Зедов возачка! Каков автомобил да си купам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Кај го ископа новиот вартбург... Муабетот ми е... секој знае што е најдобро, но сепак кај нас финансиите се главен проблем. Инаку се знае за почетник нова малечка кола со сите салтанети, но пак ке речам, не сме во германија каде има одлични патишта а и услови секој малд човек да си купи нова кола и сам да си ја отплаќа
 
3806_5.jpg


wartburg-back.jpg
човеци ова ако е новио вартбург онда ова е дефинитивно закон кола бе линија има мн убава
повише ми се свиѓа и од сеат леон и од фиат браво
 
Ako ti go davaat Lambe so klioto podobro zemi 18to brzinec:pos2: :pos2: druze nemoj da si zemal Tigra,imase eden drugar posle edna nedela placese za da mu ja zeme nekoj,samo ti si znaes ubavo razmisli si,najprvo sedni,svrti eden krug...ako zemate opel samo benzinec,nemoj dizeli ve molam,Opel+Diesel=Katastrofa.
Не се сложувам со ова Опел дизел = катастрофа.Јас возам Опел дизел 2.0 дти имам поминато 202000 и нема гајле,иде исто како кога бесе нова а и до сега сум немал некој крупен дефект се на се околу 150 евра имам дадено за делови ако ги ставиме на страна потросните делови нели.Значи и после 200 000 не фрла црно низ ауспух а и влече супер,можам да ти дадам пример дека еден таксист комшија има поминато 360 000 али вика дека усште малку и ке треба да го ремонтира,а после 400 000 која кола нема да треба да се ремонтира.Така да тоа дека Опел дизел не чини важи да оние опели пред 96 година.Од тогаш навака ставаат екотек мотори,а тие се еднакви во издржливост како и хди или сите други.Плус новиве цдти мотори ги има и во фиат.
И за крај да не го тупам многу,кога сега би земал кола пак би земал опел дизел,затоа што ем се економични(2.0 16в ми троши 7.5 низ град и 5.5 на отворено со пуштена клима) а и кај мене се покажа како супер издржлив мотор.
Поздрав
 
Abe ja taka iam slusano,gledam se zalat ovie so imaat dizel opeli,tetin mi bas zema vectra dizel za taxi i odma ja smeni za benzinec 1.6 mislam okolu 100konja i vika kade kade e podobar benzinecot kaj opel...nema vrska.

Drugar wartburgov go najdov slucajno na internet,poima nemam ni kolku e ni kako e samo mislam deka e koncept.
 
Ова ќе биде новиот Сигнум...не се палите...нема да е Wartburg. Wartburg е купен од Opel и пред некоклу години сакаа да видат луѓето како ќе реагираат на дизајнот и тоа дека Wartburg (Опел ги има правата за користење).
 
го баталив јас oltcit-от, година дена на паркинг стоен бил... :) него, сега нешто татко ми збори, нашол некој citroen xm од '94, супер сочуван, со хидраулика сменета, целосен ремонт... се исплати да го земам?
 
Citroen во главно се скапи во хидрауликата. Искрено за претпоставувам 2500-3000 евра имаш МНОГУ други возила, средени дотерани.

Французите се добри во комфор, ама ако се расипи нешто ќе те соголат од пари земање. Еден електричен дел (од типот на тастер :) ), може да оди од 30-50 евра па нагоре!

Најубав компромис ти е германец, малку поскапо плаќаш на почеток потоа е евтино и квалитетно.

Тука некаде е италијанецот, само што патат од корозија и евтина пластика, но евтина цена куповна и евтини делови.
 
го баталив јас oltcit-от, година дена на паркинг стоен бил... :) него, сега нешто татко ми збори, нашол некој citroen xm од '94, супер сочуван, со хидраулика сменета, целосен ремонт... се исплати да го земам?
Шо пара ти бара? Инаку имаат доста добра вожња така да ако е сменета хидрауликата треба да е се ок. Инаку хм е претходник на ксантија, доста се просторни и мене ми се бендисуваат многу.
 
Шо пара ти бара? Инаку имаат доста добра вожња така да ако е сменета хидрауликата треба да е се ок. Инаку хм е претходник на ксантија, доста се просторни и мене ми се бендисуваат многу.
бара 4000 евра (веројатно 1000ка бара за емоционална штета предизвикана од разделување со колата...):) ја видов колата, прилично е голема, долга скоро 5 метри, широка 1.80... што знам, некако не ми се даваат толку пари за толку стара кола. најдов сега некој логан, 2005та, поволна цена, па ќе видам.. фала у секој случај :)
 
Шо пара ти бара? Инаку имаат доста добра вожња така да ако е сменета хидрауликата треба да е се ок. Инаку хм е претходник на ксантија, доста се просторни и мене ми се бендисуваат многу.

XM не е претходник на Xantia, туку е една класа повисока. Се произведуваа и истовремено, па се заменети со Ц5 и Ц6 соодветно.

бара 4000 евра (веројатно 1000ка бара за емоционална штета предизвикана од разделување со колата...):) ја видов колата, прилично е голема, долга скоро 5 метри, широка 1.80... што знам, некако не ми се даваат толку пари за толку стара кола. најдов сега некој логан, 2005та, поволна цена, па ќе видам.. фала у секој случај :)

Не ја препорачувам колата како за почетник, не заради големината и сл. туку заради специфичноста на хидрауличната суспензија...Знаеш...нема да имаш осет за патот, за инерцијата, за ништо...башка, хидраулитката е терсене работа.

10101:
Врска нема скапи делови за француска кола...
За тие 50-те евра кој ги споменуваш, купив цела брава (сосе електронскиот дел за предна десна врата) за мојата, и тоа од сервис. А и другите делови се со „нормални“ цени...и тоа SASIC.
 
па што знам, имам возено логан, вака не гледам нешто страшно дека е. ама сепак не сум до толку упатена, па фала на советот :) уствари јас барам нешто вака (па ако некој случајно знае, нека каже) сакам да земам на лизинг некоја кола, да е до 6000 евра. е сега, работава е што на ново нема шанса да земам кола за тие пари (спарк не земам ни гратис да ми ја дадат). гледав низ авто салониве, имаат нешто на старо да се земе за тие пари, само што староста на колата+ратите од лизингот мора да се вкупно 7 години (пр. ако е колата стара три години, можам да го отплаќам лизингот уште 4 години-3 год.кола+4 год.отплаќање=7). има ли некој појма кај можам да најдам нешто до 2 (максимум 3) години старо за да го земам на лизинг или автокредит под тие услови? логанов го најдов така, ама има некој проблем со лизингот, фирмата не работела со таа компанија, бла-бла.. ако знаете нешто друго такво, пишете..
 
AlternativeF ќе го цитирам познатиот Хенри Форд „Најубава кола е нова кола!“.

1) Тој што продава кола, таа сигурно има некоја маана. Особено важи за автомобилите од 3000 до 6000 евра.
2) Подобро добро размисли, јас сепак не би давал толку пари за кола ако сум почетник. Ако веќе сакаш нешто на француска база, имаш Citoren AX, ZX, Renault Clio со цени од 2000-3000 евра.
3) РАЗМИСЛИ добро. Сепак ќе плакаш по 80-90 евра месечно за старо! возило, а знаеш дека истите пари ќе можеш да купиш ново под гаранција и ќе бидеш прва сопственичка! Нема да се сеќираш кога ќе одиш на лето во Грција на одмор, дали нешто по патот ќе ти отиде УПМ!
 
1) Тој што продава кола, таа сигурно има некоја маана. Особено важи за автомобилите од 3000 до 6000 евра.
Друже, немој бе и ти ваква логика, ко дедо ми.

Луѓе секојдневно продаваат коли, кој бидејќи е во зорт и му требаат пари, кој бидејќи напраил пари и сака да си купи поубава и понова...зарем кола се вози до крај на живот?

Нормално, кога се купува половна кола треба да се отворат очи пошто има секакви хоштаплери, ама има сосема солидни половни колички.

Или кога некој ќе ме праша за нешто "зошто го продаваш?" Kaкво глупо прашање, на такви им се одовара веднаш "затоа што нечини и затоа што е расипано" ради мајтап. Што курац го боли зашо го продавам...

До 6.000 има сосема голем избор на солидни половни колички. Пријател пред некој месец за 4.800 зеде Пежо 206-ка, стакло сочувано.
 
Да, ок тоа. Не викам дека СИТЕ се такви, но знаејки го македонскиот менталитет. Пример, пред да ја продава ќе ја „замачка“ колата да лепи око што побрзо да се откачи. Оди до авто-пазар ќе видиш што се случува. Целта им е да ја продаат колата по секоја цена, со минимум вложува и одржавање.

Тоа што ти си таков што можеби сакаш да смениш кола, останатите не се такви. Најчесто тие што сакаат да сменат кола се познаваат, колата си има соодветни воочливи маани. Затоа се купува девствена кола, подобро да му фали нешто да си ја опраиш отколку да ја купиш „ко од салон“ :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom