Збогум Југо

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Производството на автомобилот „Југо“, кој беше симбол на многу генерации во поранешна Југославија (како и инспирација за многу вицови), од идната година (конечно) ќе престане.

Со инсталирањето на новата технологија на „Фиат“ во фабриката во Крагујевац ќе престане производството на сите модели на „Застава“. Српската фабрика единствено ќе биде законски обврзана во наредните седум години да произведува резервни делови за своите „олдтајмери“.

Повеќе
 
Хе хе. Крај на една ера.

А некој купуваше последниве години југце ново?
 
Омилената моја кола. Колку сум плачел кога го продадовме немате појма :pos2::pos2::pos2:
 
Никогаш не сум го сакал... А неможам да кажам Бог да го прости, бидејки е од друга ера :D

Колку и да го сакаме/мразиме сепак мислам едногласно ќе се согласите дека редно беше.
 
ubo beshe :pos2: vrsese rabota i plus imase greac na zadnoto staklo i ko che go turkavme vo zima si gi toplevme racete
 
Редно време беше ... :tapp:
 
Конечно.... Моделот кој се вози 30 години на балканските простори, и можеби единствен модел на возило кој во текот на толку опстојување не доби класичен редизајн и комплетен сменет изглед.

Јеби га, италјанците им го дадоа, италјанците пак требаше да решат да го повлечат од производство. Само да не биде сега тоа што го прават (застава 10, или некој друг модел) пак како Југото да го тераат уште 30 наредни години без измени.

П.С. имаше најава дека ке се обнови производството на 128 и 101. Се надевам дека италјанциве ке му забранат таа глупост да се повтори.
 
Зш бе Џишо, баш е супер стокецот.
 
Ај бе супер е.... Не е супер, возило со дизајн од 1980 супер било за своето време. Сега веќе застарено е, не гледаш почнаа модели да излегуваат на секои 2-3 години. Еве земи го пример Голф. Единицата се произведуваше од 1978 до 1986 (некои 10 години), двокјата од 1986 до 1993 (7-8 години), тројката од 1993-1998 (5 години), четворката 1998-2003 (4 години) а петката веќе замира по само 2 години, и најавена е шестка. Значи во 30 години се сменаа 5 дизајни и колкава е разликата да возиш голф единица и петка??? И кој паметен би возел 101? Ефтини биле, џабе им е сето тоа, кога 90% од луѓето (со право) побрзо би возеле спарк одколку 101. Барем спаркот има свеж и модерен дизајн.
 
Абе појќе се разбираш во овие работи од мене, ама не знам зш, ќеф ми било отсекоаш првата кола шо ќе ја возам да е стокец, стодвајсосумче или така нешо... ќе ја исфарбам ко циркуско одело, пимп мај рајд маседоунија и тако... :)
 
Абе тоа е ок, секој има желба да вози некакво возило. Ама тоа што претераа со производството на Југата.... стварно тие возила го моторизираа балканот и југославија, но за прекратувањето на производството сами се криви. Марката можеше да опстојува, доколку вложеа некој динар во неа, направеа еден редизајн во деведесетите, па еден редизајн сега. Тие немаа никаков влог, единствено пресоваа делови и ги склопуваа. Се чудам како има уште интерес за тие возила, и ден денес има Југо-манијаци па ги купуваат.
 
Абе југо е најдоброто нешто од застава. Ама застава е најлоша марка автомобили. Никогаш не би купил нешто од нив. А оваа застава 10 е исто срање. Фиат кога го продаваше во фабричките податоци стоеше 5 литри на 100 км. А сеа 7.2 на сто литри пише за тоа застава 10
Инаку од 2009 застава повеке ке прави делови за фиат. пошо некој погон од (не сум сигурен која земја беше) ке го префрлале во крагуевац
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom