"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Да, стварно штета за Ештон.

А сега ми текна на Калум Девенпорт, што го избодеа со нож. (знам, знам, имам интернет), ама дали некој воопшто знае што се случи со него?

Сега ми текна на него, знам дека го избодија и од тогаш ништо од него.

Побарав и најдов дека дечкото на сестра му ги избодил мајка му и него. Бил избоден во ногата и загубил преку 50% од крвта во телото и издржал тешки операции.
Играше како централен, а сега е тренер-играч и тоа напаѓач во Вотон Блу Крос валјда некоја аматерска екипа. Браво за волјата сеуште не се откажал од фудбалот. Од премиер лига до аматерска екипа и сеуште игра.
 
А ви текнува на Марис Верпаковскис? :icon_mrgr:
На СП 2006 година беше кога се пласира Летонија во групи?

Тогаш беше хит Верпаковскис. Ни претходно, ни потоа. :icon_mrgr:

За разлика од Марианс Пахарс, можеби најдобриот играч на сите времиња од оваа прибалтичка земја. :icon_mrgr:
 
Марис......."легендата" на Хајдук.Дали 10 пати настапи за Хајдук......дечкото еднаш отиде во Африка и едно време исчезна.Немал никој контакт со него со денови,а не се појавил ни на припреми.На крај го најдоа,се врати некако.....
 
Зенден, моментално е без клуб и тренира со Баер Леверкузен каде што тренер е неговиот пријател и поранешен клубски колега Сами Хипија.
 
А кај е Ел Хаџи Диуф што играше во Болтон со онаа жолтата фризура ...
Многу јак играч беше брз и техничар
Исто така од Болтон и Педерсен левакот што секој слободен му беше гол ...
 
па во блекбурн си игра педерсен сеа што се втора лига една година незначи дека е заборавен :Dисто како да речеше буфон или дел пиеро дека се заборавени кога играа сериа Б
 
Ви текнува за Загоракис??..гркот што беше најдобар на Еп 2004 кога изигра нинџиски фудбал и беше најдобар од грчата репрезентација...а играше во Болоња..што играчиште беше да си еби веко:pos:
 
Рејна Американецот, Клаудио, талентирано играчиште демек се прошета по пола Премиер Лига. После Весли Сонк од Белгија, неколку добри партии 2002 и отиде Менхенгладбах мислам и го снема после.

Ех немаше тогаш нет да провериш кој каде играл, настапи, странски форуми, блогови, што ќе ти кажат Калински и Видевски тоа, ако они викаат дека е топ играч, ќе си мислиш дека е топ :icon_lol:
 
Ех немаше тогаш нет да провериш кој каде играл, настапи, странски форуми, блогови, што ќе ти кажат Калински и Видевски тоа, ако они викаат дека е топ играч, ќе си мислиш дека е топ :icon_lol:

кузнај како да речиш:D

а се сеќавате на Џеј Џеј Окоча африканскиот Роналдињо:pos:..какви потези праеше алал нека му е

И кога сме веќе кај Роналдињо што се случува со Жирков????(тој беше рускиот роналдињо:pos::pos::pos:)
 
У Анжи е, бере пари на дрво :D Сам си побара трансфер од Челзи ми се чини.
 
Кога веќе го спомнавте Окоча, се сеќава некој на Инамото? Финташот од Јапонија, кој прошета еден куп тимови во Европа. Тапа играч.
 
Абе а Хидетоши Наката го паметите....после СП во 2002 го снема, во Парма играше, па се врткаше по позајмици, ама не заигра никаде асално мислам.
 
Хатем Трабелси, Јири Јарошик, Нил Мелор, Дејвид Нуџент, Ли Хендри..
Овие први ми паднаа на памет.

Нил Мелор, нашиот... се пензионира на млади години, за жал...

Сега кога го напиша Хатем, ми текна на Сами Трабелси, се изгуби и тој. :icon_mrgr:
Ли Хендри, каков ман беше „ЏоиБартоновски“ :)

Сега би го пишал и Ентони Ван ден Боре, каков талент беше на менаџер 2003, чудо едно....:icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom