ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 62
Но, доколку начинот на припрема на зеленчукот не е соодветен, тогаш може да се случи обратното. Зеленчукот може да има киселост исто како газираните пијалаци.
Општо познато е дека ваквата киселост го разлага забното ткиво.
Истражувачите откриле дека за разлика од варениот зеленчук печениот е со зголемена киселост. Ова особено се однесува на зелените пиперки, модриот домат и морковите.
Д-р Грем Џедвик кој го водеше истражувањето во средношколските кујни во САД, вели дека ова сознание може да им користи на стоматолозите кога ги советуваат своите пациенти околу исхраната со цел да се избегне или „победи“ денталната ерозија.
Со истражувањето се дознава дека начинот на припрема не влијае исто кога станува збор за доматите или кромид. Односно овие можат да се печат и да се варат.
Црвените пиперки пак, се со поголема киселост кога се варат.
Лекарот ги посочува вегетаријанците како загрозена група кога станува збор за припрема на прехранбените продукти.

