"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Габриел Обертан

Ќе речите уште е во Њукасл,ама сепак полека пополека се заборава тој играч, ако не ја прикажеја на спорт клуб прееска утакмицата Арсенал-Њукасл од минатата сезона,немаше да ми текни на него. :)
Со пристигнувањето во Манчестер Јунајтед го нарекуваа "францускиот Меси",но од Обертан до Меси имаше бесконечност.
Според коментарите тогашни,пружел добри игри за резервите,но за првиот тим очајни изданија во својата 2годишна кариера во Манчестер Јунајтед одвај изброи 14 настапи. (n)
Од страна на Манчестер Јунајтед одлучија дека слабо оди неговиот развој односно стагнира и решија да го дадат за "смешна" сума околу 2 милиони на Њукасл.
Полека и таму ја зафаќа клупата така да според мене оди кон надолна линија и заминат е во тефтерот "Заборавени" играчи..
 
Кај е бентли? Требаше да биде играчиште ама не сум го видел бог знае од кога.
 
Кај е бентли? Требаше да биде играчиште ама не сум го видел бог знае од кога.


Потипша за ФЦ Ростов у Русија, на 6 месечна позајмица, одкако Вест Хем каде беше позајмен лани одлучи да не го откупи...
 
Javier Portilo едно време беше во Реал Мадрид па замина во Фиорентина и изигра една или две сезони и од тогаш ни трага ни глас.Па сеа побарав низ вики сменал неколку клубови моментално е во Херкулес
Years Team
Apps†
(Gls)†
2001–2002 Real Madrid B
28​
(16)​
2002–2006 Real Madrid
31​
(6)​
2004 → Fiorentina (loan)
11​
(1)​
2005–2006 → Club Brugge (loan)
24​
(8)​
2006–2007 Gimnàstic
34​
(11)​
2007–2009 Osasuna
40​
(3)​
2010–2011 Hércules
42​
(6)​
2011–2012 Las Palmas
34​
(8)​
2012– Hércules
3​
(0)​
 
Имаше многу Ван Дер... али најјакиот беше овој, Енди Ван дер Мејде. :D

„Растураше“ у Интер и у Евертон.

п.с. примете колку настапи имал за ПСВ... :icon_lol:
Ааиии.. Овој заборавил како изгледа да постигнеш гол. :icon_mrgr:
 
Кристијано Занети
http://en.wikipedia.org/wiki/Cristiano_Zanetti

Жими се порано мислев дека е брат со Хавиер Занети :facepalm:. Знам дека играше во Интер, па кога падна Јуве втора лига дојде таму, па знам цело време грееше клупа, потоа и во Фиорентина се изгуби, а сега гледам дека завршил во Бреша. Не беше нешто посебно како играч, ама дефинитивно заслужува да биде спомнат во темава
 
Sérgio Conceição беше во тимот на Португалија на ЕП 2000 и СП 2002 но ништо не бидна ни од него. Има играно за Парма, Лацио, Порто а врвот на кариерата му беше неуспешната авантура во Интер. Последен клуб му беше грчки ПАОК. Сега е тренер мислам.
Врвот на кариерата му беше во Лацио.Беше еден од клучните фудбалери за Лацио кога ја освоија Серија А во 2000, пред тоа Супер купот на Европа и купот на Италија.Во 2000 беше вклучен во трансверот на Креспо во Лацио и кариерата почна да му паѓа надоле.
 

Герман Бургос

Леле, сега ми текна на голманов. Која појава беше, бранеше во Атлетико Мадрид последните години, цело време носеше црвена капа за да не му смета косата :ROFLMAO: . Беше неколку години втор голман на Аргентина, и беше одличен читач на пенали. Најмногу ќе го памтам по 0:26 :pos:

Еве уште едно видео

 

Герман Бургос

Леле, сега ми текна на голманов. Која појава беше, бранеше во Атлетико Мадрид последните години, цело време носеше црвена капа за да не му смета косата :ROFLMAO: . Беше неколку години втор голман на Аргентина, и беше одличен читач на пенали. Најмногу ќе го памтам по 0:26 :pos:

Еве уште едно видео

Хахахахаха ... Не го знам овој, али дефинитивно ме изнасмеа. Многу чудна појава :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom