Ова е уште еден пример како од мравка се прави слон односно како преку социјалните мрежи се шират дезинформации и порталите објавуваат грешни, лажни и нецелосни информации со цел да добијат на читаност.
YouTube лансира сервис за стримање на музика како што се Spotify, iTunes и слични.. Независните музичари кои нема да потпишат договор едноставно нема да можат нивните песни да ги стримуваат преку новиот сервис.
Содржините и каналите што ги имаат на YouTube ќе им останат нечепнати односно се‘ ќе си остане како што е и сега.