YouTube (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата NightWolf
  • Време на започнување Време на започнување
Деновиве добив понуда за YouTube партнерство од една голема мрежа која е една од најдобрите на YouTube и чекам да ми ја разгледаат апликацијата. Ако се излезе како што треба и ако почнам да работам со нив ќе се обидам да најдам повеќе луѓе од Македонија што имаат квалитетни канали за да ги регрутирам и нив како партнери. Имаат одлични начини за заработка и како што гледам веродостојни се и имаат над 1300 партнерски канали, така да очекувам да биде добро.
 
LoL а колку заработува ? Само онака љубопитност оти седење цел ден на стол и газот ќе биде рамен како плочкест што е за жалење :D

Sent from my iPad 3 using Tapatalk - now Free
 
Верувал или не на Јутуб многу луѓе заработуваат одлично. Се зависи до тоа колку ти се квалитетни видеата и каналот. Има луѓе што месечно заработуваат над 30.000 долари. Газот ќе ти стане мазен ама кога ќе заработиш некоја солидна сума секој месец што тука во Македонија можеш само да ја сонуваш нема да ти биде мака.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
не можам да отворам 90% од видеата... што се случува со Јутјуб ?!
 
Верувал или не на Јутуб многу луѓе заработуваат одлично. Се зависи до тоа колку ти се квалитетни видеата и каналот. Има луѓе што месечно заработуваат над 30.000 долари. Газот ќе ти стане мазен ама кога ќе заработиш некоја солидна сума секој месец што тука во Македонија можеш само да ја сонуваш нема да ти биде мака.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk

Да беше толку лесно сите ќе правеа пари... Тоа се само неколку канали што можат да се избројат на прсти што генерираат толкави суми на пари месечно...

Бидете реални , 1.000 до 2.000 долари месечно е доста за наш стандард... И некој ако го достигне тоа е голем успех...
 
Деновиве добив понуда за YouTube партнерство од една голема мрежа која е една од најдобрите на YouTube и чекам да ми ја разгледаат апликацијата. Ако се излезе како што треба и ако почнам да работам со нив ќе се обидам да најдам повеќе луѓе од Македонија што имаат квалитетни канали за да ги регрутирам и нив како партнери. Имаат одлични начини за заработка и како што гледам веродостојни се и имаат над 1300 партнерски канали, така да очекувам да биде добро.

1. Koja мрежа?

2. Дај линк од твојот канал.

3. Како работи монетизација за МК, извини ме мрзи да читам голема е темата.
 
Да беше толку лесно сите ќе правеа пари... Тоа се само неколку канали што можат да се избројат на прсти што генерираат толкави суми на пари месечно...

Бидете реални , 1.000 до 2.000 долари месечно е доста за наш стандард... И некој ако го достигне тоа е голем успех...

Јасно дека сите ќе правеа пари на тој начин, но младината на Западот се повеќе се впушта во онлајн заработката, а богами има и доста постари не само млади луѓе. Да можам да заработувам 2000 долари месечно онлајн јас би рипал од среќа, ќе можам да живеам како човек во оваа нечовечка држава.
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 19:50 ---
1. Koja мрежа?

2. Дај линк од твојот канал.

3. Како работи монетизација за МК, извини ме мрзи да читам голема е темата.

http://www.acifinnetwork.com/

http://www.youtube.com/vlecka

Ако те прифатат за партнер во некоја од мрежите што се веќе партнери на YouTube тогаш можеш да заработуваш без разлика од која држава си. Всушност ти не работиш директно за YouTube и не си нивни партнер туку работиш за партнерот на YouTube, во случајов за Acifin Network, тие се оние што те плаќаат и преку кои заработуваш пари. Многу тешко се влегува и во овие мрежи бидејќи секојдневно огромен број на луѓе им праќаат апликации но многу малку се одобрени. Инаку каналот на YouTube треба да ти биде беспрекорен, да немаш никакви проблеми со Copyright и слично.

Мене апликацијата ми беше одбиена без објаснување зошто, им пратив неколку мејлови но не ми одговорија. Го контактирав дечкото од САД што ми прати покана за партнерство во мрежата и ми кажа дека и него во исфрлиле без да му објаснат зошто и без да му платат околу $6000 долари, па сега ќе поднел тужба против нив.
 
1. Што спаѓа под copyright поточно? да немаш никакви strikes, или строго твој материјал да подигаш?

2. Дали ако си имал strikes во минатото, можеш да бидеш партнер повторно?
 
Се што не е твој материјал музика, видео, филм, анимација било што ти е страјк од почеток.

За директно партнерство со YouTube, каналот мора да ти биде чист. Не смееш да имаш ставено никакви материјали што не се сопствено твои или ако веќе споделуваш такви мораш да имаш договор со претставникот и/или сопственикот на тој материјал дека ти дозволува да правиш со него што сакаш, но за Македонија тоа капут, не важи бидејќи Македонија не е во земјите на YouTube партнерство. Тука немаш теоретски шанси за партнерство воопшто, дури и да ги исполнуваш условите.

Ако се приклучиш преку друга мрежа, пример таа јас што ти ја кажав во претходниот пост, тие бараат твоите видеа да имаат повеќе од 2000 views дневно, тоа е минималната квота но колку повеќе толку подобро. И кај нив важи истото правило за Copyright Material, не смееш да споделуваш ништо што не е твое или немаш писмен доказ/договор дека ти е дозволено да го користиш. Мораш на секое видео каде што имаш искористено песна или музика од изборот на YouTube да ставиш Credits, информации за изведувачот на песната/музиката и издавачката куќа. Директно лепење на музика на видеото што не е твоја исто така не е дозволена.

Имаш низ интернет многу за овие работи, побарај на Гугл сигурно ќе најдеш. Доколку прекршуваш и едно правило од тие што се наведени од YouTube или партнерската мрежа никогаш нема да бидеш прифатен.

Така да прочитај си повеќе за ова низ интернет и види си ја ситуацијата со каналот па ако мислиш дека имаш шанса пробај си ја среќата. И внимавај да не налеташ на некоја лажна мрежа бидејќи ги има многу, главни и најдобри се само 4 -5, другите се смешни.
 
Фала ти на појаснувањето, кај мене цел канал е базиран на copyright материјал, го почнав како хоби, не заради профит :)

Ако има некоја шанса да се премине преку тоа ок, ако не здравје, ќе разгледам. Иначе ме контактираа 2 мрежи, ама на Google најдов за нив дека не се баш нешто и не се ни замарав да им одговорам.
 
едно малку чудно прашање :)

Дали може некако да се подеси каналот на youtube, да кога отвараш нови видеа да не се лоадираат и започнуваат веднаш туку од како ќе се кличне на плеј, ама не за мои сопствени видеа, туку кога отварам други :)
се надевам ме ќе ме разбере некој и ќе ми помогне, ако случајно постои нешто вакво
 
http://www.hongkiat.com/blog/stop-youtube-autoplay/
 
Неможам на раат да пуштам јутуб...секое видео на секој 5 секунди сецка...шо е работата?

3-4 дена е вака може и повише
 
И на мои другари така им прави, незнам зошто но кај мене се е во ред.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom