Збогум Југо

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Абе југо вакво онакво дека не го биваше е вистина ама беше кола која секој можеше лесно и евтино да ја прави што би рекол еден мој другар во трафика да побараш ќе најдеш дел за југо и повеќе од 100 денари немада те фати. А и мора да признаете секој кој ќе се вработеше и ќе сакаше да се оддели од татко му да си има своја кола прво што купуваше е југо
Да не кажувам колку мака треба за да смениш брзина ако и ова пунтото што ќе го прават биде исто поарно да не го прават
Знам од што имав и од постарите југо корал а после и темпо имаа барем подобрување кај темпото во кочниците што имаа серво уред а не како кај коралот кочниците зависеа од силата на возачот или попознато кај народот како АЗЗ(ако застане застане)
Сепак исто како и фичото и ова е најупотребуван автомобил на овие простори и секако кај некој страсни југоносталгичари и постари ќе им биде жал.
А јас викам добро е што нема веќе да се произведува бидејќи беше катастрофа троши како да е некој џип ќе ’рѓоса после една година па го крпиш секое лето единстевено добра страна беа греачите на задно стакло да не ти мрзнеа рацете во зима:pos2:
 
Фала богу им текна да му ги скратат маките... доста беше!
yugo.jpg
 
Jugo-то е дел од една гама на автомобили кои што ако не биле лоши кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите...
после тоа станаа толку лоши...
дури за греота.
Пред десет год. требаше да ги повлечат,не сега...
дотраени и стари се.

Се надевам дека нашава влада...
ќе најде сила и ќе направи потег со кој што ќе дозволи да се увезуваат стари коли без многу дрн-дрн...
пошто BMW,Mercedes или AUDI старо 6-7 год.
не може да не исполнува `стандард` во земја во која што има толку многу стојадини,југца,128-ци,тристачи,фича,пегли...и питај Боже што уште не.
Имаме најзастарен возен парк во Европа !
И најголеми цени на половни возила во истата таа фуцкен Европа.
 
Да давале вакви во пакет со автото, немаше да се повлече од продажба. Ама, лош адвертајзинг...

zastava101.jpg
 
Отиде значи и последната реликвија за југоносталгичарите.

Абе појќе се разбираш во овие работи од мене, ама не знам зш, ќеф ми било отсекоаш првата кола шо ќе ја возам да е стокец, стодвајсосумче или така нешо... ќе ја исфарбам ко циркуско одело, пимп мај рајд маседоунија и тако... :)
Ами само такви и ги возат сега :toe:
 
ало

Да давале вакви во пакет со автото, немаше да се повлече од продажба. Ама, лош адвертајзинг...

zastava101.jpg

aбе што ти е на тебе бе,оваа тетка има сега најмалце 50-60:vozbud: години мислиш дека некој би ја земал???????:pos2:
 
Заврши значи и последниот симбол на толку многу ЈУ генерации.
 
Имаме најзастарен возен парк во Европа !
И најголеми цени на половни возила во истата таа фуцкен Европа.
И моќни групи на интерес (читај - импортерите на возила, потоа банките кои живеат од кредити за автомобили...се е врзано во круг) кои се во љубов со секоја влада, па затоа законите за увоз се такви какви што се - ги штитат нивните интереси. Ама, тоа е друга тема на муабет.
 
Се надевам дека нашава влада...
ќе најде сила и ќе направи потег со кој што ќе дозволи да се увезуваат стари коли без многу дрн-дрн...
пошто BMW,Mercedes или AUDI старо 6-7 год.
не може да не исполнува `стандард` во земја во која што има толку многу стојадини,југца,128-ци,тристачи,фича,пегли...и питај Боже што уште не.
Имаме најзастарен возен парк во Европа !
И најголеми цени на половни возила во истата таа фуцкен Европа.

Ова ти е многу точно.Како може во сите, аполутно сите држави да има ефтини половни автомобили од странство донесени, само кај нас нема. Не задоволувале критериуми, или да ја донесеш додека регистрираш, уште дупло да даеш од што си ја купил.

Страшно
 
а имаше и своја холивудска кариера :) :)
меѓу дел од филмовите од 80тите (приближно)..Drowning Mona со Дени ДеВито :) :)
секој божји граѓанин на малото градче возеше ЈУГО!!! :jaj:
 
имам еден 101 така стој ептен ми е на кев да зеам возачка и ко че го светнам ко авион че го напрам не ми треба друга кола супер е тера 150 доста е
 
Пу бре а баш му се готвев догодина кога ќе земам возачка да купам едно на ново а сеа така ме зезнаа. Ама ќе најдам некое на старо позачувано ќе го светнам ќе го направам лимузина.
 
Абе мислам дека стварно требаше порано да им текне. Иначе поздрав до Џиш со еден голем контра-коментар дека не треба да се произведува 101. Стокецот можно е да почне повторно да се произведува ама со многу помодерен дизајн и нормално со подобра опрема. Видов и скици на новиот 101 на еден сајт ама не ми текнува каде беа. Ако случајно повторно ги најдам ќе ги закачам овде за да ги видиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom