ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум од Гостивар, кај нас беше ужас, никогаш до сега немам осетено толку јак земјотрес. Ѕидовите одеа лево-десно, помислив и дека зградата ке падне :pos2: Плус комшивките почнаа да паничат ... За да биде комплетно имаше и уште еден потрес кај 15,30 ама тој беше далеку помал по интензитет од првиот, а и пократко траеше.
 
Еј, земјотрес? Коа бе?
Јес да спиев ко тенк тоа време, ама ништо не осетив мајке ми. :icon_lol:
А ако не си го осетил исто ко да го немало. :)
 
Морничав настан на мајката природа ги потресе улиците на Гостивар. Имено денес се случи земјотрес со јачина од 5 степени Со епицентар кој според наши лични извори бил на 5 км од Гостивар, во атарот на селото Врапчиште. Земјотресот со послаб интензитет се почуствува низ цела Македонија но најизразено беше во западниот дел на земјава

Подоцна во Гостивар имаше уште неколку послаби потреси од тектонска природа кои беа забележани од се на се мал број граѓани

Населението во Гостивар е малку растревожено а вашиот дописник кој беше затечен како кафенисува и ака по гостиварските улици беше смртно преплашен. Мрежата на т-мобајл беше преблокирана неколку минути после земјотресот, но подоцна се се нормализира

Штетата сеуште не е проценета но од селаните на с. Врапчиште дознавме дека има напукнато неколку стари куќи, додека во градот се чини мирно освен што на првиот ми комшија му напукна фасадата од доградбата- лепенка

Од Центарот за елементарни непогоди ги замолуваат граѓаните да не се оддаваат на алкохол и дрога бидејќи ова сепак не е апокалипсата




За Кајгана директно од Гостивар
Снежана Лупевска - Малерот
 
ништо не осетив, а бев будна а и трезна. да не слушнев на вести, т.е.да не ми се јавеа да прашаа дали сум добро(пошто тресело јако според некои, а многумина не го осетиле) немаше ни да знам дека имало земјотрес:toe:

Како што реков, многу луѓе не го осетиле, а некои викаат дека многу тресело, се` се нишало.., ама се е тоа рекла-казала
Инаку добро е што не го осетив, сигурна сум дека ќе испаничев. вака, мирна душа:pipi:
 
Имаше во Струмица земјотрес?
Јас тоа време спиев.
Дај нека каже некој :)
 
Ништо не осетив.Случајно на вести слушнав дека имало земјотрес!
 
у кавадарци се осети
ја си глеадам телевизија и почна да се тресе креветот
иначе на 8-ми спрат сум
 
Абе какво Скопје,какво Тетово.Во Гостивар беше најак земјотресот,епицентарот беше во село Врашчиште 3 километри одалечено од Гостивар.Ја баш станав во 1 од спиење гледам викаат комшииве трчаат ја не знаев што се случуа,мислев дека сонуам:pos2:
 
Ja на Кајгана и уствари дознав за ова... иначе 6 другари седевме у Буњакоец у трговскиот и никој нишо не осети х)
 
Абе какво Скопје,какво Тетово.Во Гостивар беше најак земјотресот,епицентарот беше во село Врашчиште 3 километри одалечено од Гостивар.Ја баш станав во 1 од спиење гледам викаат комшииве трчаат ја не знаев што се случуа,мислев дека сонуам:pos2:
си ја пропуштил журката... јас бев во трговскиот кај дипломат... фешти беше
 
Ја бев дома,само што станав.Гледам едни на втори спрат трчаат по шкали.А тие 5 деца се и мајка и татко,и сите по редослед слагаа од најмало до најголемо.Едната ми звони на врата и ми вика бегаааај ќе умреш земјотрес е,а ја се збунив мислев дека сањам.Како и да е заебана работа...
 
уште еден земјотрес сега во моментов пред 30 секунди
 
Еве го уште еден во моментов!Ќе умрам од страв!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom