Од искуство или знаење, која е крајна граница (апсолутно никакви шанси понатаму) за фиксна?
Нема да ти одговорам конкретно на прашањето, пошто не сум многу навлезен во ортодонцијата, тоа е стварно посебна наука.
Ортодонтите решаваат 2 типа на проблеми: неправилности на заби и неправилности во меѓувилични односи. Е сега, првиот проблем релативно лесно го решаваат, така да може и на постари години.
Заебаното е кај вториот проблем, многу полесно се решава кога е човек под 18 години, ама може и покасно (ова од искуство). Може нема да успее да го доведе загризот во правилен сооднос, меѓутоа сигурно ќе биде подобро од претходно.
Најдобро ти е да си закажеш преглед кај ортодонт и да ти ги каже опциите и што да очекуваш.. или ако имаш среќа овде на форумот на ти реплицира некој ортодонт