Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Повторно ги игнорираш прашањата. Значи твоите ограничувања се во ред, а ограничувањата на другите не.Не е добра. Не може да се дели човештвото, за едни друго, за вас ќе дефинираме трето. Не може ако сакаме вистинско разбирање на човештвото и ослободување. Толку е тешко да се прифати дека има геј луѓе кои не се воопшто ненормални или непријатели на едно општество?
Толку е тешко да се прифати да стапуваат во брак, да одгледаат дете, да го воспитуваат да биде човек, дел од тоа општество?
Зарем уште сме толку убедени дека бидејќи јас сум хетеро, по некоја чудна „природа во мене“ јас сум подобар од некој заради тоа што сака да води љубов со истиот пол?
НЕ оди тој муабет веќе...
Нема никакво ограничување во однос на хетеро за да не може да посвојуваат деца. Постојано бомбардирање дека геј луѓето се ненормални и неспособни не држи вода. Не дека ти велиш така, туку читајќи ја дискусијата.
Точно. И хетеро парови не добиваат шанса за да посвојат дете ако комисија одлучи дека не се способни. Тоа треба да важи и за геј паровите.
Тоа е тоа. Не да бидат едните повластени во однос на другите.
Целиот наставен процес во Македонија е ужас. Од 2008ма е во постојан пад и реално децата се неуки! Треба да се прекине се и да се редефинира се од почеток... со квалитетни, надполитички дискусии од страна на професионални индивидуи кои се компетентни за сето тоа! И да се изгради здрав систем, каде што децата ќе учат за се... да разбираат се, да имаат знаење од се.
Да не ги чуваме во стаклено ѕвоно па потоа, фрустрации и проблеми кога ќе бидат официјално сами во светот.
Може да се направи изборен предмет едно сексуално образование. Ако родителот е премногу конзервативен, не мора детето да слуша таков предмет, дома ќе му кажат што е што, најмал проблем.
Ако не дома, интернетот и светот ќе го подучу малку подоцна.
Дали дете од 13 години треба да има сексуално образование... дискутабилно, јас би рекол да (зависи што и како ќе се предава, како што велиш ти од подрум изнапишано колку да го има, не е ок), нормално - мнозинството ќе каже - ма не рано е, втора година средно е таман
Или нема што да знае дека има геј луѓе... ок ајде ќе криеме, нема геј луѓе, тоа е лудост измислена од ... некој.
Интерес во општеството за тоа кој што прави во својот кревет треба да се појави само ако се крши некоја норма. Така никој не го интересира сексот меѓу хомосите.
Не треба да има сексуално образование. Тоа се учи по биологија. Се учи основата, а не перверзиите кои ги прочитавме неколку страни наназад.

Децата припаѓаат помеѓу 2 различни родители. Деца посвојување не може да има. За твоја жал, сите во општеството се прашуваат за сѐ.

Никогаш не сум пишувал на инфериозноста на жената, ама пишувам за двојните стандарди на феминизмот. Феминизмот е движење и како и секое движење е подложно на критика. Ги имаш моите ставови на соодветната тема и можеме таму.бла бла
Моите прашања беа кон твојот потпис. Либералната идеологија има двојни аршини. Така секој неистомисленик добива цензура. Тоа е суштествен проблем.
Инаку на форумов, најдобро стојам со либералите.
