Јасно дека сите ќе правеа пари на тој начин, но младината на Западот се повеќе се впушта во онлајн заработката, а богами има и доста постари не само млади луѓе. Да можам да заработувам 2000 долари месечно онлајн јас би рипал од среќа, ќе можам да живеам како човек во оваа нечовечка држава.
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 19:50 ---
http://www.acifinnetwork.com/
http://www.youtube.com/vlecka
Ако те прифатат за партнер во некоја од мрежите што се веќе партнери на YouTube тогаш можеш да заработуваш без разлика од која држава си. Всушност ти не работиш директно за YouTube и не си нивни партнер туку работиш за партнерот на YouTube, во случајов за Acifin Network, тие се оние што те плаќаат и преку кои заработуваш пари. Многу тешко се влегува и во овие мрежи бидејќи секојдневно огромен број на луѓе им праќаат апликации но многу малку се одобрени. Инаку каналот на YouTube треба да ти биде беспрекорен, да немаш никакви проблеми со Copyright и слично.
Мене апликацијата ми беше одбиена без објаснување зошто, им пратив неколку мејлови но не ми одговорија. Го контактирав дечкото од САД што ми прати покана за партнерство во мрежата и ми кажа дека и него во исфрлиле без да му објаснат зошто и без да му платат околу $6000 долари, па сега ќе поднел тужба против нив.