Зашто странски екипи?

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrooper
  • Време на започнување Време на започнување
Баце, и на Марс да живеев би навивал за Јунајтед. Тоа е судбина. А нашава лига што е катастрофа, најмалку криви се навивачите. И не верувам дека во наредни 50 години ќе се управи.
 
Во ред е да се навива за странска екипа одговорот е многу прост таму квалитетот е многу голем за разлика од нашата лига.
Но моето прашање би било зошто сите се толку збудалени по странски фудбалски екипи.
 
Во ред е да се навива за странска екипа одговорот е многу прост таму квалитетот е многу голем за разлика од нашата лига.
Но моето прашање би било зошто сите се толку збудалени по странски фудбалски екипи.
Странските фудбалски асоцијации знаат да си го рекламираат првенството и од него да напраат бизнис. Секаде да продаваат ТВ права. Секој клуб има своја стока во смисла на роба). Секој клуб има одлично организиран сајт. И пред се секогаш нудат забавен фудбал и секогаш се во врвот на фудбалска Европа.
Мислам дкеа ме разбираш што сакам да кажам.
Зошто некој би одел да гледа МК фудбал кога типците одвај трчаат и не ни знаат да шутнат. Да не почнувам со наместените утакмици (добра да не се лажеме, и во странство не е се чесно нели).
 
Одсекогаш сум сакал да глеам Македонско првенсто,ама ете,нема ни каде да глеаш.А и не е баш интересно,како и да е,радо би глеал дерби утакмици..А шо курац ќе навивам,кога овие од мојот град и у општинска не играат..Кога беа у 3-та одев,гледав..Сеа веќе пропаднаа..Тоа е..
 
Кога се сака се се може
Мене речиси ништо неможе да ме спречи да одам на стадион и да го гледам Напредок.Има луѓе кои не пропуштаат натпревар (некни во снегот тие што си се стандардни тука си беа) така да не е само до квалитетот туку и до луѓето е.
 
Затоа што нема македонски фудбал..
Затоа што нема Гостивар свој клуб,за кој би можел да појдам и да урлам на стадион и се радувам.
 
Прво и основно, квалитетот е спаднат под нулата и нема никаква игра.:tapp:

Второ, скоро пред секоја утакмица се знае крајниот исход, сакале ние или не, така е :kesa:

Трето, ниедна екипа од македонското првенство не се пласирала во евро-куповите,лимитот во последните неколку години е 3 квалификациско коло од ЛШ или ЕЛ.

Зошто е така ? Затоа што во управите на клубовите стојат луѓе кој само гледаат да пикнат голема пара в џеб, посебно ако е некој екстра-талент не гледаат да го задржат за да малку се подобри квалитетот на екипата:tapp:.

За мене на пример, не е проблем да одам на утакмица и да го гледам Тетекс , зошто скоро секоја недела го правам тоа и сакам да го правам , ама ме нервира кога некој ќе ми рече, абе идеш да гледаш ваљање по терен и кршење нозе, дојди гледај Челзи, Ман Утд.

Баш пред некој ден зборувам со другар ми на тренинг и го прашувам, ако во случај би играле Тетекс-Манчестер (ма да тоа никад нема да се деси), за кого би навивал ? Тој ни едно ни две, ми вели - Па, се знае, за Манчестер:tapp:, не можев да се изначудам.:kesa:
 
Сосема нормално е да се навива за странска екипа,пред се заради големата разлика во квалитет,но сепак идам и на домашно првенство како на пример во недела што ке одам на Вардар-Пелистер.
На вакво убаво време не ми се седи дома пред Тв и цел ден да гледам странски фудбал
 
Kako prvo nema stadioni da odam da gledam makedonski fudbal...Na sto ke gledam fudbal,na nivi???Ebate fudbalot ebate...
 
Ако си прав навијач, нема да пребираш дали клубот имал успеси или не, и без разлика на се ќе бидеш со него. А ако си помодар, ќе навиваш за мега популарни и успешни екипи како Реал, Манчестер, Челзи, Интер и ќе бидеш „верен“ навивач пред ТВ.
 
Сите лажат, вистинската причина е зашто ги нема Вардар и Шкендија на Pro Soccer и FIFA. :pred:
 
Еурокрем генерациите се појше го ставаат странскиот клуб пред домашниот.
Така ќе биде и у иднина и тоа е доста нормално имајќи ги во предвид нашите услови,квалитет,инфраструктура,фудбалска и навијачка едукација,заинтересираност итн.

Вие што не навивате за странски екипи уместо на форуми да се докажувате со некој што не сака/знае да разбере, подобро симнете се у маало, викнете ги околните деца од генерациите 96/97 и раскажувајте им за клубот за кој навивате. Така кај нив ќе се створи поинаква слика од онаа што ја гледаат кога игра Барса или Реал. Покажете им ја вистинската вредност на фудбалот или кошарката, а тоа е навијачката страст,емоциите,љубовта, а не парите,профитот или пак маркетинг потезите. Продолжете тоа да го правите во континуитет неколку месеци.
Потоа кога ќе дојде дерби (како на пример ова во недела, Вардар-Пелистер) однесете ги на стадион да ја осетат атмосферата,напнатоста,противничките навивачи и жарот.
Потоа, приметете како ќе се однесуваат. Ако Вардар изгуби научете ги дека тоа не е така страшно, дека ќе дојде време кога ќе се победи и кога сите среќни си отидат дома после натпреварот. Едуцирајте ги правилно, посветете им доволно внимание затоа што очигледно оние кои што треба да ја прават таа работа (нивните родители) кур ги боли за тоа или пак не се во тој филм.
За неколку години, ако се е како што треба, истите тие кои што вие сте ги научиле да одат на стадион, да се радуваат и живеат за клубот од вашиот град ќе наоѓаат помали деца од истото маало убедувајќи ги за кого да навиваат. Така, после некое време ќе се создаде култ во тоа маало и сите ќе навиваат за истиот клуб.
Не може нормално се да искочи како што е тука напишано, сигурно ќе има некои на кои нема да им е по волја да одат на текма ама сигурен сум дека поголем ќе биде бројот на ``успешни случаи`` ...
Колку и да е лош квалитетот, со правилна едукација и умерено и реално согледување на состојбите, се надевам дека ќе се дојде до ситуација во која потезите на домашните играчи ќе бидат раскажувани, а не оние на некој си Меси или Роналдо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom