Иам друг проблем, не можам да поминувам низ истата низа од настани по втор пут дури и ако тоа се само 60% исти настани, а другото различно дури и книгата да е билион пути боље од серијата што несомнено е факт кој е лудо да се оспорува. За „А Song of Ice and Fire“, пошто знам што се дешава и у книгата, ми се губи елементот на изненадување ако фатам да ја читам што на мене лично ми е битно.
Те разбирам, ама пак ќе повторам - се работи за ремек дело. Еден е Мартин. Секој што сака да чита, посебно овој жанр, а се лишува од
А Song of Ice and Fire, како да се самопогодува во стопалото со револвер од голем калибар.
Сериозно, батали ја серијата и почекај неколку години - ќе позаборавиш на случувањата. Таман ќе имаш време да ги прочиташ другите добри книги од овој жанр. Потоа после доволно време, почни си ја
А Song of Ice and Fire. Случувањата што Мартин ќе ти ги илустрира во главата - толку се различни од тие во серијата, што секако ќе уживаш во читањето без да се замараш дека отприлика си го знаел главниот тек на случувањата.
Најпосле последната книга сеуште не е завршена - плус кој вели дека Мартин ќе остане на тоа дека таа ќе биде
последна?

[DOUBLEPOST=1455182739][/DOUBLEPOST]
YA fantasy е огромен и најпопуларен суб-жанр во моментов, одма после urban fantasy. И да, голем број луѓе пишуваат во тој жанр, сакаат да фатат некоја пара
Штета, пошто изгледа често некои добри идеи завршуваат заебани кога авторите ќе почнат да ги форсираат работите од тинејџерски аспект.
Предупредуваа на вакво нешто на некои сајтови, но пред некоја недела и сам лично се уверив во ова - кога почнав да ја читам
(слушам всушност) 5th Wave од Rick Yancey. Страшно добра идеја за (пост)апокалиптично дејствие, добро пишување, се супер, ама кога авторот почнува да форсира тин моменти како
заљубување, љубоФ, итн, едноставно ја усерува работата. Штета, пошто човекот очигледно знае убаво да пишува, добра му е идејата - но згрешил во одлуката да иде на
young adult целна публика. Книгава секако ќе била хит, дури и поголем, без тинејџерските страња.
Инаку веќе некое време најавуваат филм екранизација на книгата во Синеплекс, трејлерот изгледаше добро ама оценките велат дека е
тешко страње.
Интересен е муабетов, само не знам дали сметаме со офтопик - ако е така можеби модераторот би можел да предложи некоја посоодветна тема, и да ги префрли таму деловите што не се однесуваат стриктно за херојска фантастика.