Храна за кучиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
14479754_1810687262548424_4861113078355007969_n.png

14368889_1807110559572761_4246642643344342474_n.jpg

Што мислите за овие две храни?
 
Јас користев за кутрињата а Оли порасна на неа, @AleksandarC. мислам дека уште користи само некоја друга линија. Генерално задоволна, не сум ги користела овие, али имаат по мене ок состав. Земи мала количина, даваат мислам помали пакувања и пробај ќе видиш.
 
Сума сумарум, ако човек ја разлиста цела тема, испаѓа дека најдобро е да си го храниш кучето со сирова храна. Нормално прво замрзната неколку недели.
 
Ме интересира дали некој го хранел кучето со barf храната шо ја продава Александар од Тетово и шо мислите ?
 
Ме интересира дали некој го хранел кучето со barf храната шо ја продава Александар од Тетово и шо мислите ?
Јас го хранев моето и мисла уште имам дома во замрзивач ама не е доволно добро балансирана, ко неухрането ми беше кучето , можам да проверам мислам имам уште 4 ако ги сакаш повели ке ти ги дадам бесплатно и така сакам да им ги дадам на уличниве кучиња во околинава
А баш имав големи очекувања ама нема доволно органи има само пилешко и зеленчук и овошје ништо друго и се ткажав
 
фала ти пошо сакав да пробам ,имам проблем со сувата храна,после одредено време секоја ја одјадува. го имам кучево веќе 8-9 месеци и уште се учам ,а има дигестивни проблеми пред еден месец беше оперирана имаше проблем со цревата па треба малце подобра храна да јаде навистина би ми дошле од помош било какви совети .
 
Moj sovet ti e dokolku bilo operirano da davas veterinarna linija na hrana soodvetna na tretmanot. Znam deka Royal i Farmina imaat izbor pa proveri.
 
Има ли некоја пристојна храна за 150-180 денари кило?
Ако ти е за возрасно куче имаш Naxos Performance е околу 160-170 денари кило и кај мене дава пристојни резултати на едното куче. Така што пробај со неа.
Другa коja бeше во тој ценовен ранг е Trainer исто пристојна храна
 
Фала, ми треба за да ја комбинирам со домашна храна, нема само тоа да јаде.

Sent from my A8 using Tapatalk
 
Сакав да напишам нешто околу цената на Orijen дехидратот и дали се исплати да купува човек од МК од оваа храна со оглед на фактот дека една вреќа од 13 кг, на пример Orijen Puppy, чини 6400 денари.

Многумина препорачуваат да се иде Грција или Бугарија или да се купи онлајн. Но еве ги пресметките.

  1. Цената на 13 кг вреќа Orijen Puppy на eBay e околу $85 што е веројатно најниска цена во светски рамки (ако успееш да најдеш продавач што испорачува во МК).

    Ако ја порачаш оттаму плаќаш ДДВ (18%) и царина (15%) бидејќи за секоја поштенска пратка што е над 45 евра се плаќа ДДВ и царина. Кога ќе ти стигне дома вреќата ќе чини околу $113, што преведено во денари со денешен курс (доларот е многу јак) изнесува околу 6600 денари.

    Финалната онлајн цена на 13кг Orijen Puppy во зависност од оригиналната цена ($80-$85) и курсот на доларот се движи од 6000 до 6600 денари.

    Оттука, јасно е дека е беспредметно да нарачуваш онлајн бидејќи истата цена ја имаш овде. Овдешната цена е иста но тоа е така бидејќи овдешниот продавач увезува на тон директно од производителот (со многу пониска цена) и има најверојатно маржа од 2000 денари по вреќа.

  2. Втората опција е да идеш во соседните држави и постои веројатност да најдеш пониска цена во некоја продавница што набавува ОГРОМНИ количини и држи пониска цена, но сигурно таа не може да биде многу пониска. Еве нека е 1000 денари пониска цена по вреќа. Ако се земе во предвид гориво, патарина, амортизација (сигурно 1000 денари вкупно и повеќе) и изгубено време, тогаш прашање е дали воопшто вреди да се оди на пат за една вреќа освен ако не земеш 5-10 вреќи од по 13 кг. но во тој случај минувањето на граница е дискутабилно без да платиш царина и ДДВ.

    Оттука, мислам дека и купувањето на релативно скап дехидрат од друга држава е исто така беспредметно.
Заклучок: Цената на Orijen во МК е реална и нема потреба од акробации со патувања или нарачувања по пошта за да се снабдите со овој дехидрат.
 
За наши стандарди не да е скап, прескап е. А дека вреди, да веруваме на светот. Но, за тие пари чисто месо ќе го храниш овде во Македонија(што не е ефтино пак во Америка на пример бидејќи сум зборувала со одгледувачи). Зборувам за квалитетно јунешко месо, не било што.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom