Забраната за фотографирање за пасош со шамија била "дискриминирачка"?

Џабе преведувате, тоа е покривање на косата, исто како што имаме и во христијанската религија, нејверојатно и од таму е превземено, затоа што муслиманството е продолжение на христијанството.

Сепак религијата и модерно граѓанско општество треба да бидат разделени.
 
Не е шпекулација, Муслиманстовото е продолжение на Христијанстовото, како што Христијанството е продолжение на Јудеизмот, тоа се сите ист тип на религии со еден Бог, и потекнуваат од исти простори.
 
Преземено од Утрински весник 26.11.2007

В година ќе се знае дали шамиите ќе влезат во пасошите и визите
BF40CD1431442A43A038FD2F4BCBFB12.jpg

Таквата одлука ќе биде донесена со воведувањето на нумеричките визи, кога амбасадите ќе ги фотографираат граѓаните за визи
Даниела Трпчевска
Не е проблем да се издаваат пасоши на кои граѓаните поради религиозни причини ќе се фотографираат со шамии. Проблем е што никој не може да гарантира дека со таквата патна исправа ќе можат непречено да патуваат во странство.

Дилемата доаѓа оттаму што секоја земја има различни правила за минување на границите. Некои се либерални во однос на ова прашање, други пак стриктно го забрануваат и го отфрлаат. Ова се укажувањата на дипломати од МНР, како и на конзуларните и дипломатски претставништва во земјава.

Странските амбасади очекуваат во 2008 година да се реши дилемата дали ќе се дозволи фотографирање со марами при вадење визи за патување во странство. Таквата одлука треба да биде донесена на ниво на земјите-членки на ЕУ кон почетокот на идната година, со воведувањето на нумеричките визи. Со тоа е предвидено земањето отпечатоци и фотографирањето на апликантите да се врши во амбасадите, кои ќе добијат детаљни инструкции дали ќе дозволат фотографирање на жените со марами или не. Дотогаш прашањето за влез на луѓето со шамии во патните исправи и на визите останува отворено.

Ваквата иницијатива ја поведе Здружението на жени на Македонија „Ислам и наука“ кое реагираше дека Правилникот на МВР со кој се забранува сликање со марами на патните документи им го повредува правото на слободно и јавно изразување на верата. Покривањето на целото тело на жената, освен лицето, е предвидено и со Куранот, кој е основа на исламското учење.

„Не ни е јасно зошто не е дозволено тоа, кога предмет на идентификација е лицето, а за тоа не е потребно да се гледа и косата“, беа реакциите на Здружението, кое како аргумент за своето барање го посочија и тоа што на одредени верски личности им е дозволено фотографирање на пасошите со марами. Ваквата идеја воопшто не е нова и непозната. Барања и иницијативи имало и досега, но последното барање предизвика големо интересирање, но и полемики во јавноста.

„МВР работи според Законот за патни исправи и лични документи од 2004 и подзаконски акти. Подносителот на барањето, според стандардот ИКАО, се фотографира со јасен израз и без каква било покривка на лицето, на светла заднина. Доколу лицето носи очила, тие не треба да ги покриваат очите или да има отсјај од очилата“, објаснуваат во МВР.

FC92141E616061409346AE85294C3E8A.jpg

Вака треба да изгледа фотографијата на жената-муслиманка која сака со шамија да се фотографира на германскиот пасош
Законската регулатива во земјава предвидува дека при вадење пасош лицето не треба да носи покривка на главата, како капа, марама и слично, освен во одредени случаи - медицински, културни и религиозни. „Досега од културни побуди не сме имале некое посебно барање за фотографирање, додека од медицински причини, доколку станува збор за некој што е опериран на главата, се дозволува негово фотографирање со преврска, доколку мора да патува повторно во странство“, велат во МВР. Фотографирање со шамија е дозволено и поради религиозни причини, но барателот мора да поднесе доказ дека има одреден ранг во одредена верска заедница.

Но, и на оние што ќе им се дозволи да се фотографираат со шамија, треба да исполнуваат одредени стандарди како треба да им стои таа, притоа да се гледа челото и брадата, со цел да може да се идентификува лицето.

„Но, во принцип ќе го разгледаме ова барање и доколку е во согласност со Законот и Уставот, нема да има проблеми да се спроведе“, вели Иво Котевски, помошник-министер за информирање во МВР.

За да се овозможи фотографирање за пасош без шамии е потребно да се смени законот. Но, претставници од конзулатите и дипломатски извори од МНР укажуваат е дека никој не може да даде гаранции дека лицето кое ќе се фотографира со шамија нема да има практични проблеми при преминот на границите при патување во странство. Проблемот потекнува оттаму што секоја земја има свои правила и режим за преминување преку граница. Во земјава велат дека доколку некој патува со автомобил, на граница, според прописите, надлежните се должни да повикаат полицајка, која во посебна просторија ќе изврши проверка на лицето дали одговара со она што е фотографирано на пасошот.

Јасен лик на кој се гледа челото, брадата и ушите се најчестите барања при влез во повеќето земји во светот. Ваквите правила се задолжителни во сите дипломатско-конзуларни претставништва кои издаваат визи за патување во странство.

„Секоја држава одлучува за свој пасош, но во почетокот на 2008 година треба да бидат воведени нумерички визи со отпечаток и сликање во самите конзулати. Тогаш ќе се добијат детаљните информации дали смееме да сликаме жена во шамија. Досега немаме таква информација“, велат во француската амбасада во Скопје.

Од амбасадата на САД во земјава објаснуваат дека ги почитуваат сите религии и нивните обичаи. „Поединци на кои им се скриени главите со марами или капи поради религиозни убедувања, може да ги носат и на фотографии, со тоа што шамиите и капите мора да дозволат лицето целосно да се гледа од брадата до челото. Исто така, неопходно е да се гледаат и ушите“, велат во американската амбасада.

Сличен став имаат и во швајцарската амбасада во Скопје: „Лицата кои во пасошите се сликале со марама на глава можат да патуваат во Швајцарија, но мора убаво да се гледа лицето на фотографијата. Доколку е покриен поголем дел од лицето, тогаш властите бараат друга фотографија на која ќе се види целосно ликот“.

И влезот во Германија со ваков пасош е дозволен, доколку лицето со шамија на главата може беспрекорно да се идентификува. „Целото лице од долниот дел на брадата до челото мора да се гледа“, велат во германската амбасада. Од верски причини, во Германија дури е можно да се извади германски пасош со шамија на слика, а тие фотографии мора да изгледаат според определени правила и стандарди.
 
imas nekoj pisan dokument shto go potvrduva ova shto si napishal

Ај ти кога ќе најдеш пишан документ од тоа време, на кое пишува дека муслиманството НЕ е продолжение на христијанството, јави ми се, ок?
 
Едно прашање...

Може ли верата да биде над законите и правото?

От всичко което прочетох, това беше нај краткото и с'штевременно нај-правилно питане. Браво!:smir:
Мистичен, забелјазваш ли, че христијанската вјара поставја закон'т пред религијата, а ислјама обратно.
 
Ova ako projdi mu poracuvam na vladata da pocnat vo djamija da odat i polumesecina da stavat na znameto.:tapp:
 
Ако като ви приемат в ЕС се снимат мјусјулманите ви с забрадки ште е смешно- Тука носенето на забрадки в обштествени места и училишта е незаконно. У дома слагај ако искаш скафанд'р. А на Албанчетата дето реват за забрадки ште им кажа алоо, Европејскија С'јуз не е Мјусјулмански с'јуз!
 
Скоро в пасошите ште има и отпечат'к от палец, така че и с шамии и без - все таја.
В'в Франција не е позволено, от ЕУ мај само в Германија и Англија може
 
Најверојатно треба и ЕУ да заземе унифициран став по оваа проблематика, па така да тоа што ќе го решат Англија, Франција и Германија (а тие го имаат главниот збор) тоа ќе треба и вие да го примените, така да останува да видиме.
И никсон што правиме ако решат да може со шамија да прави биометриска слика за пасош? како би реагирал ти тогаш?
 
Деновиве слушам дека можело да се слика кој сака со шамија. Ај сеа да видиме кој будала мисли дека ќе извади виза со таква слика. За америчка виза поготово, муабет да не праиме.
 
imas nekoj pisan dokument shto go potvrduva ova shto si napishal

Ti ova ozbilno?????? ili tolku ti e poznavanjeto na istorijata na monotestickata religija.....uste od vekovi pred mojsej...?????

........ova drugoto...se e toa samo BIZNIS...t.e. sekoj go prodava Boga vo svoja ambalaza.....i se bori za svojot segment na pazarot.....
 
MVR definitivno odluci , muslimanskite zeni moze da se slikaat so samii, za site dokumenti, Pasos, Licna karta, vozacka... Sepak mozelo a
 
ПОПАМЕТНИОТ ПОПУШТА

Абе и со дедо мраз нека биде на слика ако сака, ама кој ќе и даде виза. Сите знаеме какви ригорозни политики се водат кон муслиманите во САД, Велика Британија и уште многу други држави. За муслимани директно е кажано дека треба да исполнуваат повеќе услови од другите. Со таква слика виза никој не ти дава. Со ваков пасош само у косово и албанија.

Дарданиа, ај ако некоја твоја роднина извади виза на ваков пасош те молам да uploadираш фото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom