Хомосексуалност (општо)

  • Креатор на темата Креатор на темата NightWish...
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.128
Не е добра. Не може да се дели човештвото, за едни друго, за вас ќе дефинираме трето. Не може ако сакаме вистинско разбирање на човештвото и ослободување. Толку е тешко да се прифати дека има геј луѓе кои не се воопшто ненормални или непријатели на едно општество?
Толку е тешко да се прифати да стапуваат во брак, да одгледаат дете, да го воспитуваат да биде човек, дел од тоа општество?
Зарем уште сме толку убедени дека бидејќи јас сум хетеро, по некоја чудна „природа во мене“ јас сум подобар од некој заради тоа што сака да води љубов со истиот пол?
НЕ оди тој муабет веќе...

Нема никакво ограничување во однос на хетеро за да не може да посвојуваат деца. Постојано бомбардирање дека геј луѓето се ненормални и неспособни не држи вода. Не дека ти велиш така, туку читајќи ја дискусијата.
Точно. И хетеро парови не добиваат шанса за да посвојат дете ако комисија одлучи дека не се способни. Тоа треба да важи и за геј паровите.
Тоа е тоа. Не да бидат едните повластени во однос на другите.

Целиот наставен процес во Македонија е ужас. Од 2008ма е во постојан пад и реално децата се неуки! Треба да се прекине се и да се редефинира се од почеток... со квалитетни, надполитички дискусии од страна на професионални индивидуи кои се компетентни за сето тоа! И да се изгради здрав систем, каде што децата ќе учат за се... да разбираат се, да имаат знаење од се.
Да не ги чуваме во стаклено ѕвоно па потоа, фрустрации и проблеми кога ќе бидат официјално сами во светот.
Може да се направи изборен предмет едно сексуално образование. Ако родителот е премногу конзервативен, не мора детето да слуша таков предмет, дома ќе му кажат што е што, најмал проблем.

Ако не дома, интернетот и светот ќе го подучу малку подоцна.

Дали дете од 13 години треба да има сексуално образование... дискутабилно, јас би рекол да (зависи што и како ќе се предава, како што велиш ти од подрум изнапишано колку да го има, не е ок), нормално - мнозинството ќе каже - ма не рано е, втора година средно е таман :)
Или нема што да знае дека има геј луѓе... ок ајде ќе криеме, нема геј луѓе, тоа е лудост измислена од ... некој.
Повторно ги игнорираш прашањата. Значи твоите ограничувања се во ред, а ограничувањата на другите не.

Интерес во општеството за тоа кој што прави во својот кревет треба да се појави само ако се крши некоја норма. Така никој не го интересира сексот меѓу хомосите.

Не треба да има сексуално образование. Тоа се учи по биологија. Се учи основата, а не перверзиите кои ги прочитавме неколку страни наназад. :)

Децата припаѓаат помеѓу 2 различни родители. Деца посвојување не може да има. За твоја жал, сите во општеството се прашуваат за сѐ. :)
Никогаш не сум пишувал на инфериозноста на жената, ама пишувам за двојните стандарди на феминизмот. Феминизмот е движење и како и секое движење е подложно на критика. Ги имаш моите ставови на соодветната тема и можеме таму.

Моите прашања беа кон твојот потпис. Либералната идеологија има двојни аршини. Така секој неистомисленик добива цензура. Тоа е суштествен проблем.

Инаку на форумов, најдобро стојам со либералите. ;)
 
Хендикеп... wow. Најголем хендикеп на човештвото е кратење на правата на другиот како човек.
Хетеро и геј кои сакаат да посвојат дете, не се борат да „украдат“ дете од хетеро - туку дете оставено во дом, да му дадат шанса да има семејство, да се чувстува сакано итн итн... да не се потсетуваме на тоа.
Другото ми е многу полно со омраза да го читам.
Не вреди да го коментирам.
 
Либералната идеологија има двојни аршини. Така секој неистомисленик добива цензура. Тоа е суштествен проблем.

Инаку на форумов, најдобро стојам со либералите. ;)

Еве да речиме дека јас сум радикална Левица. Каде тоа јас те условив на цензура? Напротив те охрабрив, не само 24/7 туку ако е можно и 48/14 (негде на друга планета треба да е можно и ова) да се бавиш со што тоа се случува во креветот на двајца мажи/две жени. И дали тоа е нормално или не. Јас не сакам. Не е моја работа. Можи така?
 
Еве да речиме дека јас сум радикална Левица. Каде тоа јас те условив на цензура? Напротив те охрабрив, не само 24/7 туку ако е можно и 48/14 да се бавиш со што тоа се случува во креветот на двајца мажи/две жени. И дали тоа е нормално или не. Јас не сакам. Не е моја работа. Можи така?
Ајде од почеток. Не ме интересира кој со кого спие додека не се крши некоја норма. Фер?

Секоја реплика ја сфаќаш лично, а мислам дека имавме некаков прогрес ПП. Ок. :)
 
Кои се моите ограничувања? :)

Јас немам ограничувања во однос на геј луѓето и сексуално образование, затоа велам да има сексуално образование. Да се учат 12-13 годишни дека има геј луѓе, да се учат што е што... реков да не е без врска изнапишано колку да се има нешто.
Кога ќе удри пубертет да не забегуваат и да посегнуваат по својот живот или да се кријат од хетеро бидејќи како што читам за хетеро, геј луѓето имаат хендикеп...

Пак ти, не може ова не може она, детето припаѓало на два „различни“ родители ... па секако штом се два, различни личности се.
Посвојување сега нема, јас ти велам дека ќе има, за тоа се расправаме и се бориме тука, да покажеме дека не се ништо полоши од хетеро... ти, како сакаш.
Иако не разбирам зошто ти смета сето тоа...
И ти си со ставот дека геј луѓето нема да воспитуваат дете добро, дека тоа дете ќе биде геј по дифолт? Не ве разбирам навистгина... да не сакате другиот да биде исто како вас и да го сметате како нешто, погрешно, непотребно, небитно...

Секогаш победува страната која бара слобода, посебно во овие случаи кога геј луѓето не се ништо полоши од тебе... подобри се од @bijons и нејзиното намерно хендикепирање на геј луѓето.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ајде од почеток. Не ме интересира кој со кого спие додека не се крши некоја норма. Фер?

Секоја реплика ја сфаќаш лично, а мислам дека имавме некаков прогрес ПП. Ок. :)
Јас во иницијалниот пост напишав дека многу конзервативни луѓе имаат тенденција својата фрустрација да ја лечат преку истурање на другите - оние кои тие ги сметаат за инфериорни, така им е полесно. Така се чуствуваат подобро во врска со себе. Тоа беше целта на мојот прв пост. А не тоа што се случувало во судовите на Америка.
Да бидам уште појасен - замисли јас за мојата тежина во животот да им се изживувам на други луѓе. Замисли сите да тргниме да го правиме тоа, ама така активно како што тоа го правеше другаров? Кај ќе ни е крајот.
 
Кои се моите ограничувања? :)

Јас немам ограничувања во однос на геј луѓето и сексуално образование, затоа велам да има сексуално образование. Да се учат 12-13 годишни дека има геј луѓе, да се учат што е што... реков да не е без врска изнапишано колку да се има нешто.
Кога ќе удри пубертет да не забегуваат и да посегнуваат по својот живот или да се кријат од хетеро бидејќи како што читам за хетеро, геј луѓето имаат хендикеп...

Пак ти, не може ова не може она, детето припаѓало на два „различни“ родители ... па секако штом се два, различни личности се.
Посвојување сега нема, јас ти велам дека ќе има... ти, како сакаш. Иако не разбирам зошто ти смета сето тоа...
И ти си со ставот дека геј луѓето нема да воспитуваат дете добро, дека тоа дете ќе биде геј по дифолт? Не ве разбирам навистгина... да не сакате другиот да биде исто како вас и да го сметате како нешто, погрешно, непотребно, небитно...

Секогаш победува страната која бара слобода, посебно во овие случаи кога геј луѓето не се ништо полоши од тебе... подобри се од @bijons и нејзиното намерно хендикепирање на геј луѓето.
Имаш ограничувања околу полигамијата и инцестот. Сакаш да почнам да редам прашања и да одам до крајност за палење и бесење како што правиш ти?

Зошто децата треба да ги знаат сите тие глупости? Има репродукција по биологија и тука завршува сѐ.

Да, децата припаѓаат меѓу 2ца различни родители, а не во монородителски заедници. Тука фигурата на родител е една. И повторно, се прашува мнозинство. Да, еден ден, може и ќе станете мнозинство.
Која норма се крши?
Зборувам општо за нормите на нашиот правен поредок (педофилија, инцест, силување...). Во спротивно никој не се ни интересира кој што прави во креветот. Никој.
Јас во иницијалниот пост напишав дека многу конзервативни луѓе имаат тенденција својата фрустрација да ја лечат преку истурање на другите - оние кои тие ги сметаат за инфериорни, така им е полесно. Така се чуствуваат подобро во врска со себе. Тоа беше целта на мојот прв пост. А не тоа што се случувало во судовите на Америка.
Да бидам уште појасен - замисли јас за мојата тежина во животот да им се изживувам на други луѓе. Замисли сите да тргниме да го правиме тоа, ама така активно како што тоа го правеше другаров? Кај ќе ни е крајот.
Се сложувам, но инфериорноста во САД е политички феномен. Така нападот на друга држава се смета за нормална појава каде се бранат одредени вредности! Така 500.000 дечиња починаа во Ирак и никој за тоа не одговараше.

Но тоа не значи дека секој мора да биде прифатен во општество. Како ќе го натераш општеството да те прифати? И зошто мора да те прифати? Зборувам генерално, не мора да е поврзано со темава. :)
 
Зборувам општо за нормите на нашиот правен поредок (педофилија, инцест, силување...). Во спротивно никој не се ни интересира кој што прави во креветот. Никој.
Темата е хомосексуалност а не педофилија инцест и силување. Ниту една норма не ти се крши ако геј луѓето бидат опфатени со законот за брак и посвојување деца. :)
Се ќе е во ред.
Напишав зошто треба да знаат - бидејќи стакленото ѕвоно пука со татнеж и ќе имаш лудости во иднина! Затоа..

П.С. Немам ништо против полигамија, нормално ако сите се сложуваат околу сето тоа. Инцест е многу поврзано со „крвта“, а крвта е битна работа.
И сето ова е многу далеку од геј луѓето и нивните права да бидат исти како твоите - бидејќи и ти и јас сме исто толку болни колку и тие, во однос на семејство и деца! Нели? :)
Постојано се обидувате да ги израмните равенките за да прикажете како и геј и се останато е исто ако не е хетеро... а реално инцест и полигамија има најмногу помеѓу хетеро или погрешна ми е статистиката?
 
Последно уредено:
Темата е хомосексуалност а не педофилија инцест и силување. Ниту една норма не ти се крши ако геј луѓето бидат опфатени со законот за брак и посвојување деца. :)
Се ќе е во ред.
Спинуваш. Ај пак. Никој не го интересира кој што прави во својот кревет се додека не крши некоја норма. Биле педери, лезбејки, хетеро, би...

Да, имаш ограничувања. ;)

Може да се согласиме дека не се согласуваме? За ова веќе имаме 3-4 пати дебатирано, а сакам малку и да читнам нешто. Времево е убаво за читање.
 
Ти спинуваш. Ниту една норма твоја нема да биде скршена ако геј луѓето ги опфати твојот закон за брак, семејство и посвојување деца. Едноставно ти се гадиш од геј луѓето и тоа за тебе е глупост, само за разлика од други не го зборуваш отворено сето тоа.

Тешко е да прифатиш дека нема да се скрши ниту една норма што ја наброја?
Тешко е, знам :)

И како ти ќе знаеш дали некој во својот кревет ги крши твоите норми? ;)

П.С. Паметно, може да се читне нешто :)
 
Целиот наставен процес во Македонија е ужас. Од 2008ма е во постојан пад и реално децата се неуки! Треба да се прекине се и да се редефинира се од почеток... со квалитетни, надполитички дискусии од страна на професионални индивидуи кои се компетентни за сето тоа! И да се изгради здрав систем, каде што децата ќе учат за се... да разбираат се, да имаат знаење од се.
Да не ги чуваме во стаклено ѕвоно па потоа, фрустрации и проблеми кога ќе бидат официјално сами во светот.
... не се сложувам, децата си имаат определана возраст ШТО да учат и КОГА да учат за да знаат све, знаењето иде и со ВОЗРАСТА и со ИСКУСТВОТО, а не само сувопарно читање, се учи цел живот, па дури и ти и јас не знаеме све, па макар било тоа онака од општа култура!

ice_screenshot_20210710-181947.jpegE1I4DmMXoAYnZg3.jpg

...наставниот процес во МКД таман си беше се додека не почна да се меша со сета сила политиката, сегашен пример (не дека другите биле цвеќиња), Царовска со шкљ школо и шкљ искуство во образование, прави радикални промени во самото образование на ниво на државата, зошто таква и е политичката агенда, не очекувај ништо од образованието, а најмалку децата нешто да научат се додека политиката е во образованието!

roditel-1-i-roditel-2.jpg unnamed.jpg

...поранешните генерации потрошиле стотина листови цртајќи и пишувајќи букви и бројки, сега само со гледање во монитор, све неписмено една буква не знаат правилно да ја напишат, зошто? е па овој е внук е на таа директорка, ова ќерка на тој политичар,
...слушај ги само градоначалниците на ТВ како зборуваат, на ништо не личат јас би ги испратила сите во бачило, па прашање дали и таму им е местото, се кријам да не ги слушам - брука само каков однос имаат ниту образовани ниту воспитани, а градоначалници затоа отиде у мајќина МКД какви татковци такви и градови!
... а ти сакаш децата да знаат све, таман работа на несоодветна возраст да им кажуваш за истородово сексање и хомосексуалноста, да им кажеш за родител 1 и родител 2 во прво одделение ...ај што те гледам неискусен!
 
Последно уредено:
све неписмено една буква не знаат правилно да ја напишат
Рече членката што со секој пост крши по 2-3 правописни правила.
Автоматски споено мислење:

све неписмено една буква не знаат правилно да ја напишат
Рече членката што со секој пост крши по 2-3 правописни правила.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom