"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Еве и од мене двајца фудбалери заборавени од овде од Македонија.
Едниот Аце Стојков најголемиот талент во тогашната генерација на Беласица заедно со Дени Масев и Горан Пандев. Интер ги побара Пандев и Стојков само ради Стојков. Неверојатно брз фудбалер, но немаше срека со повредите сега игра во Иран http://www.transfermarkt.co.uk/en/aco-stojkov/profil/spieler_32042.html. И втор братот на Горан, Сашко. Сигурно некој од вас се секава на легендарната изјава на Бато Ване кога го прашаа зошто Сашко носи број 21...Бидејки е два класи подобар од Горан. И така беше. Многу ветуваше во почетокот, па направи трансфер во Динамо Загреб. Но нокните журки како да му ја земаа страста за фудбалот. И од тогаш никако да ,,фркне,,. Сега игра во нашата ни бедна Лига во Ренова од Џепчиште http://www.transfermarkt.co.uk/en/sasko-pandev/profil/spieler_37932.html. А да и овде веке во неколку наврати е спомнат и Горан Славковски. Идниот Ибрахимовиќ, кој и премиерот го молеше да игра за Македонија сега моментално е во UNKNOWN тоа доволно зборува за какво пропаѓање се работи http://www.transfermarkt.co.uk/en/goran-slavkovski/profil/spieler_39809.html
 
На братучетка ми што живее во Шведска овој Славковски и беше школски, без коментар е човекот, его Ибра х3.
 
На братучетка ми што живее во Шведска овој Славковски и беше школски, без коментар е човекот, его Ибра х3.
Ибра бар има к*р за к*рчење...со право му е егото толкаво :)
 
На братучетка ми што живее во Шведска овој Славковски и беше школски, без коментар е човекот, его Ибра х3.

Едно време комуницирав со Тричковски, коа беа и двајцата во младинска репрезентација, и ми збореше како овој Славковски е тапа, и дека си нема поима дека го форсираат безвезе. Така да...
 
Ибра бар има к*р за к*рчење...со право му е егото толкаво :)

Да не почнам да кажувам што правел :facepalm: Ви текнува на оној телефонон Моторола V3 тенкион, што искочи ко демек револуционерен во дизајнот? Му рекол некој од нивно друштво на заебанција дека е гејче (зошто само овој од друштво се бавел со фудбал и бил слаб таков, другите со ракомет/пливање и биле покрупни), овој увредување до максимум, го зел тој телефон ама го зел розев :pos: и кога ќе го прашале зошто розев им викал „зошто јас сум уверен дека сум маж и ништо што е розево и стереотипно нема да ме смени.“

:facepalm::facepalm::facepalm: Доста е ај....
 
Боље што го снема. Ептен незахавално копиле. Сандерленд му беше лошо па отиде кај Арапите. А и така не го биваше...

Играше за играње, си замина како што самиот кажа поради предобрата понуда од Ал Алаин.
£150,000 му е неделната плата.
 
Играше за играње, си замина како што самиот кажа поради предобрата понуда од Ал Алаин.
£150,000 му е неделната плата.

16 милиони за играч кој даде 10 гола во цело првенство....
 
16 милиони за играч кој даде 10 гола во цело првенство....

Торес колку го платија и колку голови постигна ? :)

Асамоа од Рен замина во Сандерленд. Мислам дека изигра само 29 натпревари во француското првенство. Голем исчекор му беше трансферот во Сандерленд. Потребно е повеќе време за адаптација во ПЛ (за неговата ситуација).
Играше одлично на СП, а и во ПЛ го имав гледано на неколку натпревари изигра многу добро и навестуваше дека следната сезона ќе игра уште подобро и ќе постигне повеќе голови.
Но парите си го направија своето.

п.с. 13 милиони беше неговиот трансфер...
 
Не знам дали може да се спомне и Ејдур Гудјонсен. Одигра 5-6 одлични сезони во Челзи, па направи трансфер во тогашниот европски шампион, Барселона. Не се изнаигра баш, не можеше да се вклопи во тимот, иако подобро речено, цел тим тогаш не играше баш најдобро. После направи трансфер во Монако, па се врати во Англија, но постојано грееше клупа. Сега гледам потпишал за Серкл Бриж, каде што 'жари и пали', очигледно им е најдобар играч. :D
Не знам колку местото му е во оваа тема, бидејќи е во залезот на неговата кариера, но мислам дека може да се спомне. Ова веројано му е и последна сезона од кариерата.
 
Исто и Алан Смит,дечкото беше звероња али староно Фергусон му ја сјеба кариерата,пробуваше да направи везњак од него :facepalm:
 
Не се играчиве за во темава али темава да постоеше кога играчиве правеа трансфер тука ќе им беше местото исто како и на Савиола.
 
Да ама не му е времето на него.
И Едгар Давидс технички не е пензиониран ама не му е времето :D
Пер не зезај сеа,според твојов критериум нема заборавени играчи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom