Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.383
ај за мене некој јас сум јарец со подзнак риби тој е бик
 
јас сум овен , тој е стрелец ... ај некој нека ми каже за оваа комбинација . Pleaseee
Филозофијата на зодијакот е благонаклонета кон знаците кои што го делат истиот елемент, во твојот случај оганот, и овенот и стелецот припаѓаат на истата група, што значи имаат одредени карактерни особини кои што излегуваат од истиот калап.
Жената Овен е енергична, со способност за лесно затрупување на минатото и прекинување на сите поранешни врски со истото, иако тоа на прв поглед ја прави површна, таа е далеку од тоа затоа што се што и се случува е резултат на големата активност и спремност на нови почетоци, Стрелецот од другата страна на паричката е знак кој што е познат по жарот и длабочината, тоа што жената Овен ќе му се види како страшно трдоглаво суштество ако не го одбие може силно да го привлече.
Бидејќи ја делите страста за акција и впуштање во адреналински предизвици ќе имате ако не долга, но сигурно интензивна и вистински интересна релација, Стрелецот може да го научи Овенот на малку трпение, а Овенот на Стрелецот да му вдахне желба за истражување дури поголема од таа која што самиот тој ја поседува.
Иако како Овен поседуваш голема доза на каприциозност, Стрелецот може да ја смири или доведе во ред со својата племенитост.Со малку повеќе труд, оваа врска може да има и иднина.
ај некој да ми каже како си одговарат лав и близнаци.Фала однапред :back:
Лавот и Близнаците се една од посовршените комбинации во зодијакот затоа што воздухот и оганот се совршениот склоп сам по себе, кога не би се изгореле меѓусебно за внимание и публика, ова може да биде плодно со тоа што ќе дојде до меѓусебно асимилирање на особините кои што ви се допаѓаат кај другиот.
Лавовите се достоинствени и горди луѓе, а Близнаците се познати по тоа што знаат да го одржат разговорт жив и интересен, со што и двајцата еден во друг ќе гледате добра претстава, интелектуална надградба и одличен секс.
Близнакот ќе допринесува во релацијата со својата минливост која што иако го нервира Лавот сепак е добредојдена кога има гнев или лутина во непосредна близина, бидејќи Лавот не знае или во друга алтернатива е тежок за простување.Кога Близнакот не би изневерувал, а Лавот не би го оставил за помоќна половина, ова е фантастичен склоп.
 
Нешто за бик,подзнак рак (ми викаат дека била најклета комбинација)?:uvo:

И комбинација јас бик,а тој близнаци?
 
Лејди Сатори фала многуууу :**** ... ај те молам и за другарка ми ако сакаш .. таа е стрелец а тој е рак ... thanks in advance :*
 
Нешто за бик,подзнак рак (ми викаат дека била најклета комбинација)?:uvo:

И комбинација јас бик,а тој близнаци?
Бик,види вака ти си ептен тврдоглава,по малце и досадна,си тераш по свое,а рак у подзнак ти ја смирува малце природата,те прави понежна,ама и ептен навредлива(ќе се навредиш ако некој те баци на лев наместо на десен образ),уште у месечина да бидеш шкорпија или водолија си го јадела,како и да е помалце си психо сигурно:helou::pipi:
И немој со близнаци да си имаш работа,по лицемерни,по трачари,по доминантни створења нема,се сакаат да е по нивно,ако не е по нивно,ќе ти ја учукаат една да знаеш за друг пат.
И сеа ти со твојата тврдоглавост и близнакот со својата доминантност може да заврши со лопата у нечија глава.Се надевам погодив,прилично сум реална,гледајќи дека си рак се надевам нема при срце да земеш.
Најди си стрелец,боље ќе ти биде.

lucy in the sky ај кажи ми како си одговараат шкорпија и водилија.
Водолијата ти е нешо ко прдеж у ветер,или е*би ветар(ко што би рекле бабите)за ништо не се замара,не љубомори,и еднаш сака,се друго е само пролазно(викаат машко со машко/женско со женско се преболува)тоа е нивното мото.Стварно неможам да ги опишам,чудни се и друштвени,се би дале за другар/ка.Имаат големо его,и прават се за никој да не им го испрља,а и не се вреѓаат за нишо.Уживаат у сексот,спремни се на се,и сакаат да експериментираат.
А шкорпија ти е еден од најљубоморните знаци,може да контролира,а воедно тоа многу добро да го сокрие,со насмевка која верувам дека само кај шкорпиите е најшармантна,што за водолијата претставува благодет,бидејќи тие си ја сакаат слободата и нејќат да поминат време со личност која ќе ги држи на ланец.Сакаат да издвојуваат пирови победи (да добијат што сакаат,па макар и највредното да го изгубат),со што понатаму стануваат посилни,и повнимателни,и кога ќе го најдат она што им се допаѓа не го пуштаат од рака.У глобала тоа е тоа.
 
ke moze da mi kazete jas sum strelec a masko lav ili za devica masko?! kako si odgovaraat i kakvi se karaktiristikite ?:) fawa
 
МОже некој да ми каже шо сум у подзнак???? ја сум Водолија 22.01.1989 вторник 1:45


негде мислам прочитав дека сум Лав у подзнак... :) ама..
 
aj ve molam ako moze za jarec(jas sum toa) i za devica(toj) pls
p.s. se izvinuvam za latinicava ama na preinstall mi bese kompjuterot
 
aj ve molam ako moze za jarec(jas sum toa) i za devica(toj) pls
p.s. se izvinuvam za latinicava ama na preinstall mi bese kompjuterot
Или ужасно добра или ужасно лоша комбинација...
Јарци напињаат за све живо а девиците трпат и тоа ужасно многу, се разбира на јарците им одговара...се додека не ја преминат онаа тенката граница која подоцна никогаш ама нагласувам никогаш нема враќање.
Затоа внимателно со желбите, идеите и глупостите девиците знаат да бидат супер но и ужасно ладни ако им прекурчи нешто.
 
a moze nekoj da mi kaze so kombinacija se devica (jas) i oven (toj)?
каде се најдовте?:nesvest:
Девицата е со длабоки емоции но истовремено најголем калкулатор од сите знаци во ова поле ,а овенот е брз и експлозивен
голема веројатност дека девицата ќе заврши изгорена или овенот изманипулиран и изневерен
Како и да е тешко се поклопуваат освен ако не си го знаеш подзнаекот негов и твој

za lav ljuboven horoskop?:)
Имаш у љ и с заведување според хороскоп сите можни детали
инаку најмногу си одговара со водлија и овена потоа стрелец и близнаци со вториве услов е да близнаците или стрелецот да бидат верни пошто лавот сака верност и посветеност
 
Може да ми кажете подзнак на ракот кој е?
Кој хороскопски знак највеќе му прилега како партнер на ракот?(првите 2 кои највеќе му прилегаат ако може:pipi:)
 
Може да ми кажете подзнак на ракот кој е?
Кој хороскопски знак највеќе му прилега како партнер на ракот?(првите 2 кои највеќе му прилегаат ако може:pipi:)
За да ти кажат тебе а и на сите кои ги интересира кој подзнак се треба уште податоци... како тоа кој ден си роден и во колку часот (барем приближно) :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom