Здравко Чолиќ во Борис Трајковски на 25.12.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Од Фејсбук:
Parter - 800 den
Tribina - 1000 den

Во Југотон ке ги има од 6.12.2010
 
^
Е ова е веќе реална цена. не верувам дека ќе одам не ми се даваат толку пари пред Нова Година па уште и триста родендени и свега и свачега измеѓу.
 
Си купив карта, ла, ла, ла, ла! :vozbud: Ајдеее Здравееее! :music3:
И плус со картата даваат ДВД од концертот во Кошево. :)
:pipi:
 

Каква изведба! Дино Мерлин ми е во срце, посебно па вака заедно сеа што ја пејат песнава! Совршенство! Не можам да дочекам!
 
Одвај чекам да дојде 25, Чола е еден и со него секогаш е загарантиран добар провод. Бев на двата концерти на плоштад, на два на Градски и во 2007 на Маракана и на сите си поминав екстра.
Картата е купена, па за неколку дена - журка :vozbud:

--- надополнето ---
 
Јас почнав да ги повторувам песните, домашното да го напишам... :icon_lol:

Као моја мати ми е хит деновиве...
 
ПОП ЅВЕЗДАТА ЌЕ РУШИ РЕКОРДИ НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ

Здравко на сцена со 35 луѓе

Здравко Чолиќ на концертот во сабота во салата Борис Трајковски ќе руши рекорди. Најголемата екс југословенска поп-ѕвезда на сцената ќе се се појави со екипа од 35 луѓе. Шесточлен бенд, осумнаесет гудачи, три придружни вокали, и осум танчарки.

Организаторите, "Гуливер милс", најавуваат дека концертот ќе трае три часа најмалку. Билетите за концертот чинат 800 и 1000 денари. Со се билет се добива подарок ди-ви -ди од концертот на Чолиќ летово во Сараево, на стадионот "Кошево".
"Доаѓам во мој град. Затоа концертот ќе таре три часа минимум, не може помалку. Во Скопје го сакам Водно, сакам да шетам накај Пантелејмон. Сакам и некои скопски ресторани кои ги држат мои пријатели. Иако во Скопје секаде фантастично се чувствувам, обично претстојувам надвор од градот", изјави Чолиќ за "Вест".
Поводот за концертот е актуелниот албум "Кога ќе ме погледнеш преку рамењата" (Кад погледаш ме преко рамена). На цедето, како еден од хитовите се издвои "Манијачи", првиот дует во кариерата на Чола, кој го испеја со Горан Бреговиќ.
" Песната е делумно автобиографска, го има тој дел кој е врзан за Сараево и за тие наши дружења. Обично одевме на игранки. Во тоа време Брега ја имаше групата "Кодекси", а јас бев во "Амбасадори". Сите кои свиревме во салата "Скендерија", по настапите одевме на игранки, во кино, во Баш чаршија. Онака гладни по свирка на бурек или ќебапи", се сеќава Здравко. За муабетите дека е скаран со Бреговиќ, откако не настапил на српскиот избор за песна на Евровизија каде што Бреговиќ беше автор на песните тој вели:
" Можно е Брега малку да беше лут затоа што не настапив во таа емисија, но јас навистина тогаш имав некој вирус. А бидејќи не ја сакам "Евровизија", многумина моето непојавување го протолкуваа поинаку, како мој бојкот. Но навистина бев болен. Немав температура, но лошо се чувствував и гласот ми беше зарибан", а не сакам да пејам на плеј бек", открива Чолиќ.
Поп-ѕвездата заедно со Бајага е единствениот пејач кој никогаш не се сликал со семејството. Летово, хрватските папараци го сликаа на одмор на Брионите. За сопругата Сандра ретко зборува, одговара само на прашањата за ќерките Уна и Лара.
" Ќерките ја слушаат Лејди Гага, тато е помалку присутен. Интересни ми се кога ќе чујат нешто мое старо. Така, летово еден мој роднина ги возеше на море во Бока Которска и по пат во автомобилот на радио пуштиле некоја моја стара песна која тие никогаш не ја чуле. Роднинава ги прашал кој пее, тие не знаеле", вели Здравко.
 
е очекува спектакл на легендарниот Здравко Чолиќ

Најголемата екс-југословенска поп-ѕвезда Здравко Чолиќ утревечер, 25 декември, во салата Борис Трајковски ќе одржи концерт, од кој се очекува спектакл.

Легендарниот пејач и на сцената ќе го придружуваа екипа од 35 луѓе. Шест музичари во бенд, 18 гудачи, три придружни вокали и осум танчарки. Концертот ќе трае три часа, а билетите веќе се продадени. Има уште мал број билети за стоење (билетите чинат 800 и 1000 денари).

Со секој билет се добива подарок DVD од концертот на Чолиќ летово во Сараево, на стадионот Кошево.

Поводот за гостувањето на вечното момче Чолиќ во Скопје, каде е секогаш добредојден и премногу омилен, е актуелниот албум Кад погледаш ме преко рамена. На цедето, како еден од хитовите се издвои Манијачи, првиот дует во кариерата на Чола, кој го испеја со Горан Бреговиќ.

Поп-ѕвездата заедно со Бајага е единствениот пејач кој никогаш не се сликал со семејството. Летово, хрватските папараци го сликаа на одмор на Брионите. За сопругата Сандра ретко зборува, одговара само на прашањата за ќерките Уна и Лара.

Ќерките ја слушаат Лејди Гага, тато е помалку присутен. Интересни ми се кога ќе чујат нешто мое старо. Така, летово еден мој роднина ги возеше на море во Бока Которска и по пат во автомобилот на радио пуштиле некоја моја стара песна која тие никогаш не ја чуле. Роднинава ги прашал кој пее, тие не знаеле - вели Здравко за весникот Вест.

Организатор на концертот е туристичката агенција Гуливер милс
 
Ви дадоа со картата ДВД?
Слушам некаде давале, некаде не давале... во Гуливер што купија им дале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom