И вакциниран мислам дека можат да се добијат заушки, но со послаб интензитет на болеста, ако ме сфаќате што мислам.
Конкретно пример шо го познавам, со примени вакцини имаше помал оток и болки при јадење и голтање. Точно 15 дена одмараше пред да оздрави. Без покачена температура, главоболки...или некакви други компликации.
Во контекст на темава:
Алармантна ситуација со заушките во Прилеп
Секој ден бројот на заболени од заушки во Прилеп се зголемува за 20-тина нови деца. Од почетокот на годинава заболеле скоро 300. 75% од нив се средношколци, односно оние деца кои во почеток на 90-те години не примиле вакцина, но има и голем број спротивни случаи.16-годишниот Христијан Божиноски иако ги примил и двете вакцини, заболел од заушки.
„Ми рекоа само дека имам заушки и ништо друго, а јас ги имам примено и двете вакцини“, вели Божиноски.
Досега во Прилеп се хоспитализирани 35 луѓе со компликации. Лекарите не знаат зошто и покрај вакцините децата заболуваат од заушки.
„Мислам дека во моментов се испитува дали вирусот евентуално мутирал, дали е комплетно нов тип на вирус или пак има пропусти во вакцинирањето“, изјави Емилија Костоска, лекар во Инфективно одделение Прилеп.
Граѓаните се во паника. Постојано прашуваат дали децата им се вакцинирани.
„Ревакцината кај некои од нив е изостаната затоа што таа е воведена во 1997 година како редовна ревакцинација на на децата“, рече Василка Младеноска, началник на Примарна здравствена заштита.
Од Заводот за здравствена заштита велат дека нивни екипи се постојано на теренот и ги евидентираат оние случаи кои заболеле, а не се пријавиле во амбулантите, а исто така се евидентираат и оние деца кои воопшто не примиле вакцина.
Дел од експертите предлагаат за да се стопира болеста да се прекине наставата во училиштата каде најмногу се заразуваат децата.
„Очекуваме бројот на заболени да расте со блиските контакти на децата во училиштата“, истакна Татјана Мургоска Станимировиќ, началник на Епидемиологија во ЗЗЗ - Прилеп.
Се очекува деновиве да се вакцинираат сите деца кои ја немаат примено вакцината.
Ебаго!!!
