Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

ај да видиме
(мада мене лично, не ми се веруе)
 
Да, да, од Дом кога ќе се заангажираат, рачунај дека у позадина има некој договор за депонирање радиоактивен отпад во езерото. Поголем чурук од луѓе од партија не можел да се собере на едно место. Темава има 150 и кусур страни и сите се напишани во време додека на власт биле баш дом. Црни црнила на сите страни. Не знаеш што е позагадено: воздух, почва, депонии на секој чекор, лоши урбанизми и во се' има нивно масло. Само учк подолго е во власт од нив.
 
 
ова ?
https://www.slobodenpecat.mk/ke-se-...0mwPBKKS3Fqh1J_p5gyWKShvZEYClSGVDxy6WNew5jt0g
 
Истражувачки документарец на Ирл за увозот и продажба на отпадно гориво како мазут и негово горење во приватни компании (Фени и др) и јавни институции како што се болници.
И после ќе ни мачкаат очи дека народот кој се грее на дрва највеќе загадувал :mad::sakasuste:
 
@Bateman погледај го ова ако можеш, се однесува на Фени во еден дел.
Гнасно е да реагираш кога дпне е на власт за загаден воздух и после да правиш увоз на најгнасната гнасотија од енерегенс, кој не е ни мазут, за обичен профит - сдс си ја пее истата песна.
Сторијава, ок, добро е што сработиле нешто. Мислеле и на продукција, се гледа. Дали дека е прва епизода, делот со самопромоција ми е вишок и губи смисла приказната. Ок, Сашка, те знаеме која си.
 
Истражувачки документарец на Ирл за увозот и продажба на отпадно гориво како мазут и негово горење во приватни компании (Фени и др) и јавни институции како што се болници.
И после ќе ни мачкаат очи дека народот кој се грее на дрва највеќе загадувал :mad::sakasuste:
Па браво за новинарите што го направиле прилогов. Секоја чест за храброста и упорноста.

И не само греење на дрва, зборат за некои си европски стандарди на автомобилите, еуро 4 и еуро 5, а они ако си увезуваат отровен мазут. И после ќе имаме голема смртност од вируси....е ќе имаме!

Геноцид на сопствениот народ, еквивалент на Хитлеровите комори.
 
И после ќе имаме голема смртност од вируси....е ќе имаме!

Геноцид на сопствениот народ, еквивалент на Хитлеровите комори.

Во право си, само треба и овие да ги додадеме, еквивалентот на Хитлеровите доктори:

Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека досега никој не ги анализирал причините за високата смртност во Македонија, а се сомнева и дека пациентите биле предозирани со лекови. Давањето на многу лекови на пациентите уште додека се здрави и во добра состојба, по 10-15 лекови прима секој пациент, два антибиотика, така да имаме во болниците често пати доаѓаат пациенти кои се интоксицирани од лекови, место да им се зголеми имунитетот им се намалува. А, за антибиотиците е докажано дека се беспотребно давани. Сум докажал дека сумамедот е даван во две дози, што се забранети, токсични дози, што е кривично дело и никој не реагирал“.

д-р Чолакова-Дервишова
Мислам дека преголемите дози на кислород исто така штетно влијаат.


Ај можеби тие што врескаа дека греењето на дрва е главниот проблем, сега ќе се потивки.
 
СКОПЈЕ БАРА ЧИСТ ВОЗДУХ:

СПЕЦИЈАЛНА ПОРАКА за оние кои ја гледаа епизодата „Заговор против воздухот”.
По прикажување на првата епизода на „Редакција” вашите реакции не стивнуваат. И ве разбираме! Но, тоа не е доволно за промена, за промена потребно е повеќе:
Испратете електронска пошта до Министерот за економија, г.Крешник Бектеши и побарајте да се промени Правилникот за квалитет на течни горива.

To: info@economy.gov.mk cabinet@economy.gov.mk

CC: irlmacedonia@irl.mk

Subject: Промена на правилник за течни горива

Почитувани,
Барам да се променат член 8 и 9 од правилникот за течни горива кои се однесуваат на квалитетот на мазут, односно да се намали граничната вредност на количество сулфур од 1.00% на 0.5%, како и да се проверува количество на други параметри.
Ви благодарам.
 
А бе уба е иницијативава, малку се влезени у филм ко у америкине демек пиши му на твојот сенатор ова и она и готооо ако му пишат поќе ќе бидне работава али ај да не кобам.
 
А бе уба е иницијативава, малку се влезени у филм ко у америкине демек пиши му на твојот сенатор ова и она и готооо ако му пишат поќе ќе бидне работава али ај да не кобам.
многу боље да му пишат, отколку да не му пишат
 
Форумов ви е класичен експеримент зашто ни се дешава тоа што се дешава у земјава со години и години, како суптилно ни е испран мозокот што воопшто и не се замараме со оваа тема која у моментов треба да е на место број 1, 2 и 3 у земјава, а притоа сите оние инволвирани од дома да ги зимаме и да ги бесиме на првиот плоштад што ќе го начекаме.

Вчера го гледав мини документарецов и си викам дај на кгн да видам сеа све што се пишувало, очекував 100 страни испишани а тоа две нецели исполнети, ништо битно, и последниот пост во четврток, додека у меѓувреме сеуште се актуелни теми каде у глобала се водат празни муабети и се врти у круг истиот муабет over and over again.

Го слушам вчера зз, ќе се поскапувала струјата ако сакаме да живееме во почиста средина, значи после документарецов на цела мука и убиство со умисла кое го вршат СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОРИ у земјава со ГОДИНИ, зз излага и ни поскапува струја за да живееме у почиста средина, да не навлагам тоа поскапување какви све други поскапувања ќе донесе, не е ни темата за тоа. Кое порно е ова, кое ебење у здрав мозок, дури и импресивно делува.

Црева ми се превртеа од мини документаркава, со години не убиваат свесно и кур ги боли за тоа зашто истото им носи огромни профити, една мувла ко ратко капушевски и еден циган ко анѓушев не убиваат и богзнае уште колку вакви језиви фаци ( ќе видиме у наредните делови ако воопшто и излезат ), деца не се раѓаат ради нив, или се раѓаат дефектни, богзнае колку луѓе се ракосале ради ова а немаме податоци за истото, богзнае уште колку од нас ќе се ракосаат но ете, еден два дена нешо се просеруваше на нет, чат пат и тука и тоа е тоа. Класичен пример, а богзнае уште колку ги има, као у позадина сите за раче си се фатени и матер ни ебаваат, на сите.
Идам сеа кај Апасиев да видам, си викам гарант он бар јадел гомна, го глеам со марама за палестина, го глеам за дивоградби збори, го глеам нешо хехенца пушта од тие неговите пусти несмешни, нешо чат пат за бугариве и евровизија плус, за ова ништо, нула.

Пак ќе кажам, за ова се беси човек јавно, се враќаш векови уназад и така им пресудуваш зашто системот ги штити. Аналогно на ова, со оваа наша питомост и скротеност апсолутно и ништо друго не заслужуваме, воздухот што го дишеме ни го земаа, а вие уште се пењавите што името го смениле па зашто па како така смееле па дајте ајде ви се молам. :toe:

У прва прилика си одам од земјава у пакет со цела моја фамилија, мајндсетот ми е така поставен и на тоа ќе работам у наредни неколку години, овде не е више деца да растеш, не ни сакам да ги растам во ваква средина, кузнае што не чека за 5-10 години од сега, језа ме фаќа од самата помисла. Али ајде за една работа може ќе им бидам благодарен, ги трпаат причините зашто Азил.
 
Имаше пред некоја година документарец британски за топ најзагадените места во европа. На прво место беше некое градче во русија каде што се истоварал нуклеарен отпад, на второ место - ОХИС, Скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom