"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Ројстон Дренте , бајото шо играше и крило и лев бек. :LOL: Не дека беше некој класа играч али специфичен изглед имаше , кога имаше долга коса потсеќаше на Едгар Давидс. :D Го маваше Реал на позајмици во послаби клубови , ако не се лажам и на позајмица во Астон Вила или Евертон кај беше , па после го шитнаа во некој полуаматерски клуб од Русија. Околу 24-25 години беше кога исчезна од фудбалската мапа, еве сега гледам пензиониран е рапер станува. :pos:

drente.jpg
 
Колашинац даде гол за Арсенал сеа па ми текна на неговиот имењак, Сеад Салиховиќ.

Играше во Хофенхајм, газеа со Ибишевиќ во дебитантската нивна сезона во Бундес лигата, 1во место беа на полусезона, хит беа.
После тоа отиде во Кина, сеа глеам дека е слободен агент откако го раскинал договорот со Сент Гален.

32 години има.

imago12449409h-1359396135_zoom23_crop_800x600_800x600+20+34.jpg
 
Од сегашните играчи би го кажал Лоик Реми, најавуван како следниот Тиери Анри, требаше да го тресе светот пред некој 6-7 години, сега го нема апсолутно никаде на радат. Игра еве во Лас Палмас, далеку од очекувањата и неговиот потенцијал.

large.jpg


А од пензионираните би издвоил еден играч што многу малку добива кредитс на легендиште според мене. Се работи за Паулета од ПСЖ, дефиниција за страшен голгетер. Вистинско уживање ми беше да го гледам Лион на Жунињо и Гову и ПСЖ на Паулета во тие времиња кога имаше еден канал Спорт 4 и пратев таму француски во времињата кога француска лига ми имаше некаков посебен шмек. После згасна каналот, згасна и мојот интерес да пратам таа лига. На страна тој муабет, Паулета беше лудило од играч.

hqdefault.jpg
 
јас не сум слушнал за максимум 5 души од овие на листата :D
сеа гуглав и за хозе бакстер кој пак го потпишал евертон а претходно бил суспендиран на 6 месеци од федерацијата го измочале и бил позитивен на екстази или поточно на магичната суспанца мдм :kafence:
последно играл за шефилд јунајтед и доста добра статистика имал
 
Нил Ренџер хаха, овој навистина беше талентиран ама сега има негде 25-6 години и 5 пати е лежен во затвор :icon_mrgr:
 
Рос Баркли, голем талент на Евертон, престана да постои пред 18 месеци.
Саидо Берахино, сапуница околу неговото ослободување од канџите на Тони Пјулис, по трансферот му се губи секаква трага.
Скот Паркер, играше на ЕП2012 за Англија, симпатичен играч со ненормална кондиција :)
 
Рос Баркли, голем талент на Евертон, престана да постои пред 18 месеци.
Саидо Берахино, сапуница околу неговото ослободување од канџите на Тони Пјулис, по трансферот му се губи секаква трага.
Скот Паркер, играше на ЕП2012 за Англија, симпатичен играч со ненормална кондиција :)
Паркер е пензиониран. :P
 
Саидо Берахино, оne season wonder

Демек игра нешто во Стоук, ќе го видиш на терен, но удел = 0
Напаѓач, а веќе 2 години е без постигнат гол.
 
Стед Малбранк, Џејми О хара, Афонсо Алвес, Марк Видука, Амр Заки, Нико Крањчар(мислам беше), Toм Кејхил,Гамст Педерсен, Качаниклич надежен на Ливерпул нешто Македонец го правеа едно време за Шведска играше..
 
Стед Малбранк, Џејми О хара, Афонсо Алвес, Марк Видука, Амр Заки, Нико Крањчар(мислам беше), Toм Кејхил,Гамст Педерсен, Качаниклич надежен на Ливерпул нешто Македонец го правеа едно време за Шведска играше..
Да се надополнам Роберто Карлос одамна го немаме видено, Кан не знам зошто не го ставаат за баерн и овој како се викаше индијанецот Рушту на светското што бранеше 2002...? Знае некој каде се овие? :facepalm:

Пола од овие што ги наброја погоре се у длабока пензија :D
 
Да се надополнам Роберто Карлос одамна го немаме видено, Кан не знам зошто не го ставаат за баерн и овој како се викаше индијанецот Рушту на светското што бранеше 2002...? Знае некој каде се овие? :facepalm:

Пола од овие што ги наброја погоре се у длабока пензија :D
:)))))))))))))))))))))))
Па и Мидо е во пензија па го спомнале а тој погоре 2 само набројал од кои еден е Мидо
 
Ricky van Wolfswinkel

Овој едно време во Спортинг кога беше газеше по терените. Го сметаа за надежен напаѓач и беа заинтересирани големите клубови за него, или патки се пуштаа. На крај заврши во Норвич за солена сума и тотално разочара. Го праќаа по позајмици каде уште не и на крај го продадоа. Сега игра за Базел и почна да си ја враќа формата полека иако веќе ја има достигнато фудбалската зрелост со своите 29 години и зенитот на кариерата одамна му е завршен. Повеќе од ова тешко дека ќе успее. Ќе заврши у Кина за некоја година.

Tyrone Mings

Беше потенцијал на времето, идна англиска ѕвезда и беа заинтересирани доста клубови од ПЛ, се очекуваше да оди во Арсенал, отиде во Бормут. Покажа солидни партии, ама набрзо се повреди и го немаше на терените неколку сезони. Еве го сега конечно се враќа во тимот и има одиграно неколку натпревари. Млад е, има само 24 години па сеуште има надеж за него.

Ravel Morrison

Големиот потенцијал на Ман Јунајтед денес со само 25 години успеа да го допре дното и да игра во Мексиканска лига за Атлас. Уствари таму е на позајмица од Лацио кој го прибра како слободен агент кога му ги дадоа клоците Вест Хем. Дали ќе успее да спаси бар дел од кариерата во Мехико или ќе заврши ко продавач на такоси, ќе видиме. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom