Христијанството и човечките раси

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Вонземјани ваљда :D.

Инаку да ги потсетиме побожниве дека Адам бил со три жени. Но дека прво бил хермафродит, едната му киднала (Лилит мислам беше, очигледно и изгледал многу гадно Адам во таа фаза, па зела се фукала со демони, посекси и биле), другата жена е безимена, па ќе ја викаме Безименка, таа исто бега во хорор од тоа што го гледапа, па решава да Бог му прави reconstruction surgery на Адам и од негово ребро и вишокот гениталии гради жена која ќе го мерачи, за разлика од другиве две, и тука ја имаме Ева. Вака, као само машко изглеа и се допаднал нејзе.
Не бе, во Библијата се спомнува уште една жена која му ја мести Господ на Адам, која е после Лилит, а пред Ева, само не е напишана со име.
Шкорпион,во Библијата не се спомнува ниту Лилит,ниту таа Безименката што ја спомнуваш.Од каде ги извади овие информации?
 
Шкорпион,во Библијата не се спомнува ниту Лилит,ниту таа Безименката што ја спомнуваш.Од каде ги извади овие информации?

Шкорпион ја чита нецензурираната верзија на Библијата:D
 
Адам и Ева не се еден човек и една жена.

Тоа се група машки и група жеснки индивидуи со кои започнал експериментот кој трае до ден денес:D

Ми Лајки Дис ;)

Вонземјани ваљда :D.

Инаку да ги потсетиме побожниве дека Адам бил со три жени. Но дека прво бил хермафродит, едната му киднала (Лилит мислам беше, очигледно и изгледал многу гадно Адам во таа фаза, па зела се фукала со демони, посекси и биле), другата жена е безимена, па ќе ја викаме Безименка, таа исто бега во хорор од тоа што го гледапа, па решава да Бог му прави reconstruction surgery на Адам и од негово ребро и вишокот гениталии гради жена која ќе го мерачи, за разлика од другиве две, и тука ја имаме Ева. Вака, као само машко изглеа и се допаднал нејзе.

Аааа, ни јас не ја знам таа измеѓу....Лилит ја знаеме, не сакала да се покори и да биде слуга на маж - пошто двајцата се рамноправни.
 
Или не сфати што сакам да кажам или едноставно правиш глупави споредби.

Во врска со Џордано Бруно и црквата.
Во тоа време црквата имала голема моќ.

Споредбата со уметноста ми беше што кога гледаш некоја слика ти на пример и се воодушевуваш, а на мене ми се сере(извини на речников)

Поедноставно не знам како да ти објаснам

Уметноста никогаш никого не фаќала за врат па да го носи до сликјата (или било што) и да му вели (Гледај и уживај!), Црквата имала власт до пред еден век. Можеби не да те спали или убие али доволно да ти го загорча животот. До пред еден век можеше да изгубиш работа, положај, да бидеш обележан во општеството ако си изнесувал, проучувал или пишел работи спротивно црковната верзија. Сега велиш е уметност... песни, поточиња, ливади со цвеќе. Но тоа е истата “уметност“ која своето денешно место го има врз темели на монопол, наметнуување на услови а во некои случаеви и физичко и психичко казнување, поробување па и убивање на оние кои не се повинуваат на таа вера или се од друга.
Не е така едноставно.
 
Пак не ми ја сфати поентата.
Моментално не ми текнува друга метафора.
Наука = прецизно,документирано, еднакво за сите, докажано, објективно
Религијата = Субјективно

Значи низ вековите во име на религијата луѓето направиле многу добри и исто толку лоши работи.
Ти упорно ги споменуваш лошите за кои многу нормално дека брзо се шират.
Ако прашаш некого дали знае кој е Хитлер?
99% ќе кажат да.
Ако прашаш некој дали знаеш кој е (вметни рандом личност) која помогнала да се спасат евреите не верувам дека ќе имаш толкав успех.

Сега нема да коментирам дали религијата направила повеќе добро од лошо или обратно тоа е во минатото и тешко дека некој би имал одговор на тоа прашање.

Иако ти упорно некако му даваш правец на дискусијава во таа насока.

Мене поентата ми е само да ти кажам дека религијата и науката се фундаментално различни и дека е невозможно да ја дискредитираш религијата со наука, како што не можеш да ја дискредитираш науката со религија.

Се надевам ме сфати што сакам да кажам, а за тоа дали религијата е добро или лоша, корисна или пакосна постојат други теми.
 
Кај се спомнува жити се, де цитат да видиме....

Стариот Завет друже, Genesis?

Не ми текнува кој дел, ама таму се. Има и Мидрашки надополнувања.
 
Ова можеби не спаѓа во Религија, но објаснува некои работи :)

Извадок од расказот „Ева“ на Жаклин Харпман

- Според тебе, зошто Тој ни брани да јадеме од ова Дрво? – го прашав Адам, кој се правеше дека не го разбра моето прашање.
Инсистирав:
- Мора да има некоја причина.
- Не сум сигурен дека имаме право да се прашуваме за Неговите намери, ми одговори на крајот надмено.
- Но што би можело да се случи кога би направиле нешто забрането?
- Од кај да знам? Тој нема да биде задоволен, тоа е сигурно.

Адам се испружи на земја да спие. Мене не ми се спиеше. Мислев на следниот ден: времето ќе биде убаво, како и секој ден. Ќе јадеме овошје, ќе се испружиме на сонце, ќе одиме да се капеме во млаката езерска вода, а потоа ќе се стемни и следниот ден одново ќе го правиме истото. Одеднаш ме обзеде очај. Ами немаше ли ништо друго да се прави? Ами животот тоа ли ќе ми биде, таа низа од слични денови, и кога ќе бидеме размножени, наместо двајца ќе бидеме десет, сто, не знам колку, да се среќаваме на тревниците, затапени и сити во овој сончев Рај? Го видов Адам во илјада примероци, како и моите безбројни двојници наваму-натаму, блажени, дебели и глупави.
Раката сама ми се испружи, зеде еден плод и го принесе до мојата уста.
Лушпата крцна пријатно под забот, очекував сок, лесно месо. Немаше ништо. Само еден вид сосем тивко ветре кое ми се разлеа во устата, незабележлив мирис ми се вознесе низ ноздрите и ... очите ми се отворија.
Оф! Чудно ли и убаво нешто, да почнеш да мислиш! Треба да си живеел глупав за да го цениш тој миг, а тоа веќе никому не му се случува: кога ќе се сетам на прекрасната експлозија на интелигенција, не ми е жал за месеците поминати во имбецилност. Одеднаш бев исполнета со моќ на расудување, се` доби смисол, светлина се разли низ мојата душа и ми дојдоа солзи на очи: создавајќи не` нас, Тој ни` дал токму толку, колку што ни` беше неопходно за да преживееме, одвај малку повеќе отколку на животните. Знаевме инстинктивно дека гладот води кон јадење, а половата возбуда кон плодење, имавме и малку говор... и толку.
Станав свесна за размерите на моето незнаење. Не знам зошто го нарекуваат Дрво на знаењето: не научив ништо јадејќи од овошјето, но почнав да резонирам и - се налутив. Значи, Вечниот сакал од нас да направи идиоти? Деновите стануваа свежи, одевме накај зима, Тој ништо не ни кажа. Како ќе се заштитевме од студот? Требаше ли постојано да Го повикуваме на помош? Господе, се тресеме од ладно, а тој би ни доделил малку топлина? Моравме ли во секој миг да зависиме од Него, а потоа да го обожаваме поради Неговите добродетелства? Кое овошје ќе го јадевме кога ништо повеќе не ќе растеше на гранките? Господе, гладни сме, а тој би нашол нешто? Плодете се и множете се, рече, без да прецизира како, а јас не го поврзав мојот голем стомак со Неговата наредба, ниту со вргалањето на тревата, кои во почетокот толку ми се допаѓаа. Станав свесна за моето збунето мислење дека, од време на време, би се разбудила удвоена, уште една Ева до мене, која би почнала, и таа како мене, да се шета од север до југ, од водопадот до езерото. Си ја ставив раката на стомакот и го почувствував детето како мрдна. Бев видела овци како се ојагнуваат, разбрав дека и јас ќе направам исто. Како ќе го заштитам од студот детето кое, за разлика од јагнињата, несомнено нема да биде обвиткано со добра, природна волна, туку ќе биде голо како нас? Тие цицаа од вимињата на нивните мајки: но јас, што ќе му дадев? Добро видов дека јагнињата не почнуваа веднаш да пасат: овошјето кое не` хранеше, ќе му одговараше ли? Илјада прашања ме преплавија.
Адам мирно `рчеше. Не можев тоа да го поднесам, па зедов од Дрвото уште еден плод и внимателно му го ставив меѓу подотворените усни. Тој махинално загриза и скокнувајќи се исправи.
Гласот на разгневениот Вечен ја затресе земјата.
- Ја прекрши мојата наредба!
- Господе, јас ништо не направив, спиев, - рече мојот преплашен сопруг.
- Ти дадов моќ над жената! Ти си одговорен за нејзиниот престап!
Останатото е познато: ќе раѓаш во болки, ќе го заработуваш лебот со пот на челото и така натаму. Но, гледате, никаква змија. Ни трага од змија. Сама си го смислив престапот и долго се прашував, зошто подметнаа змија во приказната. Од кога се образував, си имам своја хипотеза: Адам морал да се почувствува понижен што се покажа помалку љубопитен од мене, па рашири меѓу децата лоши гласини, кои од мене направија слабо суштество неспособно да се контролира. А вистината е дека мене никој не ме предизвика, никој не ме заведе. Мојата сопствена љубопитност го победи стравот со кој Вечниот сакаше да ми ја наполни душата.
 
Би го објаснило твојот постанок

И твојот колега.

И на сите нас. Не се лути, не го измислив јас тоа, едноствано така си пишува во Библијата.

Адам и Ева се сексале и имале деца кои се сексале меѓусебно и настанала човечката раса. Ако не ти се допаѓа не ме обвинувај мене туку авторот на Библијата.

А би објаснило многу кога библиската бајка би била вистина. Војни, геноциди, ропство...................
 
Нити се лутам, нити пак имав намера со мојот коментар некого да налутам, туку напротив, целта ми беше да се насмееме :)
 
Шкорпион,во Библијата не се спомнува ниту Лилит,ниту таа Безименката што ја спомнуваш.Од каде ги извади овие информации?

27 Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.

28 И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!”

29 И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!

30 А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така.

31 И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден.

Битие 1

На почеток господ создава и маж и жена им дава налог да се множат им дава да владеат со животни да јадат растенија.... после доаѓа Адам и Ева

Нели Лилит е дел од еврејскиот фолклор? The parts that didn't make it in the bible.

Ја има и во Библијата, ама е многу ретко спомнувана, и мислам се користи друго име.
 
Ја има и во Библијата, ама е многу ретко спомнувана, и мислам се користи друго име.
тапа фраер ...

Точно - ја има ЛИЛИТ во Стариот Завет кај Исаија, Глава 34, Стих 14:

וּפָגְשׁוּ צִיִּים אֶת-אִיִּים, וְשָׂעִיר עַל-רֵעֵהוּ יִקְרָא; אַךְ-שָׁם הִרְגִּיעָה לִּילִית, וּמָצְאָה לָהּ מָנוֹחַ

Исаија: 34:14 Таму ќе се среќаваат дивите мачки со хиените, јарците ќе се повикуваат еден друг; таму ќе се одморува Лилит - ноќно привидение - наоѓајќи почивалиште.

А во еврејскиот фолклор ја има многу Лилит - како и Шекина... Тоа може да го најдете во Стариот Завет но е малку - задскриено. Евреи...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom