Зафрканции на телефон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Ахх многу сум праел вака ко помал али никогаш нема да ја заборавам оваа..
Јас со братучед ми заебававме некој и тоа во 2 саат навечер..
Јас:Добровечер александра ми треба.(по чудо некое има александра)
Он:Дечко знаеш ли колку е саат? иначе александра спие
Јас:Дечко нема везе не ми е проблем што ти ѕвонам волку касно дај ми ја александра..
Он:Дечко недај боже да дознаам кој си
Јас:Абе дечко дај не ме заебавај дека александра е до тебе доагај на бул македонија александра ја згазија со мотор те има тебе у именик како мажи запишано
Он:Леле како кој си ти дечко еве идам...
Јас:дечко се зезам па нели е до тебе..нели спие...
Oн:Леле говедо ке те згазам у ова време ке се мајтапиш..
The end...хахахахахахаха али моментот беше цело време ми збори онака поспано коа му кажав за александра онака ко да беше до мене и го осетив целиот се ококори се напали типот...:pos2::pos2:


xaxa леле звер еј!! се згазив од смеење....хаха алал да ви е
 
у како помал хоби ова ми беше :nesvest: вртење рандом броеви. баш се сеќавам со братучед ми што правевме. саатот некаде 4-5 сабајле, инаку летно време, вртиме рандом и....
Некој: алооо ( сонливо, мрзеливо)
Ние: Добро утро господине!
Некој: добро утро...
Ние: се јавуваме да ви посакаме добар и успешен ден, исполнет со харизма и добри моменти, бла бла, се слушаме утре во исто време...
Некој: фала многу....само би ве замолил ако може, утре да не се јавувате ова време, мали деца имаме, знаете ова она
Ние: како не ти е срам говедо едно. само излези од дома.............
............... тит.... тит .......тит.... тит.........

абе копиљаци што ќе правиш
пак после на баба кога и дојде сметката. се од кај неа вртено беше :nesvest:
 
Ѕвонам и почувам: Хелоу хелоу бејби ју калд ај кент хир а тинг, ај хев гат ноу сервис ин д клаб....
 
Ѕверови сте. Ѕверови.
Имам и јас вакви случки, сум зафркавала, а и ме зафркавале.
Љубов сум изјавувала, ми изјавувале, печки сум купувала, сум продавала, топ шоп, омилена занимација.
Ќе седнам некој ден ќе се распишам убаво.
Ѕверови сте. Секоја чест.
:zver:
 
Алоо пожарна?? Да повелете, БРЗО горит снегот на Галичица!!! Па тој ми викат : Мали каде е мајка ти? Jaс: Па ојде да го гасит.....

Ах младости....
 
како мали со братучетка ми правевме вакви мајтапи... се јавуваме еднаш на еден број,
се јавува жена некоја, и и кажавме дека се јавуваме од А1 телевизија, добила кола дека редовно гледала една серија хахаха
жената буквално се швркна од радост и вика а ја знаете улицата,
и ние а да да без проблем очекувајте да дојдеме да снимаме во текот на неделата хахахаха
се надевам The Blonde се сеќава на овој испад хахаха :)

лелеее ми текнува ја шекнавме жената скроз....и сеа ме потсети тоа беа добри времиња ( не дека сеа не се :vozbud:)
 
Кога бев помала и телефонот ми беше купен да играм змија само и имав кредит на претек вртев така рандом броеви и си правев муабет со луѓето ако слушнев дека гласот изгледа младалачки :pos2:

А сега зошто немам кредит за такви глупости не зезам никого . Ама знам како ја имаат зезано другарка ми другарите ... значи и се јавуваат кога беше тоа муабетот `ќе пропадне светот и сите ќе умреме` дури имаме и клип ,страшно нешто колку е другарка ми потресена и се озбилно сфаќа а другар ми и вика ништо ,ова е можда последниот разговор меѓу нас само да ти кажам дека те сакам многу ... И онда да,да и јас тебе и не сакам да умреме :cry:
 
Заебавав пожарна со еден другар,и тој му врти и му се јавува и тој од таму..
АЛО?
Подржими га мало..
АБЕ МАЈМУН ДА ТИ Е*АМ МАЈКАТА ВО ПИ*КА...
И кога почна да ни пцуе фамилии,крф,мајка,шајка..

А еднаш вртам јас сам,се договоривме со тој другарот да вртиме во исто време,и вртам јас и се јавува тој од таму..
АБЕ МАЈМУНЕ ЕДЕН,ГО СЛУШАШ ЛИ ОВА..(од таму ѕвони друг телефон,другар ми врти ремети од таа страна)

:pos:
:pos:
:pos:

Слушајте го ова... :pos::pos::pos::pos::pos::pos:
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Иначе ова е тн.БАЛКАН БОЈ,кој го заебава старецот Стојан 3 години,има и 6 месеци затворска казна лежено поради малтретирање..
Има повеќе вакви на Ју Тјуб..
:pos:
 
Лани на ЕДО телевизија ја даваа таа гатачката Сабина. Со другар ми гледавме, се смеевме и решивме да се јавиме. За среќа ни успеа јавувањето и не приклучи ја кон емисијата да збориме со Сабина. Јас зборев. Ме праша како се викам и јас и кажувам грешно име и презиме и ме прашува на кој датум сум роден и јас и кажувам на 31 Февруари и таа почна... Ќе имаш среќу, паре, љубав бла бла како што си знае да кажува и на крај на емисијата и текна дека 31 Фебруари не постои како датум :) Ментална жена
 
Во основно седејќи со друштвото се иаме јавувано во пожарна, брза помош па и во лудница.:kesa: ... Деца :toe: ...
 
Една зафрканција што ја правевме како мали со братучетка ми:

-Прво се јавам јас на некој рандом број и велам:

Јас: Ало, добровечер Ивана ќе ми треба!
Таму: Дечко грешка е.

-После 1 мин на истиот број ѕвони братучетка ми:

Таа: Добровечер, Ивана е овде, ме бараше некој?
Таму: (Почнат нешто да пцуват).

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Ми фалат тие времиња. :vozbud:

Ние ова во школо го правевме...
 
Се иам јавувано многу како мал ама најјако е она со печката, а после него едно има со е многу добро еве го:
Се јавувам и викам добар ден Соња ми треба?од таму ми викаат немаме ние Соња!
После 5 пак истото се јавуваме и викаме Соња ни треба овие малце изнервирано викаат немаме ние Соња.
И после 10 мин се јавуваме и другар вика: Ало тука Соња да не ме бараше некој?

Успат и сеа има лек за ловци или идентификатори а тоа е #31#
 
Ние во школо праевме зафрканции преку телефон,се јавуваме по таксиња и ги редевме пред куќата што е до школото,по 3-4 таксиња доаѓаа
 
Како мал сум растурал со телефонот. Онака рандом бројки пишуваш и дрвиш се и сешто, но прекинав откако рандом се јавив во амбасада само што не знам дали беше унгарска или некоја друга и ми викаат имаме од она апаратине бројот што го покажуваат во моментов не ми текнува како се викаше и од тогаш веќе прекинав.
 
Иначе ова е тн.БАЛКАН БОЈ,кој го заебава старецот Стојан 3 години,има и 6 месеци затворска казна лежено поради малтретирање..
Има повеќе вакви на Ју Тјуб..
:pos:

И од затвор му се јавил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom