Се' ќе ми текне на Алберто Џилардињо. Како млад знам, сам го носеше на грб тимот на Парма. Две-три сезони по ред постигнуваше по околу 30 голови во Серија А, ги вадеше од невозможни ситуации во завршните кола во борбата за опстанок, а една сезона знам дотуркаа и до 1/4 финале во Куп на УЕФА со него. Се сеќавам посебно јако му лежеа ножичките, бајаги голови даде на тој начин. Го најавуваа како идна голема ѕвезда на италијанскиот фудбал.
Потоа во најдобрите играчки години премина во Милан - и толку. Не знам дали моментот не му се погоди, Шева беше во животна форма тогаш, Инзаги добиваше солидна минутажа, а и Креспо знам еден период беше таму (на позајмица ако не се лажам). Едноставно не успеа никако да се наметне во првиот тим, формата драстично му падна, можеби и некоја повреда завлече, го шитнаа од репрезентацијата и толку беше од него. По лошата авантура во Милан, знам премина во Фиорентина. А сега гледам настапува за Џенова.