Значи затоа има милијарда ипол кинези........:nesum:
 
Случајот со бременоста на Надја Сулеман со осум бебиња е показител на крајна неодговорност како од нејзина така и од страна на нејзиониот лекар. Прво се работи за самохрана мајка која веќе има 6 деца, сите по пат на вештачко оплодување. Кој лудак би оплодувал инвитро жена во тие години (33год) со 8 ембриони стварно не ми е јасно, кога последиците се катастрофални, не само за бременоста туку и после тоа,бидејќи самото тоа што бебињата се родени во 30та недела од бременоста има невероватни понатамошни последици, кога законски во САД на жени под 35год не смее да се внесат повеќе од 2 оплодени јајце клетки. Друга работа што не ми е јасна е како ќе живеат тие 14 деца ѕаедно во нејзиниот трособен бунгалов и со што ќе ги издржува?!?! за да биде се по интересно еве ја нејзината вебстраница на која отворено си бара донации, www.thenadyasulemanfamily.com. Целиот овој чин е тотално неетички, ризичен и едноставно нехуман.
 
Не знам зошто некои ја осудувате Надја. Штотуку го изгледав целото интервју со неа. Таа раснела сама, нема ни брат ни сестра и одсекогаш сакала големо семејство.
Сите деца и се зачнати ин витро-тоа било единствениот начин после три спонтани абортуси да остане бремена. Досега има 6 други деца на возраст од 2 до 7 години, од кои две се близначиња(2год). За жал, 3 годишниот син е аутистичен. Бидејки сакала да има уште една ќерка, се одлучила на оваа последна бременост. Но бидејки при сите други ин витро во неа биле вбризгувани по 6 ембриони, а се раѓало по едно дете, 6 биле вбризгани и последниот пат.

Но овој пат сите 6 ембриони преживеале, а два се поделиле, значи сега има два пара идентични близнаци.
Кога била 5 месеци бремена, докторите мислеле дека се 5 бебиња и и предложиле неколку да абортираат, но таа не се согласила.
И на самиот пораѓај докторите биле убедени дека се 7 бебиња, па откако ги извадиле "сите" 7 и мислеле дека се толку, докторот сакајки да ја извади плацентата го видел и 8мото бебе.:pipi:

И таа самата не мислела дека на крајот така ке испадне да роди 8 бебиња. Таа само сакала уште едно девојче :pipi::pipi::pipi:
И немојте да ја осудувате дека сега има 14 деца... Во еден претходен пост имам пишувано за близнаците на Госелин. И тие немаа постојана работа и имаат 8 деца. Им направија реално шоу и сега и тие самите не си ги знаат парите.
А и америка што троши по 200 милијарди долари годишно за војни, нема да и се познае на секое од децата да даде по едно милионче.:toe:
 
Зошто ја осудуваат???? Прво бидејќи не е точно дека и претходно била оплодувана со 6 емвриони, туку сега за прв пат, а друга работа на 4 деца, невработена, со 781.000$ долгови не ми е јасно која е поентата на инвитро (да напоменеме кое е наменето за луѓе кои имаат тешкотии да добијат дете и немаат деца). Од тие 6 деца што ги има 3 се со тешки болести. Самото тоа што се 8 бебиња, и се родени во 30та недела од бременоста е катастрофален ризик сам по себе за децата да имаат хронични болести,конгитивна ретардација, срцеви и блеодробни болести, епилепсии и мал милион други ужасни здравствени пореметувања. Кај и бил паметот тоа ме интересира, не е се во тоа сакам девојче, на последиците воопшто не ни мислела тоа е проблемот.
 
Скоро секогаш при ин витро оплодувањето се вбризгуваат 2 или повеке ембриони, па затоа најчесто се раѓаат близнаци
Има долгови само 50 000$ (парите не се проблем)нека се живи и здрави децата
Ин витрото може да го користи кој си сака, не за џабе скоро сите холивудски ѕвезди кои имаат близнаци, се резултат на ин витро
Само едно дете има аутизам, кој нема правила кое бебе ке има аутизам, а кое не и дали мајката е 50, 35, 20 или 15 години
Ако на децата им било пишано да живеат, и во 25 недела да се роделе се ке си било во ред
Болестите кои ги наброи, можат апсолутно кај секое новороденче да ги има, а додуша и да се разболи од нив во текот на животот
 
gosselin_mom_sm.jpg


Добар стомак имаше и Кејт Госелин, мајка на најпознатата шесторка на светот, Госелин. Родени се во 2004 година.
Имаат реално шоу, кај нас го има на travel&living, Jon and Kate+8 Многу се слатки

kateplu8_0-400x340.jpg

gosselingang550_550.jpg

срцушки. на овие дечиња никогаш не им е досадно дома! :))
 
АЛАЛ ДА И Е НА СИТЕ ВАКВИ ЖЕНИ-ТОА ТИ СЕ ВИКА ЖЕНА И МАЈКА
 
ех, ко ќе видам вака бе :uvo: знаеш КОЛКУ се 50 000$? и тоа и се само студентски долгови. плус трошоците за лечење. плус 14 бебиња кои бараат храна, пелени, бањање, облека. или само романтичарски идеи шириш дека парите не се битни? просечна ГОДИШНА плата е околу 30 000. пред се, како она со 14 деца ќе работи нешто? од кои едно аутистично, едно парализирано, другите мање-више со по уште некоја мана. родители со по само едно аутистично дете одвај се справуваат, а не па покрај аутистичното да има уште 13 други што ќе се дерат. не, не може да ги има дефектите секое новороденче, веројатноста за дефекти е многу поголема кога во матката има 6 или 8 бебиња.
инаку, женава патела од депресија и сакала да има бебиња за да не биде депресивна :uvo: поедноставно ќе и било да си купи прозак, или ако сака нешто што мрда, да си купи куче/маче/хрчак/риба, ама ај. сега целиот терет за живот на децата паѓа на државата, очекува социјалното осигурување да ги покрие нејзините хирови. женава ми личи како малце налудничава и како случајот да ќе заврши со одземање на децата :toe:

Скоро секогаш при ин витро оплодувањето се вбризгуваат 2 или повеке ембриони, па затоа најчесто се раѓаат близнаци
Има долгови само 50 000$ (парите не се проблем)нека се живи и здрави децата
Ин витрото може да го користи кој си сака, не за џабе скоро сите холивудски ѕвезди кои имаат близнаци, се резултат на ин витро
Само едно дете има аутизам, кој нема правила кое бебе ке има аутизам, а кое не и дали мајката е 50, 35, 20 или 15 години
Ако на децата им било пишано да живеат, и во 25 недела да се роделе се ке си било во ред
Болестите кои ги наброи, можат апсолутно кај секое новороденче да ги има, а додуша и да се разболи од нив во текот на животот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom