Веке два дена имам огромна забоболка. Вчера пиев Аналгин за да ми се намали болката, но денес веке тоа не помага и купив Вентор 100мг, по предлог од мојот матичен заболекар, кој што не сум во состојба да го посетам се до утре... Ни Вентор не ми ја смири болката и се расчитав низ интернетов и најдов еден многу интересен метод кој до сега најефикасно ми ја смири болката 90%. Ке ви пишам неколку домашни методи кој до сега ми помогнале да ми се смири забоболката. Се надевам на некој ке му помогнат.
1. Облоги ладни-топли. Помагаат краткотрајно и најчесто после неколку минути болката ми се изострува и е понеподнослива.
2. Жабуркање со алкохол. Исто помага моментално, но не го препорачувам... (освен за добра забава)
3. Жабуркање со топла вода и сол. Помага делимично до целосно да се смири болката. Ги иритира непцата и почнуваат да печат, што некако ми се допага.

4
4. Ментол кесичка од чај - Нане. Сварете го во жешка вода, исцедете го и кесичкта држете ја на забот, додека (се надевам) не ви помине болката. Потоа со лесна гаргара испите си го остатокот од чајот

5. Каранфилче - Неколку суви цветови држете ги да се стопат околу болниот заб. Болката ке се намали + ке имате убаво чувство во устата. Каранфилчето има антисептичко и антивоспалително дејство и е подобро од било кое фармаколошко средство за елиминирање афти и забоболка.
6. ДО СЕГА ЗА МЕНЕ НАЈЕФИКАСЕН - На мало памукче - чепкалка за уши прснете од парфем ( не дезодоранс ) и со памукчето тријте ги непцата околу болниот заб. По можност предходно истријте го забот со паста и четка за заби додека малку не се раскрвават (вцрват) непцата. Овој начин со парфемот ми има помогнато да заспијам многу вечери...
7. Овој метод прв пат го применувам и ми делува моментално и еве веке еден час немам болка. Звучи чудно, но делува. Масирајте го местото на дланката помегу палецот и показалецот. Местото во форма на "V" буквата. Делува моментално и е многу релаксирачки.
Ако имате ставено во забот моментален лек, со чачкалица обидете се да го извадите лекот, но претпаазливо да не повредите некој нерв и по некое време нежно ставете стерилно памукче на истото место.
Се надевам дека на некој ке му помогнат советиве, бидејки забоболката е една од најболните и најдосадните работи на светов.