Заборавам толку често, што чудно е како и главата на рамења ми стои. Пример, заборавам да уклучам рингла за да сварам кафе, ако после 1 час ми текне дека кафето никако да се свари ја уклучувам и откако кафето ќе биде готово заборавам да ја исклучам. Се случило да заборавам да облечам чевли пред да излезам од дома и така расеана да излезам по папучи. Немам посебен осет каде оставам одредени работи па многу нормално дека после нема да можам да ги најдам.
Од друга страна, навистина реткост е да ми се случи да заборавам лице, роденден на близок човек или некој настан од значење на некој кој ми значи. Не сум злопамтило, ама имало извесни ситуации кои ме довеле намерно да заборавам вакви настани за одредени луѓе, односно едноставно да ги изигнорирам. Така да, ако некому заборавам роденден, можеби и треба да се запраша себеси кај згрешил:wink: