Нолан ми е онака режисер. Знае да ми го привлече вниманието и воглавно да ми приреди забава со бетмениве и до некаде инсепшн, а и да ме заинтересира повеќе како со Мементо и Престиж. Иако глупаво е да споредам, ама кога ја прочитав книгата The Prestige и кога го изгледав филмот повторно не ми беше како првиот пат затоа што книгата беше каде каде подобра, ама пак би се повторил овде - не би правел таква споредба.
Doodlebug му е краток филм и многу ми се свиѓа. Тука најмногу се гледа дека имал огромен потенцијал.
Само штета што целата таа креативност и енергија ја насочи на правење блокбастерчиња и нашминкани филмови со еден куп ефекти од милијарди долари. И мислам дека и така ќе остане во иднина. Сепак, не ми е во најдобрите режисери на денешницава, пошо ми е онака, а и затоа што кога ќе размислам, далеку е од генијалец каков што е на пример Пол Томас Андерсон.