Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Која финта?

4311B45C60590E4E8F86E51D6D1E9ED9.png
 
Финчер е просек меѓу велеканите. Велекан меѓу просечните.
Море филозофски мисли на темава, тоа чудо некое....
Se7en, The Game, Fight Club - класика.
Social Network ок филмче, интересно, мене не ми беше досадно (можда оти му улетав со 0 очекувања)
Panic Room - доста ок филмче, лесен трилер, над просекот дефинитивно (тоа шо игра тоа габорот од Твајлајт му е огромен минус)
Зодијак и Тетоважата не ми се гледани, тетоважава не ни ја планирам во скоро време, ама Зодијак одамна стои во вочлиста ќе треба да се прегледа.
 
Море филозофски мисли на темава, тоа чудо некое....
Se7en, The Game, Fight Club - класика.
Social Network ок филмче, интересно, мене не ми беше досадно (можда оти му улетав со 0 очекувања)
Panic Room - доста ок филмче, лесен трилер, над просекот дефинитивно (тоа шо игра тоа габорот од Твајлајт му е огромен минус)
Зодијак и Тетоважата не ми се гледани, тетоважава не ни ја планирам во скоро време, ама Зодијак одамна стои во вочлиста ќе треба да се прегледа.

Сам бев изненаден што напишав, онака рандом. :X3:

Исто би пишал иначе ко другите, класиците се вред, Зодијак е лош, досаден де. Подобро Девојката да го гледаш.
ПС Има тема за режисери, омилени и слично?
 
Што ви е "филмот" со Зодијак, не можам да разберам. Мене, тие скоро три часа ми минаа за секунда, ама воопшто не ми беше досаден. Наративот на приказната одличен, за глумата да не зборам, скроз се соживеав со очајот на ликовите кои беа во потрага на ноторниот убиец Зодијак.

Сум пишала и претходно, ми прави ќеф Финчер, трилерите му се прва лига, тензични, напнати, ти го држат вниманието до крај. Единствен филм кој ми оставил блуткав вкус по гледањето беше Социјалната Мрежа, за другиве никако не се согласувам дека се просечни и лоши.
 
Не е лош Зодијак ама е предолг, јас почнав да мрдам при крајот... Филмот како филм, ама сцената со пикникот ќе се памти, јако морничава сцена, вистински хорор. Другото можеше и подобро.
 

Кој е господинов со порно брк?



Инаку Зодијак го заспав во кино. Не дека беше лош филмот, додека го гледав бев цело време во состојба на морничавост од целата атмосфера што преовладуваше во тие саат и 20 минути што успеав да ги изгледам :) . А инаку многу импресиониран бев од Марк Рафало, кој почнав да го следам уште од "Studio 57" и успева во секој негов нареден филм да ме воодушевува се повеќе и повеќе. А за Дејвид Финчер. тоа што го пиша WOT иако е убаво и поетично на некој начин, не се сложувам. Финчер според мене си е квалитетен режисер и дури повеќе од тоа. За разлика од М.Најт Шајмалинглангликилики кој после "6 Сетило" го споредуваа и го нарекуваа наследник на Хичкок, ама набрзо се издува и реши на целиот филмски свет и публиката преку неговите наредни филмови да им покаже дека не е така и дека биле грешка, Финчер си се докажа и според мене е вистинскиот наследник на Хичкок и воедно Хичкок за нашата генерација. Човекот е мајстор за напнатост. Секако дека има два, три лоши филмови зад себе(Benjamin, I am looking right at you) ама па и Хичкок зад себе го има Topaz така да тоа ништо не значи. Можеби сум грешка и не сум видел убаво и се извинувам однапред доколку некој го пишал, ама од цело ова спомнување на Фајкла, Фајкла дали на некој му текна и да го спомне The Game? Дефинитивно после ... Фајкла...најдобар филм на Финчер.
 
Очигледно не гледаш ракомет :)
Кога гледам разни спортски манифестации обично сум во тешка алкохолизирана состојба така да обично немам сеќавања што се дешавало претходните два дена. Не е добар изговор, а и не e изговор на кој сум особено горд ама тоа е што е.
disappointed.gif


Спомнат е The Game, макар што според мене Se7en е филмот после Фајкла.

Пред да го гледам за првпат Se7en, целиот филм ми беше испојлеришен така што го немаше тој впечаток кај мене кој сите го делат кога за прв го гледале филмот. За разлика од The Game кој кога го гледав буквално ја имав Нео фацата. Whoooah.
 
Да, ако налеташ на мега спојлер за филмови како Фајкла и 7, подобро ич не гледај ги...
 
Зар немавме веќе опширна дискусија за Финчер пред неколку месеци?

Зодијак и Седум му се најдобри, другите доста добри освен Социјална мрежа кој му беше утка, но добар камбек му беше тетоважата.
 
Да, ако налеташ на мега спојлер за филмови како Фајкла и 7, подобро ич не гледај ги...

Колку не. Јас трипати го имам гледано Se7en, и најозбилно осум пати Фајкла.

The Game можеби е квалитетен трилер, онака мајндфак, али 7 врие од фантастични дијалози. Да се изнауживаш слушајќи само.
Повеќе се потпирам на тоа кога го бранам овој, место како добар трилер со мајндфак.
 
Колку не. Јас трипати го имам гледано Se7en, и најозбилно осум пати Фајкла.

The Game можеби е квалитетен трилер, онака мајндфак, али 7 врие од фантастични дијалози. Да се изнауживаш слушајќи само.
Повеќе се потпирам на тоа кога го бранам овој, место како добар трилер со мајндфак.
Се е во ред, ама првиот пат да го доживееш. Јас го имам гледано 7 едно 5 пати. Ама некој да ми го покака крајот од прва веројатно филмот нема да ми остави ист впечаток.
 
Колку не. Јас трипати го имам гледано Se7en, и најозбилно осум пати Фајкла.

The Game можеби е квалитетен трилер, онака мајндфак, али 7 врие од фантастични дијалози. Да се изнауживаш слушајќи само.
Повеќе се потпирам на тоа кога го бранам овој, место како добар трилер со мајндфак.

Не се прај мадафака, си ги глеал толку пати зашто не си можел да ги сфатиш. :ROFLMAO:
 
Време е за ново дете:
Џозеф Гордон Левит
black-and-white-guy-hot-joseph-gordon-levitt-photography-Favim.com-435802.jpg


За него велат дека е најдоброто нешто од актерите од неговата генерација. Левит до толку добро се покажа во изборот на улоги, што веќе почна да го следи одлична репутација која сугерира да се гледа секој негов филм зашто досега не утнал. Почнувајќи од почетокот на својата кариера, човеков буквално знаел каде да стави нога и да остави белег. Па така уште како тинејџер се појави покрај Џон Литгоу во серијата Третиот камен од сонцето и остана забележан по својата улога.

Знаел да одбере и улога во тинејџерски филм, на пример „10 работи кои ги мразам кај тебе“, кој барем во МК секој го има гледано повеќе од еднаш. Интересно, тука се појавува покрај Хит Леџер кој додека беше жив постојано го ставаше во сенка. Двајцата премногу беа слични, како физички така и од актерска гледна точка. Мислам дека секоја улога која ја одиграл едниот, може да ја одигра и другиот. Иако само две години постар, Леџер некако повеќе го добиваше вниманието. Па така се поставува прашањето, колку Левит ќе беше ценет да беше Леџер жив?

Очигледно Левит е и новиот миленик на Нолан, откако веќе доби улога во Inception и The Dark Knight Rises, а како што знаеме добро е кога еден познат режисер има актер миленик (Финчер - Бред Пит, Скорсезе- Леонардо ДиКаприо) зашто секогаш ќе има на дофат добри улоги.

Левит важи за камелеон кога станува збор за филмските улоги. Мене лично ме импресионира како Хешер, во истоимениот филм, вистински лудак, а од друга страна глуми ранлив човек во 50/50. Знае да се снајде во нискобуџетен филм и блокбастер.

Па да видиме, дали ви се допаѓа Левит и она што го сработил? Мислите ли дека има перспектива во иднина, потоа дали држи вода споредбата со Леџер, дали во новиот Бетмен ќе успее да се истакне покрај такви големи ѕвезди како Гери Олдман и Кристијан Бејл? Која негова улога ви е омилена? Итн итн....

Бујрум:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom