Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Што помалку да јадеш и што потечна/мека храна, што друго.
Читам конкфликтни информации за испирање со состав од топла вода и сол после секое јадење (некаде пишува може и со вода и камилица) за да се отстрани евентуална храна од местото каде што беше забот. Треба или не треба?
 
Млака вода и сол нема да ти штети.
 
Читам конкфликтни информации за испирање со состав од топла вода и сол после секое јадење (некаде пишува може и со вода и камилица) за да се отстрани евентуална храна од местото каде што беше забот. Треба или не треба?
Испирај со што сакаш, само гледај да не се собира храна и тоа е тоа, ништо посебно не треба да се прави.
 
Од искуство или знаење, која е крајна граница (апсолутно никакви шанси понатаму) за фиксна?
 
Нема да ти одговорам конкретно на прашањето, пошто не сум многу навлезен во ортодонцијата, тоа е стварно посебна наука.

Ортодонтите решаваат 2 типа на проблеми: неправилности на заби и неправилности во меѓувилични односи. Е сега, првиот проблем релативно лесно го решаваат, така да може и на постари години.
Заебаното е кај вториот проблем, многу полесно се решава кога е човек под 18 години, ама може и покасно (ова од искуство). Може нема да успее да го доведе загризот во правилен сооднос, меѓутоа сигурно ќе биде подобро од претходно.

Најдобро ти е да си закажеш преглед кај ортодонт и да ти ги каже опциите и што да очекуваш.. или ако имаш среќа овде на форумот на ти реплицира некој ортодонт :ROFLMAO:
 
Вадев камен пред 3 месеци, ама пак непцата почнуваат да ме болат и да крварат на четкање.
Забарот ми кажа дека треба на секои 5-6 месеци да вадам камен, но осеќам дека ми се полни камен порано од тоа што треба да одам.

Имам рана фаза на парадентоза (наследно).

Што може да биде проблемот?
Гингивата (непцата) болат крвават при четкање затоа што биле иритирани од забниот камен кој патем секогаш е обвиен со дентален плак (биофилм). Ова што велиш се полни зависи од многу фактори (пушење, ставот спрема сопственото здравје, степен на одржување на орална хигиена, исхрана, стрес итн.). Потребно е да се одржува добра орална хигиена со основните четка и паста за заби плус конец пробај да примениш и водички за испирање на устата. Во пародонтопатијата генетскиот фактор и те како има улога. Со правилно одржување орална хигиена редовна посета на стоматолог и отстрануавање на забниот камен како и корегирање на доколку постојат несоодветно реставрирани заби итн пародонопатијата може да се одржува односно да се контролира.
 
Препорачајте забар/стоматолог во Скопје. Чистење на кариес и пломбирање на 4/5 заба се во прашање.
 
Последнава пломба што ја ставив пред одприлика месец дена (извадив амалгам), сега кога ќе се напијам вода од чешма (поладна) или кафе топло цела глава ме боли подолго време и што да правам сега?
 
Оди на заболекар.
 
Веројатно не бил доволно излечен забот или сте пробале да спасите заб на кој му немало баш спас.
 
Забот беше топ и здрав не беше расипан, чисто го извадив амалгамот затоа што читав лоши работи за црните пломби и живата и да ставам нормална пломба. Е сега ако не бил доволно излечен мене прашањето ми е дали ќе престане некогаш ова или ќе треба пак да му одам на забарот?

Затоа што и зимата извадив така уште два од кои едниот кога ќе загризам убаво на него ми е чувствителен и ми го погодува живецот и као the fuck мислев ќе помине после пола година уште е исто, не ми треба уште проблематичнни заби.
 
Тоа ти викам, мораш да одиш до заболекар штом не прекинува болката и после 1 месец.
Ти се јавува пост-реставративна сензитивност (од стружење, сушење, лошо ставена подлога под пломбата), што може да трае и неколку недели, ама веќе ако трае 1 месец треба да се поправи пломбата.
 
Забот беше топ и здрав не беше расипан, чисто го извадив амалгамот затоа што читав лоши работи за црните пломби и живата и да ставам нормална пломба. Е сега ако не бил доволно излечен мене прашањето ми е дали ќе престане некогаш ова или ќе треба пак да му одам на забарот?

Затоа што и зимата извадив така уште два од кои едниот кога ќе загризам убаво на него ми е чувствителен и ми го погодува живецот и као the fuck мислев ќе помине после пола година уште е исто, не ми треба уште проблематичнни заби.
Сам си направил проблем. Кој те терал да ваѓаш амалгамска пломба ако си немал никакви проблеми. Тоа што го читаш на нет нема докази дека е така. И да е така повеќе си се интоксицирал при вадење на амалгамот

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Две години имав температура 37.1, 37.2 што се појавуваше и траеше некогаш и со месеци и од очај се и сешто пробував, читав една книга за хронични мистериозни болести кај што една од причините беше и живата со амалгамските пломби. Јас од што бев толку очаен решив се да пробувам додека најдам лек па и амалгамите да ги извадам три имав.
 
Нема врска тоа. Минимални траги од жива се тоа. Јас имам амалгам 8 години веќе. Подобро е да обратите внимание на евентуално постоење заостанати корени доколку ги имате, како и општата состојба на заболото и гингивата во однос на постоењето амалгамски пломби. Споредба давам на што да се насочувате како нешто што не е во ред во однос на пломба која веќе точно не се користи но доколку ја имате нека стои и така предност во однос на другите материјали е долготрајноста и издржливост.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom