1. Бред Пит како Ахил
2. Кристијан Бејл како Ноќниот Витез (Бетмен)
3. Рован Еткинсон како Џони Инглиш
4. Џејсон Стејтам како во "сите" негови филмови
5. Силверстер Сталоне како Роки, Рамбо
6. Шварценегер како во Предатор
7. Меган Фокс како во сите филмови
8. Мајкл Џи Вајт како во Undisputed 1/2
9. Џорџ Клуни како во Ocean 11/12/13
10. Том Круз како во Невозможна Мисија 1/2/3/4
Насловов на темава не ми дава да пишувам за машки ликови ама ако некогаш Рокенрола го преформулира ќе се осврнам и на нив. Сега за сега, жените во мојата филмска историја:
Значи, првиот лик од телевизорот во кого бев заљубен беше Билјарката, ама таа го сакаше Тарзан
Тоа е во ред, имав 7-8 години и си викав дека ќе има и други филмски ѕвезди кога ќе пораснам. За мојот тогашен светоглед, Биљарката беше нешто како Анџелина Џоли денес.
После тоа ја видов Sandy. Oh, Sandy...
Sandy ја сакав многу ама она беше зацапана во Џонтра Волта. И тоа е во ред, зошто на крајот се расипа девојчето а ја бев премногу мал за да сватам што се дешава. Како и да е, лесно ја преболев Sandy.
Кога тргнав во средно, се случи еден феномен наречен Beverly Hills 90210, а со него во нашите животи дојде Kelly:
Си рачунав, сите ја сакаат Brenda, ама Brenda e bitch, Kelly е срце, а можеби зошто од неа најдов постер. Како и да е, Kelly ми беше омилена имагинарна девојка, ма да често ја варав со Angela:
Ок, имав повремени испади и со Chrissy од Thrashin'
Andy од For Love or Money:
И што знам барем уште 20-30 слични, you can see the pattern.
Е, и после дојде проклетата Шерон Стоун. Жената ме расипа, види што фини девојчиња си гледав пред неа. Бев приморан поради притисокот во маало (да не ме фатат во незнаење), да ги изгледам сите секс сцени на дотичната. По неколку пати. А како што знаете, ги имаше бајаги. На времето ги знаев на памет, да имаше квиз на таа тема ќе станев милионер. Се почна од Blood and Sand и како што викаат, останатото е историја.
Кога сум тука да кажам дека никогаш не сум ја сакал Jamie Lee Curtis во ниедна нејзина улога, и покрај митот за нејзините гради.
Е, кај бев... ми требаше подолго време да се вратам на нормални женски суштества, затоа што беше ера на видеотеките, едно чудо шкљ филмови со многу wannabe Шерон-овки. За некоја среќа, почнав да гледам класици и тоа беше како да сум пронашол злато. Кога ќе изгледаш 50-100 стари филмови одма имаш поинаква перспектива за она што е добро или лошо, но покрај тоа, класиците изобилуваат со женска убавина и силни женски ликови, за разлика од денес. Пет млади дами ја вратија рамнотежата во мојот разнишан свет, без одреден редослед:
Мерилин:
Одри:
Принцезата Грејс:
Ингрид:
Натали:
После тоа пловам во помирни води. Не паѓам на Меган Фокс финти зошто никој во маало веќе не ме закача, а и да бидеме реални, Меган може вода да и носи на Шерон. Штета за неа што не се родила порано и не снимала во 80/90-тите, ама од друга страна тогаш веројатно ќе била порно ѕвезда.
Назад на темата, уште неколку поранешни ликови пред мојата актуелна опсесија:
Connie во Unfaithful, филм за кој и украдоа Оскар на Diane Lane:
Juliet во Love Actually:
Ката наша:
И со извинување до буквално стотици дами кои морам да ги испуштам за да не го блокирам форумов, мојата актуелна љубов:
(wot, embrace yourself)
Како Maggie во Love and Other Drugs.
Сликата е во спојлер зошто е голема ама и за да не ослепите од убајна.
Кај ги откопа, секоја чест
Особено вториов (Pamela Gidley - се исушила ко суво грозје сега), со позадина од РХЧП.Го имам на ВХС касета 143 пати изгледано
+
Emilie de Ravin - Remember me (2010)
Zoe Saldana - Colombiana (2011) + Death at a funeral (2010)
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.