Заушки

До сите со '' јас имам заушки - синдром '', нема шанси да промашите ако сте болни, прво почнува со оток на едната/двете ( зависи, ако е една па друга ќе трае подолго но помалку ќе боли )страни на лицето, нема да можете да џвакате.
 
Децата кои се на возраст од 13 месеци до 14 години, а сеуште не се вакцинирани или се непотполно вакцинирани (примиле само една доза од потребните 2) против заразни заушки, веднаш треба да се јават во најблискиот Здравствен дом, во Службата за вакцинација.

Што се заразни заушки?


Заразните заушки се акутно заразно заболување предизвикано од вирус, кое најчесто ги зафаќа задушните жлезди што лачат плунка, но можат да бидат зафатени и другите плункови жлезди, половите жлезди(тестисите кај машкиот пол и јајчниците кај женскиот), мозочните обвивки и панкреасот.

Како да се заштитам од ова заболување?


Заразните заушки се заболување за кое постои вакцина. Во РМ, вакцинаијата против заразни заушки е задолжителна за сите деца на возраст од 13 месеци и на 7 годишна возраст кога се врши ревакцинација, со комбинирана вакцина против мали сипаници, заразни заушки и рубеола (МРП).
Болните лица треба да се изолираат во домашни услови, особено ако одат во училиште, интернат, студентски дом, градинка и сл. Да се избегнуваат блиски контакти со други лица или групи кои можат да се заразат, една до две недели по појавата на симптомите.

Како доаѓа до зараза?



Извор на зараза е човек со знаци на оваа болест, иако заболувањето може да протече и без појава на никакви симптоми.
Заболениот е заразен за другите неколку дена пред почетокот на болеста и околу 1 недела по појавата на симптомите.
Заразениот човек го исфрла вирусот од своите дишни патишта во надворешната средина преку ситни капки при зборување, викање, кашлање, кивање при што можат да се заразат лицата од неговата блиска околина. Пренесувањето може да се оствари и преку контакт-директен и индиректен. Директниот контакт е можен при бакнување и гушкање, а индиректниот контакт преку загадени предмети од околината (играчки, прибор за јадење, чаши и други предмети).


Кои се знаците на болеста?


Времето кога човекот е заразен но сеуште нема симптоми, се движи од 10 до 25 дена, а најчести изнесува 18 дена. Болеста почнува нагло со општи симптоми: истоштеност, главоболка, губење на аптетит, покачена температура. По еден или два дена се јавува оток кај задниот дел на долната вилица, пред увото, обично од едната страна. На тоа место се чувствува затегнатост, болка при џвакање, намалено лачење плунка и болка во пределот на увото и гушата. По 2 до 4 дена се јавуваат вакви промени и на другата страна на лицето и се влошува општата состојба.
Иако се најчесто нападнати заушните жлезди, може да заболат и други жлезди од кои најчесто биваат зафатени тестисите кај машкиот и многу поретко јајчниците кај женскиот пол, како и панкреасот, а често нападнати се и мозочните обвивки.
При зафаќање на тестисите кај машкиот пол со оваа болест, исклучително ретко, како последица може да настане стерилитет-ако се зафатени двата тестиси.


Кој најчесто заболува од оваа болест?


Болеста најчесто се јавува кај деца на возраст од 5 до 15 години, но ако детето не заболи во овој преиод, болеста може да се покаже и во подоцнежна возраст.
По прележувањето на болеста останува доживотен имунитет(отпорност) кон оваа болест.
По вакцинирање се создава долготраен имунитет(отпорност), но заболувањето може да се јави и кај вакцинирани лица, обично повеќе години по вакцинацијата.







Ова е од брошурите што ни ги даваа во школо. :drk:
 
Ја денес проверив двапати се имам вакцинирано и ако има потреба од некоја вакцина ке ме викнеле со покана.Срека во градов нема никој заболено иначе тешко нас.
 
Ја бев во болница викаат дека го изгубиле картонот од генерацијата 90 и дека ако ги немаме книшките не се знае дали имаме примано вакцина а и нема да смееме да примиме.....
 
Ја бев во болница викаат дека го изгубиле картонот од генерацијата 90 и дека ако ги немаме книшките не се знае дали имаме примано вакцина а и нема да смееме да примиме.....

Дива лига бе:)
Јас денес одам кај матичната и ми вика абе уште нема вакцини.А убаво слушнав дека од понеделник ќе има вакцинација.Денес кажаа од утре ќе се почнувало и ќе било со покани.Дури да ме поканат мене ќе ме фатат тоа заушките.
 
Цела десна страна на главата ме боли, поготово увото, најмногу кога се движам.
 
Izvinete na latinicava:mene me boli glavata poslednive denovi ali imam nesto kako hronicen rinit....Mozno da me boli glavata od toa....

Мислам дека е можно, едно дете од мојот клас имаше заушки и вика дека го болеле многу и глата го болела дури
 
Денес одам јас искулиран кај матичниот доктор и влегувам кај него и рефлаксно ми вика:

Jaс:Докторке??
Докторкава: Вакциниран си немај гајле..

И фино лепо си ја затворив вратава.. И таман тргнав да си бегам излегува и ми вика:
Докторкава:Некој од другарите товои имаат заушки??

- И јас и викам да.. А зашто??

Докторкава: За 20 дена и вас има можност да ве фатат..
И сега си терам со помислата дека за 20 дена ке одам по капа и јас..:pos2::pos2:
 
хаха.немора да значи. Кога се вракавме од екскурзија у автобусот имаше деца со заушки и овој еден доктор вика ке ве фати за 18 дена.Фала богу ништо не биде.
 
Вчера на едно девојче од мојот клас му велеа дека има заушки, бидејќи незнам што и биле црвени ушите, а сега гледам ставила на МСН топик: Неее ќе ме носат во државна болница. :S

Бидејќи јас вчера бев во допир со тоа девојче, а имам примено две вакцини против заушки, колку се шансите и јас да заболам? (претпоставувам дека тоа има добиено, ама без разлика)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom