Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Неверојатен актер.Еден од подобрите во моментов.Може да глуми различни улоги.Што и да му дадат тоа ќе го одглуми перфектно. Беше топ во American Psycho
 
Бејл, е еден од најдобрите актери во понова историја, да толку е добар. Неверојатни способности за трансформации.

За мене блесна во Empire Of The Sun, Machinist, Rescue Dawn, многу повеќе него во своите други филмови.

Тука би го додал и Harsh Times...
 
Еден од најдобрите актери во Холивуд. Нема филм кај што не изглумил добро.
 
Кристијан е мојот омилен глумец и сигурно е еден од најдобрите глумци моментално.Ме фасцинира неговата посветеност кон улогата која ја има и бројните трнсформации кои ги има доживеано.
 
Од филмовите кои ми текнува во моментов...

Machinist и The Prestige му се најдобри според мене, можеби и дека самите филмови се многу добри. Посебно во првиот, трансформацијата му е донесена до непрепознатливост. Во American Psycho (иако високо рангиран филм и од критичари и од публика) не ми остави некаков драматичен впечаток, а истото важи и за акционо-тепачките филмови од типот на Equilibrium, Terminator, па до негде и Batman-ите, пошо во такви филмови и тешко да надвладее актерството врз немногу-интелигентната приказна....добро ова не важи за Batman, ама кај овие два е лик а ла Том Круз (што не многу го есапам за некое глумчиште со 2 добри од 200 улоги).....
За Dark Knight (сите три дела) немам зборови....еден од повеќето во долгата листа на ликови во филмот за кои што се соодветно избрани актерите...
Талент опасен и многу работа на ликовите, очигледно....е сега, промашени улоги мора да се има, ама Бејл не ги има нешто премногу, затоа многу го ценам - еден од омилените актери во денешно време...
 
Море какви Бетмени. Во Prestige ептен ме бендиса. Ама Harsh Times, damn! Веројатно филмот кој сум го гледала повеќе пати и од Фајкла. А немам ниет да гледам еден филм повеќе пати.

Сериозно. Ова е филм, кој сите морате да го гледате.

Mногу мал дел од луѓево кои ги знам во маало го имаат гледано, а имаат солидно познавање, и не само они, еве и на форумов се кладам дека има голем број на членови што не ни знаеле дека филмов постоел. Значи не се работи за навреда, да не бидам погешено сватен, не го гледале не го гледале, ок....само се чудам како овој филм не доби никаков публицитет, ако се знае дека се работи за мало ремек дело во кое Бејл разара!
 
Јас, знаеш колку случајно го најдов. Еден другар ми даде цедиња со филмови што ги симнал на шашма и ми стоеше така некое време, немав ич ниет да го пуштам. Брат ми да не беше немаше сама да го пуштам ни јас, а и тешко дека ќе чуев за филмов да не ми го дадоа на ДВД, едноставно нема препораки за него.

Како и да е, треба да го популаризираме, еве затоа и ја користам темава. И филмот е добар, а богами и глумата. Овој може да го ставиме и во графата потценети филмови. Кој не го гледал нека го погледне, баш ме интересира дали ќе ви се допадне.
 
Јас, знаеш колку случајно го најдов. Еден другар ми даде цедиња со филмови што ги симнал на шашма и ми стоеше така некое време, немав ич ниет да го пуштам. Брат ми да не беше немаше сама да го пуштам ни јас и тешко дека ќе чуев за филмов. Како и да е, треба да го популаризираме, еве затоа и ја користам темава. И филмот е добар, а богами и глумата. Овој може да го ставиме и во графата потценети филмови. Кој не го гледал нека го погледне, баш ме интересира дали ќе ви се допадне.

Изгледа си заборавила дека го зборевме еднашка одамна, или пак можда не си стигнала да го гледаш во тој период, знам дека го препорачав :)

Иначе дефинитивно филм кој мора да се гледа...одличен од секој аспект.
 
Се сеќавам, само ти го знаеше филмов од форумов:) Ама не предизвикавме никаква реакција тогаш. Да се надеваме сега ќе поттикнеме некој да го гледа.:)
 
Прв пат слушам за филмот, ама како му запнавте, ќе морам сега да го гледам. :)
 
Едно прашање во темава само квалитетни глумци,режисери ќе има или?
 
Едно прашање во темава само квалитетни глумци,режисери ќе има или?

Зависи. Адам Сендлер го сметаш за квалитетен режисер и актер?:D

Ако имаш некој предлог, слободно кажи го и после Бејл ќе го ставиме него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom